Пауза во ниедна врска до сега не сум сакала,ниту сум направила прекин и да го дефинирам како пауза.Значи тоа да се подоттргнам од партнерот 3-4 или недела дена можам да го направам и без да му кажам еј значи ќе бидеме на пауза.Нема потреба кога пак ќе се слушаме (така бар читам во повеќето примери).Едноставно ќе си бркам мои работи,ако сака да се видиме ќе го одбијам културно и ќе се чуеме 1 во денот и тоа е тоа.Вакви периоди сум имала,но како што кажав не сум ги дефинирала како пауза.Ако нешто посериозно не ми штима ќе си се преиспитам што сакам.Прекин да правам зошто ми здосадил не ми прави логика,едноставно ќе оладам тој период со гледање и слушање и тоа е тоа.Никаква пауза.Некој тоа си го сваќа еј пак сум сингл и залутува..Така да кај мене се знае или сме или не сме заедно,трето нема.
Јас не гледам ништо подобро и паметно во пауза.Чим дошло до пауза работава...што врска ќе беше ако ви треба одмор еден од друг.Утре ќе се омажам и што?На маж ми ќе му речам ај да паузираме малце Мене не ми се допаѓа ова,секако секој за себе си кажува ама јас никогаш не би го направила.За мене си се знае бе врска си е врска и тоа е тоа а не ај ќе паузираме малце па после ќе се сакаме повеќе...хм јас не верувам во ова.
Јас мислам дека паузата не би морала да значи и крај на врската ако се направи за да се внесе некоја свежина во самата врска, кога си во долга врска многу често се случува и заситување од партнерот и од секојдневието, затоа е можеби и корисно кога ќе си одвоиме време за нас самите, само таа пауза да не значи дека треба да иде и да брка девојчици, а ако требало да дојде до крај на врската, сигурно ќе дошол и без пауза
Дали оправдувате паузи или не? Па вака со дечко ми (бивши моментално) одам 9 месеци ... се беше прекрасно ... нормално со ситни кавги, расправии,љубоморни сцени, но сето тоа траеше минимун 2 дена. Имам му раскинато 2 пати, но се вракавме одма истиот ден со тоа што тој ке заѕвонеше или ке пишеше да се видиме да правиме муабет и толку се како порано. Тој секогаш ми одеше по газот да не речам на почетокот докај 7 8 месец.. тоа што ке поражев гледаше на секој можен начин да ми го испулни да ми удоволи (што го ценам сето тоа и не се жалам) но потоа некако се сменија работите ... знаеше да ме одбива потоа, да ме игнорира, кога ја ке се налутев тој знаеше само да ме гушне и проблемот да остане така не решен и така се се збираше ден по ден... и ете овие 2 недели немаше ден а да не се скраме значи макар и нај малата работа ке ја претворев во бура (последици од сето трпење, збирање на нерешени проблеми) па во понеделникот правивме 9 месеци во вторникот се скаравме повторно на фацебоок и тој само ми пиша ке дојдам кај тебе ке викнам такси ти излавај кога ке ти титнам и јас ок и дојде седнавме близина на мојата кука и ме праша во што е проблемот и јас: повеке не можам да издржам сето ова е премногу за мене ... секоја вечер заспивам со насолзени очи од нервози тебе ни малку не ти беше грижа знаеше само да си правиш како ке ти одговара и толку ... па не си ни толку вреден за да се нервирам секој божи ден од тебе ни па ме заслужуваш ... да знаеше малце да ме сфатиш и да ме ценеше барем малце бидејки не е 1 месец или 2 ... во питање се 9 месеци кој ти ги стави во отпад овој месец ......... ме ислуша и само рече: незнам што да ти кажам знам што и да речам е залудно ти секогаш тоа што ке го наумиш неможе никој да те предомисли секогаш е така како ти што велиш и да не е пак мора да биде... од секогаш си била тврдоглава и незнам во ствари како размислуваш и што размислуваш но само ти си знаеш. и јас: па да за срека јас расмислувам што и да е а ти ни за тоа не знаеш да го употребиш... знаеш само да излезеш и толки или да кажеш ццц или добро и пак истото и тој: незнам навистина незнам што сакаш повеке и што да ти кажам ... и јас : не треба ништо или ке најдеш начин да се промениш бидејки вака нема да продужиме или еднаш за секогас КРАЈ и готово и тој јас не сакам крај за секогаш и јас па не можам да те трпам повеке ваков одвртен. и тој незнам ако сакаш може само пауза да правиме на некој период и пак да си бидиме потоа заедно и јас моооооолиииииииим!? да отидеш со други и потоа пак да дојдеш утехата кај мене да ја бараш НЕ извини но неможе поубаво ке раскиниме и тој несакам да те изгубам засекогаш и јас ... и јас несакам паузи и он но нема да одам со други паузата ке биде за да сваниме дали можеме 1 без друг да си ги средиме мислите и да се ослободиме малце од нервозите и јас не сакам не сум од оние твоите бивши па да одеш со други или саммо мој ке бидеш или нема и тој јас нема да одам со други знаеш дека те сакам само тебе и нне ни можеш да бидеш како нив ти или па они како тебе никогаш нема да дојдат до твоето ниво знаеш само тебе сум те шетала секаде со мене само тебе сум те запознала со родителите сестрите родите ... само тебе те знаеле.. и како можеш да кажеш дека мислам дека си како нив? и јас па да така испага сето ова............... и ова она и потоа ме испрати до дома испадна пауза да правиме но јас си го свакам ова раскинати бидејки нема да дозволам да е со мене а со други да оди.... статус тргнавме но сликите тој ги остави ја ги избришав .... другиот ден се видовме 2 пати јас 2 пати го игнорирав .. и потоа ми пиша дека повеке ни муабет не сум му правила ијас му реков дека незнам што да му кажам а и тој не ми прави и он јас сакам но ти се понашаш како тугинец и јас па прави ми сигорно нема да траам доколку ме питаш нешто и тој па ти бегаш од мене ... денес пак се сретнавме дојде се позз и така .......... Дали мислите дека ме сака искрено или е било само онака ...... и дали ке оди сега со други или е така како што вели да се оделиме малце да си средиме мислите .... или е нешто др во прашање ...... Што мислите вие за сето ова? (и да напоменам сеуште не сум му дала ... знае дека сум мала и не ми бара имам само 16 години ... за срека ) ФАЛА ОДНАПРЕД!!
Хм, не знам. Сепак не. Од оправдани причини со дечко ми бевме разделени неколку дена, значи само неколку дена беа во прашање, па после кога се вративме на нормалното секојдневие, ми беше чудно, ко да бевме оддалечени, ко да се немавме видено многу долг период. Извесно време ми требаше за да ми помине тоа безврска чувство.. И сега се прашувам, ако толку краток период прави разлика, што ако паузата е подолга? Не знам.. Можеби некогаш е неопходна, кога постои љубов но не и услови,време, па се се става во мирување. Секој со своите причини.. Јас, и покрај се, сум скептик за пауза...
Пауза во смисол да не се видиме, ден, два некогаш се десило и три. Али не пауза у смисол, чекај да размислам, дај ми време, сакам пауза, а у меџувремену ти го имаш статусот „It's complicated“ во кој нит се водиш, нит се тераш а уште помалку знаеш дали си слободен или уште во врска. Ова ми е глупост над глупостите. Или реши го проблемот како цивилизиран човек, ако може да се реши-ок. Ако не може, довиџења, било ми је драго.
За тоа дека си млада, млада си да се нервираш за дечковци уште од сега. Да ти кажам нешто, можеби и нему му дошло преку глава да те слуша тебе цело време и се што ќе речеш да ти исполнува. Ај тоа е до некаде добро, ама не треба да се претерува. Се си има некои граници. Е сега да не бидам оффтопик, Понекогаш е добро да се направи пауза за самите партнери да видат дали се еден за друг.Но,има ситуации каде таа пауза е меч со две острици, затоа што може двајцата да тргнете по различни патишта и се тек на време да оладите еден кон друг. Во секој случај пробајте. Јас сметам дека што и да се случи така требало да биде. Па и ништо да не биде после паузата, сеуште си млада со сигурност ке си најдеш некој кој е за тебе и те заслужува. Ти посакувам многу среќа.
Ако се плашиш од пауза, според мене тогаш си скоро сигурна дека после неа би ви дошол крајот...И се држиш строго до близината надевајќи се дека таа ќе ве одржи, па макар имало и кавги секој ден... За мене паузата е позитивна работа, нормално ако нема други измеѓу...не си начисто раскината со него, имаш време да се преиспиташ и да видиш дали ќе чуствуваш исто ако не го гледаш секој ден, да погледнеш реално од страна и да продолжиш понатаму...Освен нели ако се држиш за него како слеп за стап, иако несигурна во своите чуства, само и само да не останеш сама...
Мое кратко и ефикасно мислење е дека пауза не треба во една врска! Обично паузата ја сфаќам како несигурност од другата страна и колебање дали да продолжи со мене или можеби со некој друг кој се појавил во меѓувреме. Мене ако девојката ми предложи пауза макар и на недела-две, ќе почнам да се сомневам дека има трета опција во игра. Па зошто пауза, има ли потреба од такво нешто? Јас на што личам па да бидам на стенд бај позиција и да дозволувам девојка ми да се испробува со друг и ако не и иде пак да ми се врати? А исто така многумина под “пауза“ подразбираат тотална слобода и правење било што на страна и потоа пу пу не се важи затоа што било пауза. А бе кратко кажано пауза значи црна дупка во врската каде што едниот партнер сака да си ја проба среќата со друг/а, а вас малку да ве остави на страна, кратко и јасно!
Хм, за мене пауза во врската не значи да не се гледам со дечко ми 3 дена. Тие 3 дена може тој бил на гости, јас на некој семинар во друг град/држава... И ме нервира кога некој намерно го избегнува партнерот, а не му кажува дека му треба малку слобода, туку зад грб самиот си ја зима. Неискреност кај мене и од мене не. За мене кога се бара пауза, се нагласува дека е пауза. А, што би значело тоа? - Во никој случај дека повеќе нема љубов во врската. Едноставно тоа го гледам како период кој се дава кога едниот гледа дека другиот партнер нема време за да постигне се (поради пренапнатост, многу насобран стрес од работа, факс итн). И тоа ако се повторува подолго време и едниот партнер од што се грижи за доброто на другиот му кажува малку да се смири со тоа напорно темпо на живот - со кое понекогаш и здравјето е во прашање, е тогаш мислам дека е ок да се побара пауза. Не да се шмекаме со др., не да се изневеруваме, туку да сфати (напнатиот) партнер дека треба малку да обрне внимание и на самиот него. Да реши некои свои животни прашања, нетолку поврзани со љубовта. Бидејќи колку и да е убава на никој од нас животот не му е ориентиран само кон неа. Има цел куп и други битни нешта. Е сега јас вака размислувам, ама секако се е до типот (и силината) на врската. Има и пауза, кога ставаат на фб - нашата врска е комплицирана и тоа го прават на секој месец дена. Несозреани личности, ништо повеќе.
Пауза...за мене значи, have a break, have a kit kat затоа што очигледно на едниот или на другиот, во зависност од тоа кој посакал пауза му збогтисало од секојдневната супа која ја јаде. Паузата за мене е знак за со други зборови - ајде срце да се ставиме на пауза, мене ми се шврља малку на страна, ако случајно дознаеш за тоа да не ме обвиниш затоа што бевме на пауза нели? А ако ми текне да се вратам и да бидеме пак заедно да имам алиби - ама на пауза бевме само, значи не сме раскинати! Така да и волкот сит, и овците на број, само како за кого. Паузата за мене е најголемата глупост која што можам да ја чујам. Ако на некој му е потребно да е малку сам, се вели - остави ме неколку дена сама, не сакам да излегувам, не сакам да правам глупости, едноставно сакам да си се посветам самата на себеси и нема тоа врска со тебе, но нема ни да те исфрлам од моето секојдневие. А не велиш - ајде да направиме пауза, па за месец дена здравје, на 10ти ноември, во нула десет часот односно десет минути поминуење после полноќ, кај 3тиот фенер од лево, ќе се сретнеме и ако сакаме да сме пак заедно - ок. Ако не, магијата ќе ја снема и секој ќе си продолжи по својот пат. Пуф! Да бе, важи Паузата ми е многу алибистичка и ми сведочи за тоа дека некој нема храброст да каже што точно се случува а нема ниту храброст да остане на цедило односно сам за ако нешто друго не му тргне - па ајде да си создадеме резерва некоја и да држиме во шах личност која не сака. И според мене секогаш е доказ за постоење на некоја трета личност - или пак барем во 80% од случаите. Затоа што не познавам друга причина заради која некој би сакал да е разделен од својот партнер. Работа? Здравје? Пари? Не верувам. И да, баш го мразам зборов - би рекла, алергична сум на него. Сакаш пауза? Фала, чао пријатно за посветеното време. Ако ни се сретнат повторно патиштата ќе размислам дали ќе бидам со тебе - ама нема да те чекам додека ти решиш повторно да го притиснеш копчето play. Себично и еднострана одлука. А врската не е прашање на тоа што сака едниот од партнерите. Епа мало морген
Скоро во секоја врска има периоди кога ќе ти дојде преку глава и сакаш пауза. Мене ми се случувало и да го сакам и да ми е убаво со него и во еден момент без никаква причина да сакам да прекинам со него на некое време. И стално му зборев да направиме пауза да не се гледаме некое време ама тоа така јас само си праам Бајрам со умот, знам дека ако правиме пауза уште на вториот ден ќе му се јавам. Затоа сега си смислив нова метода. Бидејќи сме од различни места, секогаш кога ке ми дојде преку глава од врската или слично, си одам дома неколку дена, без никакви кавги и расправии и филозофирања колку време ке трае паузата и слично. Додека сум дома се слушаме се е најнормално а кога ке се вратам уште од врата му се закачувам на врат и саат време не се тргам од таму Се случува често и тој да оди некаде и јас па така стално имаме такви паузи пократки или подолги и баш мислам дека уште толку тоа ни ја зајакнува врската, бидејќи имаме доверба еден во друг. А во предходните врски сум имала такви класични паузи ама причината била или тоа што сум имала некој друг со кој сакам да излегувам, или сум сакала да раскинам па ај да не биде нагла промена, прво пауза една да се навикнеме на новиот статус синг па после да раскинеме.
Јас на бившиот му паузирав затоа што неможев да го поднесам. Реков да си дадам себе си време па можеби потоа ќе си го вратам старото мислење, ама тоа всушност беше затоа што се заљубив во друг.. иначе не сакав да ми контактира воопшто, а камо ли да го видам... хахахах
јас му имам побарано на дечко ми пауза, пошто не сакав да го изгубам за стално, ама сакав малце да се ослободам, да оладам, пошто многу ме гушеше (знаеш она не те пушта никаде да идеш сама...) но тоа траеше само 1 недела, пошто почнавме да си фалиме и после тоа врската ни беше подобра. но тоа зависи се од дечкото, ако искрено те сака, он ќе заборави и на пауза и на се и пак ќе си бидете заедно и ќе ви биде поубаво. а иначе секое машко се лути ако не му дозволиш да те фати или ако не му дадеш секс. мој совет!
не звони упорно , не пишувај на фејсбук.. едноставно малце дистанца.. сигурно сака да размисли ми треба простор.. што да се праи освен да се чека..
Девојки што велите за пауза ОД врска, а не ВО врска ?Се шегувам .Инаку јас сама веке една година.... и би ве замолила за помош...или совет........Како да бидам брем делумно сигурна во некој потенцијален дечко дека тој е добар за мене затоа што јас сум сериозна личност која сепак знае да се забавува ......но барам некој приземен дечко кој не лета во облаците?Претходните искуство ми беше такво..
Што понатаму кога во врска на далечина едниот партнер побара -пауза- или побара -време- разделени еден од друг?
Искрено, незнам како да го протолкувам ова, а сега тоа ми е најмногу потребно. Деновие со дечко ми со кој идеме година и два месеца нешто односите не ни се баш нај нај, јас сум многу напната, тој исто така и сега демек правевме муабет ама некако јас пак сум напната незнам зашто.. Он ми кажа дека би било добро малце пауза да направиме како демек јас да сум се опуштела и да сум размислела ( он барем таа причина ми ја кажа) и јас му реков нема пауза, ако сакаш ќе раскинеме, кажи ми слободно не ми викај пауза, и ми рече не не не сакам така.. Сега се мислам дали да му кажам дека би било ок да сме на пауза недела- две, незнам што е паметно? Мислите дека заради моето однесување сака да ми раскине па незнае како, или навистина сака само да ми даде простор да размислам, а тоа и самата осеќам дека ми треба.. Совет?