Мислам дека си свесна дека имаш проблем.Кога не боли заб тогаш го лечиме,ако тоа е невозможно тогаш го вадиме.И останува грда дупка во уста.Ама забот веќе не боли.А денес постои протетика па таа дупка може да се неутрализира.Ако чекаш забот нема да се поправи сам од себе и во главно маките се поголеми ако повеќе се чека. Мислам дека ме сфати што сакам да кажам
Мислам дека си свесна дека имаш проблем.Кога не боли заб тогаш го лечиме,ако тоа е невозможно тогаш го вадиме.И останува грда дупка во уста.Ама забот веќе не боли.А денес постои протетика па таа дупка може да се неутрализира.Ако чекаш забот нема да се поправи сам од себе и во главно маките се поголеми ако повеќе се чека. Мислам дека ме сфати што сакам да кажам [/quote] Да драга lunicka те сватив и мислам дека си сосема во право како и сите други феминки што пишале во врска со мојот проблем. Навистина ви благодарам. Јас се повлеков да видам што ќе се случи понатаму, не се слушаме, незнам ништо за него, ни каде е, ни со кој е, неговите другари пријатели ги гледам низ град а него не. Навистина ми е многу тешко, неможам да си ги средам чуствата, се чуствувам ужасно
Па ич не е едноставно кога некој после толку време почнува да се "менува" и веројатно осеќаш како да си му досадна,му е гајле за се,незаинтересиран е.И баш имаш проблем. Мислам дека е најубаво да го остаиш малку и да видиш дали ке те побара и дали е свесен дека погрешно се однесува со тебе.Направи искрен муабет со него,нека ти каже што е проблемот,сепак не се работи за мал период и претпоставувам дека и двајцата се знаете многу убаво и се разбирате и без да кажете нешто.Така да,треба и на него да му биде веќе јасно дека нешто не е во ред.
пауза е еден вид на раскинување. не ти вика крај е туку ти вика пауза. што значи после пауза нема повторно врска
Пауза не правам ни кога чистам.. ниту кога сум во врска. А зарем е можно да се направи пауза и после да не дочека истото нешто онака како што сме го оставиле? Не верувам во паузи и функционирање на истата врска после пауза. Ако си уморен од некого, ако ти има здосадено-се знае дека е време за крај. Или сега ќе одморам малце од тебе, во меѓувреме ќе сакам некој друг, па пак ќе ти се вратам и ќе си продолжиме таму кај што застанавме?! Можеме да сфатиме дали го сакаме партнерот додека сме во врска со него, а не да се одалечуваме со цел да средиме и преиспитуваме чувства. Проблемите во врската се надминуваат и без пауза. Ги дискутираш и решаваш заедно со партнерот, раздалечување како изговор за бегање од истите нема нема да ги реши сами по себе.
Не сме правиле досега пауза, а и да правиме не ми личи како расинување, едноставно да се оддалечиме малку.. Единствено сме правиле пауза сега скоро пред еден месец преку скајп... значи да не комуницираме неколку дена бидејќи секој ден за глупости се каравме.. И после 2 дена не можев да издржам и ке си пишавме пак. Но никако не сме слободни, онака оддалечени
Кога некој ќе рече официјално да се стави врската на пауза, тоа ми звучи како да сака да раскине а нема сила да ти каже. Глупост невидена. Во врска не се прават паузи. Утре кога ќе бидеш во брак ќе му речеш на мажот ај да бидеме разведени на 2 недели? Нормално е понекогаш да се презаситиш од некого, тогаш започнуваат караници и потребно е тоа да се реши. Но, според мене, тоа се решава со едноставен договор, ќе се слушате и гледате поретко, ќе разговарате за проблемите што ги имате. И на крај или ќе ја биде или нема да ја биде работата. Па ако треба и ќе раскинете на крај. Побезвезе состојба од пауза нема. Не сте заедно, ама не сте ни раскинати. Не комуницирате и не знаете на што сте. Само да се измачуваш, ете тоа е...
Оддалечи се од него,види дали ке му недостигаш,не му спомнувај ништо,само прекини да му се јавуваш,прекини да го бараш и види дали ке му текне на тебе. Ако тој те бара и му фалиш тоа значи дека те сака и дека те мисли,може навистина е уморен,а ако не те бара и не му текнува воопшто на тебе,тогаш така и нека остане,ке престанеш воопшто да го бараш,тоа значи дека не му е до тебе и не му текнува,сигурно ке има нешто,знам дека е тешко но неможеш вака да продолжиш,мора да најдеш некое решение. :/
Секоја врска поминува низ неколку фази, а во долгите врски најчесто доаѓа и до здосадување еден од друг, но кога ќе се помине таа фаза мислам дека тогаш двајцата навистина сфаќаат што е љубов. Бидејќи на почетокот од врската љубов не постои, постојат симпатии помеѓу партнерите, а потоа доаѓа љубовта. Јас сум против паузи бидејќи на тој начин ништо не се решава, уште повеќе ќе се оддалечат партнерите... е сега тука ефектите се крајни или двајцата ќе сфатат дека неможат еден без друг и ќе се смират или ќе раскинат скроз. За да сфати дали навистина те сака може да се оддалечиш од него, и ти да не покажуваш интерес и ако вистински те сака ќе почне да му недостига тоа. Но, треба да бидеш и спремна дека тоа може да ве оддалечи, зависи од него. Или едноставно можеби најдобно ќе е да му кажиш отворено дека во последно време многу е оддалечен од тебе, дека ти недостига и дека ќе го оставиш ете една-две недели да размисли дали е во ред тоа што го прави, дали во тоа време ќе почувствува дека му фалиш.
'Мислам дека треба да направеме пауза'..кога ќе изусти партнерот,и се почувствува бодеж во срцето.Барем кај мене така беше.И неопходното прашање-Што сакаше тој да ми каже? Имам вакво искуство,искуство со пауза.Не е ни малку пријатно. И одговорот беше-не знам колкава ќе биде паузата-можеби недела,две,месец,па и годинаа.. Мислам.. ** Сеуште се прашувам што значе паузата? Се обидува да ми каже дека ме сака,драга сум му,но сум му станала досадна?Дека сака да искуси нешто ново,лудо,незабораво со други девојки,и покрај тој факт дека сака да остане во врска? Според моето досегашно искуство,паузата во врска значи предвесник на раскинување. Можеби и раскинувањето нема да биде толку болно,дека партнерите се навикнале одредено време да бидат сами. Само што партнерот кој ја бара,нема храброст,дали поради сожалување кон другиот партнер,мислењето на околината поради долгогодишната врска, да го каже финалниот збор-раскинување. Како и да е,поентата ми е-или партнерите се во врска или не.А паузи не поштувам
Пред неколку месеци дечко ми ми рече да бидеме на пауза 1 месец бидејќи постојано се каравме. Јас му реков зошто мисли дека неможеме да го надминеме ова како секој нормален човек туку веднаш со пауза, тој рече во ред и така немавме пауза и еве врската ни е супер..
Според мене паузата е прв чекор на раскинување и сосема непотребна работа. Или раскинуваш или остануваш и заеднички се надминуваат проблемите.
Паузата со други зборови е оправдување некој да ве отачи а за тоа нема аргументи. Да појаснам, сте му здосадиле на партнерот, сака нешто ново но не сте му згрешил нешто и незнае како да ви ракине и ви вика, ај ќе правиме пауза. Јас ги сваќам децава, но неможам да сватам парови над 20 години кои се залажуваат со тоа дека ќе прават пауза и после ќе се сакаат. Љубовта нема стоп и плеј па да палиш и гасиш кога ти сакаш, неа или ја има или ја нема. Зарем утре кога ќе бидете во брак ќе си речете, сега многу се караме не ни иде, ај ќе правиме пауза па ќе продолжиме. Без навреди, но според мене лугето кои бараат или се залажуваат со пауза се не зрели луге, кои не се спремни да се соочат со проблемите.
Се согласувам со Strumka22. Не мислам дека паузата води кон подобрување на врската туку напротив кон прекинување на неа.
Не со согласувам воопшто со горе наведените одговори,но добро секој си има право на свое мислење.. До сега со дечко ми имаме направено “пауза“ два пати во текот на врската. И не по еден месец..туку по 3 дена,после тоа кај нас е многу подобро! Ако си со вистинскиот човек ни тебе ни на него нема да ви здосади. Па и да има 10 паузи.
Не ми е јасно што треба да значи таа пауза,кога сакаш некој и сакаш да бидеш со него не ти треба пауза а проблемите се решаваат заедно не одделено па само се ќе се реши.Демек нема да се гледаме 3 дена и потоа се е совршено.Мене 6ипол годишна врска ми помина како ден,на пауза не сме ни помислиле а заедно сме секој ден.
И јас имам слично мислење кога во една врска ќе се употреби зборот пауза значи боље нека иде на Крај.Зашо после една пауза нема нишо да биде исто,он нека иде нека се измува со таа што му душа сака или она и после ај пак заедно.Ма немој молим те во речникот на вистинска љубов никогаш не постојат зборовите Пауза и Крај.
Некој да побара пауза не е добар знак. После неа тешко дека ќе биде исто или нешто подобро. Пауза значи несигурност во своите чувства, а со оддалечување крајот е поблиску и неизбежен.
Sakam da napravime pauza ...beshe negovoata recenica koe dopolnitelno objasnuvanje voese do toa deka postojat mnogu pricini da ne bideme zaedno...sto znaci ova deka ednas me izneveri poradi toa sto sakal da se odaleci i jas so istata mera mu vrativ...ne ista no sepak ne ostanav dostojna i da cekam da vidam dali toj ke se predomisli dali ke me moli dali ke mi se izvinuva...se desi sto se desi na kraj pak bevme zaedno...ne sme ista religija toa e plus pricina mozebi da ne bideme zaedno .....da no sto? posle toa sto mi kazuva deka mu e ubavo so mene deka nikogas ne znael kako e da se grizis za nekogo da sekas nekogo i deka ova go prepterotuvalo koga znael deka na kraj ke zavrselo loso deka nema da sme zaedno vecno ...sto treba da napravam?
Од една страна е убаво да се направи кратка пауза , во смисол да се види дали си недостигаат двајца. Од друга страна...ЗОШТО ПАУЗА?...од што пауза?...Ако има љубов, разбирање, убави моменти....зошто би била потребна пауза. Јас сум против ПАУЗА.