1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пауза!

Дискусија во 'Врски' започната од Redgirll, 8 август 2010.

  1. Redgirll

    Redgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Епа вака ајде да слушнам мислење од вас како треба да се однесуваме кога сме на пауза од врската, а не дека ние сакам пауза туку тој другиот ? позз и фала
     
  2. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Редгирл како мислиш пауза на врската ?
    сакаш да кажеш дека едниот партнер сака на некое време да не се гледаат ?
    ти ли го имаш тој проблем ?
    ако ти го имаш напиши поубаво раскажи за да сватиме и можеме да ти помогнеме :!:
     
  3. Redgirll

    Redgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    епа вака ако партнерот значи еднио речи сакам пауза што се подразбира конкретно под пауза да немаат никаков контакт да се гледаат со други или едноставно да оладат двата еден од друг сакам да слушнам мислења за тоа што мислите вие како да се однесувате во пауза спрема него?
     
  4. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Многу пати во врската на лутината сум посакала пауза.Потоа кога ќе размислев се прашував што ми е , дали со тоа ќе постапам правилно?
    Смета дека ако некого сакаш не треба да го изложуваш на пауза-паузата е како казна.Но утре друг ден ти си во брак со него..тогаш исто кога ќе ти текне ќе бидеш во пауза ? Кај нас во маалото дечко и девојка одеа 6 години и живееа дури и заедно.На женска му и текнало пауза да направат на 2 недели.И нормално дечково мн се разочарал.Поминаа двете недели и девојката му се јави него за да си ја продолжат врската ,но тогаш тој ја одби .Значи да одиш со некого 6 години,заедно да живеете и пауза?-не фала ...Подобро да ми се скара одколку да ми рече пауза
     
    На plavi-oci му/ѝ се допаѓа ова.
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас до сега никогаш не сум стиснала PAUSE . Тоа ми е чудно.
    Што значи паузата: не сакам да те гледам две недели, или : овие две недели ке се понашам како сингл :^)
     
  6. Redgirll

    Redgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Епа и мене не ми е логично то со паузата...:\
     
  7. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Се согласувам ирена ..
    Не може туку така да кажеш сака пауза па после да си ја продолжиме врската :x :!:
    па ирена и тоа и тоа значи .. као демек сеа сакам на некое време да не се гледаме а после ке продолжиме заедно ко да ништо не се случило :fubar: .. е не може така .. барем тоа е моето мислење
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Пауза за мене е исто што и крај само малце во поблага варијанта кажано. Ми се има случено, но никој пат не поверував во тој збор.
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Redgirll

    Redgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ама се беше ок во врската се дур не се вративме од на одмор таму требаше да имаме секс, а тоа не се деси и по се изгледаше дека ме сваќа и самиот рече така но последните денови од одморот почна чудно да се однесува беше ладен и сега сака пауза, а во врска сме веќе 9 месеци
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    И јас бев во врска 5 месеци, секој ден велеше се е супер, и одеднаш посака пауза......не ме сваќај погрешно јас ти го кажувам моето мислење.
     
  11. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Имам 3 ипол годишна врска и досега сме имале 2-3 паузи што не траеле подолго од неколку дена. Паузата е добредојдена кога врската преминува во следна фаза, кога веќе станува сериозна па тоа малку не заплашува, или кога не знаеме дали чувствуваме љубов кон партнерот или нешто друго. Не го сфаќам тоа како раскинување на врската или како чиста глупост, туку едноставно секој има потреба да си ги среди чувствата и кај мене и дечко ми добро влијаеле тие паузи. Не се гледавме неколку дена, едноставно имавме време да размислиме за тоа што ни се случува во врската, да си ги преиспитаме чувствата и да знаеме на што сме. Паузата не значи дека веќе сте сингл и треба да се швалерисувате наоколу, туку едноставно си барате време за себе. Некои парови раскинуваат по паузата, на некои им се подобрува врската, а ете кај мене имаше позитивен резултат.
     
    На buba4e89 и Oscar Lady им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Паузата во една врска според мене е еден вид раскинување,а паузата е само изговор за раскинување.Едноставно е како може во една врска да се прават паузи,тогаш зошто воопшто се почнува една врска,за паузи? Излегува дека не си сигурен/на дали сакаш да бидеш со некого во врска,доколку веќе не оди врската,тогаш најдобро е да се раскине,а не да се прават паузи,а ако веќе се прават паузи,може да дојде до промени на врската кои ќе резултираат понекогаш и со дефинитивно раскинување.Кога се размислува за паузи,треба отворено да се разговара за значењето на паузата,а ако веќе има избегнување на одговорот заменет со изговор за паузата,тогаш уште на почетокот се гледа и е сосема доволно јасно која е целта на паузата.
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^Истото го мислев Гордана, паузата ми симулира крај на врската, демек ај да не се повредиме ќе пробаме разделени :?: Хммм, полесен начин за да се каже не те сакам повеќе. Според мене така!
     
  14. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    И јас тоа исто го сваќам,досега ми се нема случено да правам пауза во врската се надевам и дека нема да се случи.Можеби е потешко да се каже зборот крај па затоа пауза,барем јас така мислам.
    Нешто не ми е јасно како е за време додека трае т.н. пауза, дали се муват и излават со други, дали ако си најдам подобар тоа значи крај или едноставно само не се гледаат.
    Јас искрено кога дечко ми би ми рекол да правеме пауза не би прифатила,сакам да сум на чисто или одиме или не,а пауза и слични такви работи не доагат во предвид.
     
  15. Aleksandrapink

    Aleksandrapink Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пауза заради секс мажи :lol: .....Пушти го нека олади ако се врати твој е ако не никогаш и не бил... :)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    И јас му побарав пауза еднаш. Т.е тоа беше раскинување, ама ко демек постојат шанси да се смириме, да видам како ќе ми биде со текот на времето. Мислам дека каква ќе биде паузата зависи од партнерите. На пример може да биде со договор да не излегуваат со други луѓе, туку само им треба некое време да бидат сами со себе.
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Пауза = крај, според мене. :|
     
  18. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Се сложувам со тебе!Ми беше потребно еден период да си ги средам чувствата и мислите и имаше позитивен резултат.Но во таа пауза само не се гледавме за повеќе да си недостигаме.Инаку се слушавме нон стоп си пишевме,а да биде изговор да одиме со други НЕ НИКАКО!
     
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Не знам , не можам да си го дефинирам поимот пауза . Или идеме или не , трето кај мене нема .
     
    На Enzo26 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Redgirll

    Redgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    По се излезе дека сепак значи крај :D