Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пауза!

Дискусија во 'Врски' започната од Redgirll, 8 август 2010.

  1. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    510
    И јас се согласувам со вас двете, бидејќи и мене ми се има случено и испаднало добро. :)

    Тогаш, биди среќна што на одмор сте немале односи... :)
     
  2. Redgirll

    Redgirll Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Е да така е :D
     
  3. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    2.964
    Не знам зошто паузата ја сфакате како крај...понекогаш може да значи и тоа,но да се разбереме има паузи и паузи...значи не значат сите паузи дека имаме потреба да излегуваме со други,да муваме некој,да си го смениме партнерот или дека ни е преку глава од него...понекогаш секој од нас мора да си ги среди чувствата,посебно во долги врски доаѓаме во ситуација да се запрашаме што чувствуваме за нашиот партнер-навика,љубов...значи пауза во ваков случај е сосема оправдана,па живи луѓе сме,сите доаѓаме во ситуација да не сме сигурни во нашите чувства,не е ова некој филм,нели?Паузата може да влијае многу позитивно на вашата врска,мораш да го прашаш зошто му е потребна таа пауза,ако биде искрен за причината,веќе ке знаеш кој тип на пауза е-пауза за раскинување или ПАУЗА...ако се работи за пауза за средување на чувства ке се договорите како ке функционирате кога нема да бидете заедно и ке се држите до тоа...јас и дечко ми имаме направено пауза 2-3 пати по 2-3 дена и многу позитивно влијаеше тоа на нашата врска
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Точно....јас овој период повторно имав несреди мисли и чувства и добро ми дојде тоа што сосем случајно излезе да не се гледаме овие денови и беа добредојдени.Си ги средив чувствата и знам дека го сакам.Не верувам дека некои немаат вакви периоди.Сите ги имаат!
     
  5. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370

    се согласувам со вас ... и мене добро знае некогаш да ми дојде да не се глеаме па не значи дека веке не го сакам... едноставно да се средам малце зашто некогаш ми иде вратчето да му го свиткам.. како денеска ...
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Јас еднаш побарав пауза и веќе не се вративме заедно! Ах ама да знаеш како сега ми треба една пауза... :whew: :whew:
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Хах, пауза.
    Сра*е.
    Ништо повеќе.
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  8. decko

    decko Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    60
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Пауза... Или ќе биде поубаво од претходно или ќе е крај! Трето нема! :D
     
    На Komplicirana2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    200
    Пауза? Од што пауза?! Па ако треба да сум сама за да си ги средам чувствата и мислите, тогаш би раскинала!
    Нормално дека секоја врска има и падови, ама како што заедно сме паднале, така и заедно ќе станеме :D
     
    На Podarok и lebarka им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Пауза од ден-два-три да не се гледаме според мене е ок, дури е и пожелна од време на време. Секој да си има време за себе, за своите обврски, за пријателите и семејството.

    Ама, под таа пауза не подразбирам дека во тој период може да се однесува како да нема девојка. Туку, едноставно тоа да ни биде квалитетно поминато време одвоени. :)
     
  12. Ger23

    Ger23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    12
    во животот еднаш имав пауза и послем се сведи на раскинување....Чуден тип тоа паузирањето :lol:
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    ние со дечко ми имаме направено пауза и траеше една недела :lol: и некако ни ја зацврсти врската, бевме посвежи едноставно.
    тоа за мене претставува период кога всушност сфаќаш колку ти значи тој/таа, дека не е исто кога си сингл. иако :!: не се согласувам да се прават често овие паузи... затоа што може да дојде до крај на врската.

    во некои моменти е подобро да се паузираш отколку да пропадне врската :!:
    со тоа ти всушност ја спасуваш самата врска, се одмарате еден од друг.... и продолжувате како нови понатаму, како пресно заљубени :angel:
     
    На buba4e89 и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Под пауза подразбирам нешто добро. Не да шантра наоколу и да се однесува како да е без девојка, туку стабилизирање на врската, зацврстување на чувствата. Поранешниот дечко не сакаше, тоа беше една од причините што раскинавме. Сега сме на место кога ни здраво не си кажуваме, само ќе се погледнеме, некогаш и тоа го нема. Тој со други, јас со друг.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. katerina777

    katerina777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    незнам јас па ич не го разбирам ова со паузава и никогаш не би се согласила на пауза.јас знам што сакам сигурна сум во моите чувства и така треба да биде и од страната на партнерот.паузата нема да ми реши никаков проблем.
     
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    За мене паузата е понеболен начин на раскинување! Добро, а додека сте на пауза не се гледате, не се слушате, ти излегуваш се шемаш, тој излегува???? Некако не го многу добро разбирам зборот пауза за време на врска.
     
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Според мене, пауза значи дека нешто не штима...
    Е дали ќе испадне добро после паузата или лошо, зависи од тоа што не штимало...
     
  18. bla20

    bla20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    Jas licno na pauzata gledam pozitivno. Kako sto pisale povekje devojki toa e ubav nacin malce da se odmorite eden od drug so partnerot osobeno vo dolga vrska. Megjutoa ne prifakjam pauzi vo koi ti treba da brkas drugi deckovci i on devojki NAPROTIV. ednostavno ne se slusate, ne izleguvate zaedno nekoe vreme. vo poslednava vrska sum pobarala pauza 2-3 pati no decko mi e protiv, za nego toa nemalo smisla ili e kraj ili ne e :devil: ne znam mislam deka da se soglasel mn poubava ke bila vrskava. ne deka koga ke me me prifatat sama ne si pravam pauzi :?: ama...
     
  19. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Постојат ситуации каде после пауза пак врскава си делува нормално дури и повеќе се зближуваат, ама сметам дека во поголем дел од случаите,а и според моево искуство после пауза многу потешко функциониа врската, многу работи се оладени и се чувствува некоја напнатост... и после веќе не е тоа тоа... убаво е да се разделиш некогаш од партнерот доколку не си сигурен во своите чувства но самиот чин пауза некако го навредува другиот.Еднаш сакав пауза со мојот тогашен дечко после неколку месеци од врската.И ај што не ме сфати како што треба ама кога се видовме после тоа (едвај) сфатив дека него паузата му одговарала повеќе од мене, што значи после тоа смирување тешко. во секој случај ризик е :)
     
  20. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Колку може да биде полезна паузата за една врска зависи од тоа кој за што бара пауза и како ќе си ја искористи таа пауза! Ако некој побара пауза за да се смува со друг тогаш се разбира дека неефикасно е тоа паузирање на врската! 8)

    Но, без залажување, скоро секоја подолга врска поминува низ кризен период кој полесно се надминува со пауза, одмор еден од друг, кратка разделба-или како сакате именувајте го вие тој период кога дечкото/девојката одлучуваат да скренат внимание настарна од партнерот!
    Што треба да се стори во долга врска која минува низ период во кој се чувствува несигурност, напнатост, презаситеност??? Оние кои се веќе во долга врска знаат дека долгите врски не се прекинуваат лесно, и баш од тие причини кога партнерите имаат потреба од средување на чувства, надминување на кризата во врската ја постигнуваат со т.н пауза!

    Од овде натаму кој како сака си го дешифрира зборот, но кај мене истиот збор значи свесно одделување од партнерот со цел да му се даде и нему и мене време за да се средат мислите и чувстава и да се продолжи понатаму! Можеби паузата би значела и пропаст за врската (особено ако се вмешат нови личности) но ако се случи тоа тогаш 100% и без паузата ќе дошло до крај на врската!

    Знам за врска која направи пауза од 3,4 месеци и после паузата веднаш не повикаа на веридба :dance: ! така да и те како паузата може да биде освежување во врската!
     
    На buba4e89 и happynessss им се допаѓа ова.