Според мене, мислам дека врската после пауза нема иднина. Мислам зошто воопшто би се ставил некој на пауза ако не планира да раскине, изневери и сл.? Пауза во врска ме асоцира на оноа: Да пробам со друг/а, па ако ништо не биде, имам каде да се вратам. Строго против пауза. Или наоѓаш на време решение и си ја спасуваш врската или раскинување.
Последно време се караме многу. таа се смени бара пауза ми бара простор сто знаџи ова да не се гледа со друг. ако има некој да ми казува
Паузата значи крај.Ако сакам некој ќе се трудам тоа да успее ќе се борам до крај.Нема да сакам да бидам далеку од таа личност колку и кавги да имаме.Подобро ќе ставам крај на измачувањето односно да биадам во дилема што сме сега ние додека другата личност се збавува.И на крајот од таа пауза ќе дојде и ќе ти рече јас најдов подобар,или јас сватив дека те сакам.Во двата случаја нема да ми треба повеќе таа личност.
Не мислам дека секогаш пауза значи крај. Во какво стресно време живееме мислам дека е океј да се направи пауза во врска доколку почнува да станува напнато кај партнерите. Јас сум имала случај при кавги, напнатост и стрес, 2 пати да направиме пауза со дечкото која што траеше 3-4 дена до една недела (таа недела не се видовме и не се слушавме многу но си кажавме дека е само да си ги средиме мислите дека имавме тешки периоди, и не излегувавме со други). После паузата уште повеќе се зближивме и еве 2 години сме заедно. Во спротивно на ова може да означува и негативно доколку навистина повеќе не оди во врската па ај да се залажеме со пауза, но мислам дека секој би можел да процени со каков исход ќе заврши и секој знае врз основа на тоа каква била врската дали може да се продолжи после пауза.
Здраво девојки! Во врска сум година и 2-3 месеци и последните месец дена често се каравме за неодредени причини. Секогаш се трудев да ги решиме проблемите со разговор, но дечко ми тоа го сфаќаше како нова кавга. Сме се скарале повеќе пати, но овој пат е сериозно. Се сакаме и двајцата. Не знам како би издржала без него. Инаку при секој мој проблем беше тука и последно често ми викаше дека му е смачено од мојте депресии. Давав се од себе да не е така. Ми вели да не во барам воопшто (сакал пауза). Ве молам дајте ми совет како да пристапам на ситуацијава. Не сакам да ми се уништи врската. Јас сеуште имам надеж за нас и покрај сите кавги кои би сакала заеднички да ги надминевме...
Ако сака пауза дај му, нека размисли што понатаму. Ти може не сакаш да ти се уништи врската ама врската ја прават двајца. Ако на него не му е убаво веќе со тебе, џабе е што и да сакаш ти..
Ти благодарам на советот. Мислам дека не е тоа што не му е убаво, знам дека сака да продолжиме но проблемот се честите кавги. Можеби би требало да посетам психолог, но не сум спремна за тоа.
Зошто не си спремна? Нема погрешно и правилно време за посета на психолог па и на психијатар ако треба. Депресијата е сериозна работа АМА ако тој што е до тебе не ти е поддршка, таков не ти ни треба во животот Инаку нема неодредени кавги. Секоја кавга има причина, не е дека ќе се караме чисто онака, ми текнало и ќе му се изразвикам.. Поработете на решавање на проблемите, ако не сака дечко ти тогаш остави го и најди си некој што ќе ти биде поддршка во секое време
Ако тој сака пауза ти дај му крај. Какви се тие паузи ?? Пауза хахаха смешки...ми или бидете заедно или ставете крај. Чим ти кажал пауза не те сака ама не сака да те повреди и директно да стави крај.
Мене ова најмногу ме загрижува. Тој треба да ти биде поддршка и во добри и во лоши моменти, ако тој се откажува од старт и те остава сама да се бориш и со себе и за врската што понатаму? Не сум имала такви паузи и искрено не би сакала да имам, но доколку сметаш дека треба дај и шанса на врската. Но не биди слепа доколку продолжи со исто однесување, подобро на 1 година да ставиш крај отколку на две, три,пет...
Паузата не значи секогаш крај. Туку, време да си ги средиме мислите и да видеме што всушност сакаме и дали таа личност ќе ни недостасува. После тоа работите се многу појасни.
Едно е пауза да раскиниш и да не се гледаш и буквално да се однесуваш како раскинат, а скроз друго е да земиш неколку дена пауза од контакт со партнерот ама уште да ти е партнер колку да сфатиш некои работи. Генерално, не вервам во паузи и тоа ми е златно правило дека за врска не прифаќам паузи и не сум прифатила и не планирам да прифатам некогаш. Зошто? Зошто ако имаме проблем, нема да се реши ако не збораме за него туку ќе се реши ако збораме за него. Едино можиме да си дајме некој сат, ден да се смират страстите за објективно зборување и со ладна глава ама не прекин. Исто така многу често под пауза се оди после некоја кавга па да одиш да шврљаш со некој без уствари да изневериш. Долно ако ме праша некој. Проблем не се решава ако не збораш за него и ако не пробаш да најдиш решение или компромис. Пауза сфаќам ако веќе неќиш да си со некој ама ете се двоумиш па да одиш на пауза пред да раскиниш дур да сфатиш дека уствари тоа е вистинската одлука. Ладење на глава еден ден за после да можи да се збора за проблемот не би го нарекла пауза и тоа е едина прифатлива „пауза“. Се друго е мачкање очи и одлговлекување на крајот. Така да Рос, заеба.
Не верувам во паузи, од оние со денови. Нормално е при караница да ти треба саат-два да оладиш, ама ако е вистинска врска и навистина го сакаш, ти значи тој/таа што е со тебе, после тој саат-два ќе се побарате да го решите проблемот. Јас сум од оние луѓе на кои им треба малку повеќе време да оладат, ама секогаш се враќам да се извинам или да прифатам извинување, да се објаснам, да ислушам. Да ја земам другарка ми за пример - Со дечко и не знам колку пати беа на "пауза". Е на таа пауза и едниот и другиот цело Скопје па и пошироко мислам дека ги поминаа и пак си се враќаа после. Демек толку се сакаат, па пак после се, тие се заедно. Колку само не, и можеби да, така изгледа од страна, ама кога човек би се загледал подлабоко би ги увидел сите тие дупки во таа нивна, демек, совршена врска. Па не сме мали деца па да правиме паузи со недели, месеци. Утре-задутре кога ќе бидеш со маж/жена пауза ли ќе земаш? Ќе бегаш од дома, ќе оставаш деца, семејство се затоа што сте се скарале? Не, туку ќе седнеш и ќе зборуваш откако ќе оладиш глава.
Не мора пауза после караница. Некогаш кога си во врска долги години, имаш чувство дека си се изгубил себе си, почнуваш да се прашуваш дали тоа е вистинско за тебе, ти треба малку време да бидеш сам, и да си ги собереш мислите. Може да трае и месец дена таа пауза, небитно. Ако љубовта е вистинска ќе сфатиш. И мислам дека во пракса е добро покажана таков вид на пауза. И да си во брак исто е. Ќе ти треба малку време за себе па ќе резервираш одмор со децата, па и сама.
Се согласувам, или си во врска или не, не прифаќам пауза. Али како голем фан на FRIENDS неможам, а да не кажам Рос е во право, бидејки за него the break, is a break up. Tолку, си одам
Под пауза разбирам ''Еј, слушај, не можам веќе, дај ми некој саат да олабавам да не кажам погрешни зборови...'' Ако дојде до 5 неделна пауза, пиши пропало, ниту прифаќам, ниту нудам такво нешто.
Подобро ќе раскинам отколку пауза , за мене пауза значи крај . Знам многу примери каде паузата проследила со раскинување а ниту еден пример каде паузата ги решила проблемите.