Секогаш кога ќе слушнам пауза, ме асоцира на крај. Дека нешто не функционира во врската или нешто слично. Не дека е навистина така, изгледа дека сите мои паузи завршувале неславно, значеле крај, но на некој индиректен начин. Дека сепак, уште има надеж за таа врска... Во секој случај, не ги сакам паузите затоа што мислам дека се еден вид оправдување, додека не се гледаме, секој да си прави што сака без да дава објаснувања. Инаку се согласувам со повеќето од вас, ако ми е преку глава дојдено, нема да барам пауза, едноставно ќе се дистанцирам на некој ден, ќе размислам што понатаму, дали продолжуваме понатаму или нашите патишта се делат.
Девојки сакам да слушнам мислење... Имам врска долга 3 и нешто години, и супер ни е. Се разбира, имало и по некоја караница ама ништо страшно. Пред некој ден седевме заедно супер беше како и обично. После одлучивме да не се видеме 2 дена пошо дечко ми ги правеше забите, а тоа му е слаба точка. Викам ќе го оставам малку. И го нема два дена, третиот ден сеуште го нема. И се слушнавме и му викам те нема, што се случува. И ми пишува главата го боле три дена од забите, пошо секој ден одеше на заболекар. Му викам да не имаш нешто да кажеш, и почнува... Преку к** ми е од се. А овој период сестра му прави свадба, а тој не е по тие работи, ги мрази тие работи и кај нив гужва голема, има работа што ја мрази многу, а плус и забите. Јас му викам, сакаш ли да раскинеме и ми вели незнам што да ти кажам. Јас се чудам, значи од ништо испадна муабетов, ама го осетив дека деновиве е нервозен поради се што се случува. И праевме муабет, сакав да дознаам јас да не сум причината нешто и ми вели не си ти крива, никој не е крив освен јас. Го прашав да не ми се лутиш, нешто да не сум згрешила, да не ти се допаѓа друго девојче, и на ова ми одговори: далеку од тоа, едноставно сакам да сум сам, треба ми одмор од се, преку глава ми е од се. И му пишав сакаш ли да раскинеме? Тој ми врати не, али нема да се гледаме некое време, како демек пауза, да си ги средил мислите. Јас му одговорив не се нервирај, ке ти дадам простор само не сакам да сум јас крива за нешто, и ми врати не си ти не се замарај. Што мислите за ова, а инаку тој е многу решителен карактер, мислам ако не сака да е со мене ќе ми пишеше, знам дека нема друга во прашање. Ама сепак сумњата кај мене постои, свашта ми паѓа на ум. Па сакам мислење да слушнам. Има ли шанси да е нешто сериозно...?? Сепак, факт е дека побара пауза, јас му кажав ќе ти дадам простор. Хелппппппп... Нели темава е пауза во врска, мислам дека се вклопува муабетов, пошо ми пиша тој пауза да направеме.
Велам да рачистиш каде лежи проблемот. Ако не си ти, помогни му, ако проблемот си ти, барај си чарето. Под помош се подразбира да си повеќе време со него, да му пружаш подршка, да му ја зголемуваш самодовербата и најважно: да слушаш што има да каже без притоа веднаш да ги коментираш неговите мислења. Остави го да се изнакаже, па дур и да се расплаче ако му е стварно тешко.
Ок, фала на мислењево, ама мислам ако го напнам уште повеќе полошо ќе биде, карактерно не е таков да се искажува многу, сепак мислам дека ќе му оставам простор, па ако биде, нека биде, ако не биде после паузата не биде. Тоа е... Мислам дека полесно ќе ми беше да ми раскине, отколку вака.
Никогаш не би се согласила на пауза,пошто тоа за мене значи крај,или ќе те побарам ко ќе ми текни,ама ние немаме иднина демек нешто... Не сум јас радио па да ме стави на пауза,а после пак play...Ниту па сум Фанта да ме сврти на игра Нема така кај мене,или одиш или крај,биди искрен и тоа е.Ако е поправливо,се разговара и се бара решение на проблемот,ако не се согласат двата,тогаш крај.
За мене паузата секогаш значела крај на врската.Ако некој е доволно сигурен во своите чувства нема потреба од пауза. Има моменти во врската кога мислиш дека не можеш повеќе да издржиш со таа личност,но со разговор може се да се реши,затоа што после може да биде касно. Ако навистина постои добра причина за пауза ок е,и тоа паузата да биде само неколку дена.Инаку што...ајде тој нека си се забавува со други,јас ќе го чекам.Нема шанси!
А шо сум ја? Крпа некоја шо ќе се користи по потреба? За малце еден мој бивши ќе изедеше шамар коа ми побара пауза. Нз за другите, ама многу ми е понижувачки и навредливо да ти побара некој пауза. Непочитување. Раскинете еднаш, па ако судбината сака, докажи бе дека заслужуваш да ти се врати, помачи се малце, не пауза...глупости...
..... ....кај нас се случи не договорена пауза туку некако по дифолт...едноставно тој се повлече во себе си,престанаа долгите разговори, ги снема оние ситни вниманија,поклончиња и сл,мобилниот секогаш му беше во рака,јас приметив голема разлика во неговото однесување и го прашав шо се случува со нас...одговорот беше дека јас тоа нешто си умишљавам нема ништо,бла,бла,бла....се роди сомнеж и се повлеков и јас,почнав да патам и да го избегнувам..од време на време ќе се слушниме,некоја порака ама нешто плус нема еве веќе една година...тој на фб пука со разни цуци по камери и сл,јас да му вратам дури и излегов на кафе со друг,и така сме топло ладно,ама јас патам и тоа многу...од негова страна нема напор за да се смени нешто јас покушав да разговараме и да разрешиме тој се прави дека нема што да објаснуваме ние сме си супер си се сакаме,а едноставно знаам одиме кон крајот,.........
Јас сум против пауза, ми нема поента.. штом дошло до таму, значи дошло до крај, пукнало и тоа е тоа, а не ај сеа да си одмориме еден од друг од кого да се одморам, од човекот што ми е се? Па ако сум стигнала до таму тогаш ич не ми ни треба, а и обратно. Не, не, пауза не!
Сум била неколку пати на пауза, и не сакам веќе. Кога еднаш ќе се скрши, толку нема враќање, скршено е. Нема паузи, веднаш расчисти. И јас бев на пауза демек ќе се смени, ќе му фалам малку. 2 дена по паузата беше добро, после по стара песна. Пауза никако..
Разбирам пауза од типот ден-два да не се видиме, да одмориме еден од друг но сепак си се слушаме и врската си тече без проблем, ама пауза - да не се слушаме и сме отворени и за други, а после недела две ко ништо да не било, пак си се сакаме!?! Ноуп! тоа за мене не е љубов, можеби во тинејџерски години да, ама сега не!
Пауза во врската ??? Драги феминки. Одамна сакав да го напишам мојот проблем кој веќе подолго време го чувам со себе. Имам 5 годишна врска која што мислам дека е во голема криза. Постојано се караме, па макар и за ситници. Многу ретко излегуваме, тој постојано е „изморен„ и му се „спие„ , а мене тоа многу ми пречи и ми изгледа како да не сака да излегува со мене . Во неделата се гледаме само 2 дена, од кој едниот цела вечер се жали дека му се спие. Многу пати се имам обидено да зборувам со него, но никогаш не добивам одговор од негова страна. Незнам што е работата дали се работи за тоа дека има друга, или пак сум му здосадена. Незнам дали да му побарам пауза, односно извесно време да не се гледаме и слушаме воопшто за да видеме дали ќе се промени нешто. Ве молам за совет ???
Пауза во врската ??? И јас еднаш му побарав пауза. Нареден пат се видовме по 4 години И самата си свесна дека врската ви е во криза. Која би била целта ако продолжите на истиов начин. Јас воопшто не би му дала пауза штом е толку пасивен во врската а воопшто не се труди да го сподели тоа со тебе. 5 годишна врска не е мала работа за некој на овој начин да се однесува. Може и и дошло крај... Оддалечи се, ем и двајцата ќе сфатите колку си требате (или не), а може и ќе најдеш некој посоодветен што има повеќе време за тебе...
Пауза во врската ??? Тој порано воопшто не беше таков, тоа и најмногу ме натера да мислам на сешто. А пасивноста навистина многу ми пречи и само се измачувам веќе многу долг период И постојано помислувам на тоа што ако и понатаму трае ова до каде ќе води а само годините поминуваат
Пауза во врската ??? ambasadorka добро те советувала EmGreen . или побарај пауза или разговарај со него обиди се некако да те сослуша и кажи му се што ти лежи на душата така е подобро верувај зошто вака само се измачувате.
Пауза во врската ??? Според мене, ако побараш пауза, исто како да си го одложила раскинувањето. Пауза е чиста глупост! Ако сакаш да си ја спасиш врската, обиди се да разговараш со него, преземи нешто... биди активна. Пасивноста која паузата ја носи со себе нема да ви ги поправи односите и неговото однесување.
Срце, сакам да направиме малку пауза, мислам дека е време, една недела , ок? - Реченица која удира во шок секоја девојка и и доаѓаат разно разни мисли. Понекогаш ок , стварно е потребен одмор од партнерот за да се види до кај е врската, дали истата не поврзува љубовта или навиката,преиспитување на чуствата,со еден збор, анализа на она што сум јас без него и обратно.Најдобро е паузата, ако мора,да биде побарана обострано,но не секогаш е така. Болката и солзите се неминовни,но после средувањето на чуствата работите се подобруваат,и паузата како таква се заборава. Има едно непишано правило кое вели "Што е ваше само ќе си дојде" затоа ако ве сака повторно ќе ви се врати и ќе се потруди да ве придобие.