Исто сум знаел да имам проблеми при патување, најчесто со автобус и затоа не го обожавам како превозно средство. Таблетите помагаат итекако. Но, ова не е доволно да го поколеба мојот авантуристички дух за патување, откривање на нови места и сопствено продуховување. Можам да кажам дека патувам доста на поблиски релации, најомилени ми се оние со воз или автомобил/мотор. Обожавам да возам, па не ми е проблем да бидам зад волан, ме релаксира. Оние авионските се поретки поради недоволен буџет, но во иднина ќе бидат побројни. Веќе си имам план за 2020 година каде се би сакал да отидам и што да посетам, па уште од сега се спремам и штедам за она што набрзо ќе ме очекува. Кога имаш особа покрај тебе која е авантуристички наклонета и обожава патување (посебно во природа) како тебе, и цел свет изгледа мал. Од друга страна пак кога сум потполно сам, сеуште немам храброст да се решам на соло патување. Им се восхитувам на сите они кои го направиле тој чекор. Teach me masters!
Навистина многу сакам да патувам.Да одам на разни места и да ја доловам нивната култура.Да ги испробам јадењата кои тие таму ги јадат.Да се прошетам.Пред секое патување сум многуууу возбудена.Многу обожавам и не спијам цела вечер.Немам никакви маки за време на патување и единствен проблем ми се времето и парите.Кога во иднина ќе имам повеќе пари би сакала уште многу места да посетам.
Дали сакам патувања? Да, премногу но со погодено друштво. Не со мрчатори кои се нешто им смета па ќе ти расипат расположение. Имам патувано и сама и тоа ми беше најдоброто искуство. Стигнуваш во непознат крај и почнуваш да истражуваш.
За мене патувањето е незаборавно искуство. Обожавам да патувам и кога знам дека ми е резервирано за негде се радувам како некое дете, па гледам влогс на YouTube, барам слики како да се сликам, со еден збор замарам многу Да можам да патувам цело време негде дома нема да се приберам никогаш Сакам да го истражувам местото каде што сум, да сликам, уживам
Секое патување за мене си има своја убавина. Обожавам да патувам, баш тогаш ич не сум под стрес и сум максимално опуштена. Дури и сите тие непланирани ситуации и некоја неудобност заради непланирано и непознато ми е некое ново искуство и за време на патувања не ми смета. Иако сум човек што сака се да му е познато и ме нервира нарушување на рутината и непознати и нови работи за време на патувања баш ми се допаѓа тоа што не знам што да очекувам и што првпат нешто гледам на пример.
Со автобус долги патувања ми се мачни. На екскурзија во средно ми дојде преку глава одењето со автобус. Сакам да патувам, со авионски летови немам проблем. Не секаде ми е убаво, пребирам каде ќе одам. Имам патувања што ми се кошмар, патувања што ми се незаборавен спомен.