Педофилија

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.797
    Не знаев кај да ја ставам темава и поради тоа што сметам дека е болест ја ставив тука. Дали имате некакво искуство со ова? Колкава казна сметате дека треба да добијат педофилите? Оваа појава за жал почна да станува се почеста во Македонија. На што мислите дека се должи тоа?
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Мислам дека си го погодила местото за темава. Педофилијата (според мене) е болест. А кога веќе ја сметам за болест, незнам колку е паметно да кажам колку треба да се казнат оние кои боледуваат од неа, затоа што болеста не се казнува. Најдобро би било таквите лица да се сместат во соодветни здравствени институции.
    Зошто се појавува - НЕЗНАМ! Само знам дека сигурно не е нормална појава и ми се гади од такви луѓе.
     
    На Lessor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    мило ми е што постои ваква тема...
    јас еднаш имав работа со еден таков глупак!!!
    тоа беше несреќа во среќа... :up:
    само мајка ми знае за ова и една другарка...сакам да го споделам ова и со вас бидејќи таквите личности се навистина оболени и мораат да се казнат!!!
    :arrow: ова ви го кажувам бидејќи не ми се случило ова само мене туку и на многу други,кај мене за среќа не беше ништо трагично...
    Беше петок вечер и јас со друштвото бев на журка...
    преубаво си поминавме и од мнооогу пеење зарипнав...
    после полноќ-кај 1ипол или 2...јас и едната другарка што живее на кај мене,си заминавме накај дома со такси...
    бидејќи секогаш се разделуваме со другарка ми на едно исто место,слегнавме повторно таму..и двете си продолживме секоја на различен пат,за да си појдеме дома...
    мене ми требаа уште две минути за до дома да стасам,и од зад мене забележав како еден човек на велосипед иде на кај мене...
    Многу ми изгледаше чудно затоа што некој вози велосипед во 2 часот после полноќ... и некое сетило во мене,имав чудно чувство како да знаев дека нешто неубо ќе се случи...Почнав да брзам..и кога свртив во уличката што е до мојата тој-мажот слегна од велосипедот и со трчање ме стаса и од зад грб ме турна... ;( паднав на асвалт... но
    веднаш реагирав..станав-премногу се уплашив ;( и во моментот кога тој идеше на кај мене---јас почнав да врескам како луда :roll: но ЗА МОЈА СРЕЌА
    бидејќи имам мнооогу силен глас,,мажот избега за да не го сети никој....
    Сето ова ми се случи во една минута...немаше ни толку...
    иако бев зарипната--сторив се што можев за да се спасам за да не бидам *жртва* на некој оболен како тој...
    Не му го памтам убаво ликот,но знам дека беше стар маж,можеби имаше 40 години а можеби и повеќе... ;(
    Несакам да мислам што ќе беше ако се случеше нешто полошо...
    Само знам дека такви суштества постојат и треба да се лечат или да се заколат..
    Мене за среќа ништо не ми се случи освен еден голем страв што претрпев и зглобот при паѓањето го шинав...

    Сега со такси си одам до пред порта...ако треба и од дома им се јавувам за да ме пречекаат,,,сакав да го споделам ова со некого бидејќи не е исто да се рече дека постојат педофили,манијаци и слични лудаци,,,
    незнаете какво е чувството... ;( :Down:
     
  4. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    167
    Според мене педофилите треба да се казнат со настрога казна.Најлошо што може човек да направи е да уништи еден невин детски живот.Повеќе пати ми се има случено постари лица да ми дофрлуваат недолични работи или пак да одат по мене,но за среќа досега никој физички ме нема нападнато и му е молам на Господ никогаш и да не ме нападне :?
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.797
    И јас имам вакво искуство, а сме ја дискутирале темава и со многу другарки, кои за жал претрпеле нешто слично.

    Кога имав 15год, бев на пракса во хотел во друг град тука во Македонија. Бев со уште една другарка и требаше да престојуваме еден месец во хотелот. Сите луѓе што работеа таму беа или од Ск или од некој друг град. Бидејќи јас и другарка ми бевме најмали сите не сакаа и гледаа да ни помогнат колку можат.Доле во кујната работеа двајца мажи и двајцата средовечни со средени брачни статуси и со деца поголеми од нас. По некои дваесетина дена, јас добив сончаница и морав да лежам и да одмарам откако примив инфузија. И нели сите тука изразија загрижување и желба да ми помогнат, бидејќи бев без никој таму смао со другарка ми, која што и сама беше исплашена. Овие двајцава мажи доле од кујната покажаа големо разбирање и односот со нив ми беше татковски.

    Арно ама, кога требаше да си оди тој едниот што беше од Ск, вечерта се собравме сите да се испраќаме, пошто по толку време нон стоп заедно се збилиживме сите. И јас кога почнав да се качувам нагоре да си одам во соба, тој ме пресретна на скалите и со некој излуден сјај во очите што никогаш нема да го заборавам, почна да ме фаќа и да ме влече нагоре и да ми шепоти " Ајде дојди во мојата соба да се галкаме, не знаеш што ќе ти правам " И уште некои работи коишто не се за кажување тука. Јас толку во животот не сум се исплашила и не ми се веруваше што се случува. Па тој човек, што важеше за среќно женет, со деца поголеми од мене, за кој имав само најдобро мислење ова да го прави? Целото тело почна да ми тресе и се избезумив. Почнав да го туркам со сета сила, а тој само уште повеќе ме тегнеше. На крајот избегав не знам како надоле и од страв не знаев што да правам. Вечерта има кажав само на едни во кои имав најголема доверба што се случило и едвај ми поверуваа. Да не ме видеа таква цела испаничена и во страв мислам дека никогаш не би ми поверувале. И од тие причини јас ова не го спомнав нити превзедов нешто.
    Другиот ден тој си отиде, а јас спиев кај луѓето во соба од страв.

    И не ми е јасно како може вакви луѓе да има. Од тогаш довербата во луѓето ми е на најниско ниво.
     
  6. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    82
    потполно те сфаќам rainbow и мислам дека ова е една вистински сериозна тема...
    но некој не ја сваќа така и затоа таквите лудаци се шетаат слободно на улица..
    Тоа е еден голем пропуст од страна на државните органи ---да преземаат поголеми мерки сигурно вака не би било...
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    За педофилите има само една казна-со нож да му го делкаш малку по малку,па да знаат каде го пикаат.Не можам да сфатам како може еден болен маж,на девојче мало да му прави такви безобразлаци.Се ужаснувам од самата помисал.ПА и на тв даваат само вести,овој олку деца со сопствената ќерка,овој вака оноуј онака.Што,ги охрабруваат таквите.Строго тгреба да се забранат такви вести.Нз дали помните пред неколку години за професорот по музичко од гиманзијата во Прилеп.Го имаше на вести.Човекот ми предаваше во прва,многу го ценевме сите,прво полугодие се беше ок,добар човек,и кога на еден час на една другарка си седеше онака со скрстени нозе,и овој и вика,Кристинче,знајш дека од така седење многу вени отекувале :worried:hock: И стана човеков отиде до неа и рсссс една по бутовите :o :o :worried:hock: Луѓе се згрозив.никој не знаеше каде да гледа.Девојчево се вцрве,пет часа после не идеше.По само месец дена излезе скандалот со друга ученичка.И тоа другарка на ќерка му.Е сега знам некој велеа па и таа е крива и мрда газот,ама молим те, таа е дете,тој има фамилија,се,како може,тој е болен човек.И гола да му се слечи не смее да помисли на 15 годишно девојче.
    Казна кажав-за таквите друго не помага-дерење на живо!
     
    На Sara123, MarchelineAmaru и Elenuskaa им се допаѓа ова.
  8. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Ах ова педофилијава е страшна работа... Мислам дека дефинитивно треба да се превземат и тоа РИГОРОЗНИ мерки, како што собираат шинтерите кучиња од улица, така треба да ги собираат и ови манијачиштава!!! Ама на кој да кажеш, на кој да се пожалиш, Груевски сеуште нема поголеми деца кои можат да настрадаат, но и да има тие секогаш ќе бидат заштите од некои “горили’’ така што нема да се соочат со ваков проблем.
     
    На red му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    ete toa sto go spomna kate,tie komentari od tipot"i ona e kriva,i mrdal gazot" e nesto so najmnogu me vadi od takt..nazalost kaj nas vo makedonijava lugeto(ne site ali golem del)se tolku prosti i necivilizirani i neznam uste kako da gi narecam sto mesto da gi osuduvaat nasilnicite,(pedofilot,siluvacot)tie gi osuduvaat zrtvite na napadot,demek sama si go barala sigurno,najverojatno bila nekoja rasturena devojka,najverojatno se oblekuvala provokativno i sl,pa zatoa i se desilo toa..boze mili,nebere na nekoe najnormalno i fino devojce nemoze da mu se desi da go napadne manijak ili pedofil..pa tie takvite siluvaci najmnogu se palat na fini devojcinja,ne go privlekuva nego nekoja sto bez bunenje bi mu dala..niv gi privlekuva toa sto im e zabraneto,sto ne mozam da go imaat.....pa i da se oblekuva nekoja provokativno,ili odnesuva,ne znaci deka saka nekoj da ja napadne i ne mu dava pravo so toa....e poradi tie takvite zaostanati luge i zaostanati svakanje,se plasat kaj nas zrtvite na nasilstvo da prijavat,od strav da ne bidat osuduvani od okolinata..i poradi toa nasilnicite,siluvacite,pedofilite slobodno si setaat po ulica..
     
    На lunchy, MarchelineAmaru, girl-in-love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Toчно е тоа Тање,и мене ме нервира.Таквите девојки ги има навистина ,но без разлика,секој нормален човек не смее да си дозволи да биде заведен од малолетничка.Е баш заради тие примери фините и мирни девојчиња страдаат.КАко и да е педофилот си е педофил,без разлика како си обелечна, убава си или не.А што му парвиме на оние кои и на машки деца му го прават животот пекол?Не е значи до децата,до возрасните е.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  11. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    проблемот е во мозокот на педофилите!!! Тие имаат изопачени мисли и не гледаат убавина или нешто да ги привлече, едноставно бараат жртви...! Уф ми се гади од нив веќе, и добро нека ми каже некој, како може професор, образован човек да има толку болен мозок??? Што е многу честа појава кај нас и денес најнова вест на вести имаше за тој некој наставник што силувал дете цццццц
     
  12. kejsi

    kejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    28
    Е тука можам да кажам една случка која се случи во студенскиот дом каде претстојував додека бев на студии во Ск.....
    ....на катот имаше тоалети кои се неколку 3-4 и се за сите од тој кат......одам јас неколку дена по ред и си се срекавам со еден човек...околу 30-40 години,води едно девојче за рака...девојчето имаше околу 4-5 годинки.....
    ...велам ај ,може е некој родител на некоја комшика па дошол на гости кај неа....
    денес ,утре...муабети со комшики....испадна дека човекот доага секој ден и се затвора во еден од тоалетите заедно со девојчето и седи таму по околе половина час.....
    ...се исплашивме и кажавме на портирна......тие викнаа полиција и ни рекоа кога ке го видите да дојде кажете и ние веднаш доагаме
    ..утредента откако видовме дека пак се затвори со детето во тоалетот јавивме во полиција ...дојдоа ја бутнаа вратата...го извлекоа човекот и право во станица....
    ......кога погледнавме во тоалетот на плочките имаше крв и опаковка од несто слично како од влажна марамица...и на него пишуваше ....нешто у стил за полово чистење...не ме држете за збор точно не се секавам....
    .......дознавме дека девојчето му е всушност керка....дека живее во близина и дека има прекрасна жена и уште едно машко дете....
    ............што човек е тоа ...луге ,такво нешто да и прави на сопствената керка...се запрепастив :worried:hock: :(
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    12.258
    Допаѓања:
    81.193
    Пол:
    Женски
    Бог да чува и брани од вакви луѓе... педофилијата е дефинитивно болест, и ништо повеќе, и јас мислам дека таквите луѓе заслужуваат најстрога казна... исто така мислам дека кај нас долго време е присутна оваа појава, само сега се откриваат тие работи полесно, или пак децата се решаваат полесно да пријават...

    А она што велите, дека девојчето е криво...ај за оние околу 15 години, можеби има и такви, ама оние помалечките, под 10 години - како можат тие „да си го бараат“? Па тие не знаат ни што е тоа човече, не па да си го бараат...
     
    На Inolvidable му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.510
    Допаѓања:
    37.797
    Па како можеш да кажеш ај за овие од 15 год, може има такви? Мислиш дека некое 15 годишно девојче сака некој старец да се лигави по неа или многу многу полошо? Срамота...
     
    На lunchy, eloves и chocolate.chick им се допаѓа ова.
  15. Nigella-sativa

    Nigella-sativa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    срамота и греота...
     
    На Inolvidable му/ѝ се допаѓа ова.
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.939
    strasno..kakvi se ne bolesti, nenormalni pojavi ima.. :?
     
  17. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Во студенските домови само Господ да те чува, се и сешто ќе сретнеш... :?
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.781
    Допаѓања:
    78.562
    Чувството за надмоќ ги возбудува.Болест е,факт!
    Овие нашиве педофили,кои беа тема на муабет пред неколку месеци,се такви какви што се заради средината (која пак вака или онака секогаш се наметнува како причина) која не наметнала траума,ами простотилак и размислуваат еднолиниски,дете е нема да каже,тој не се нашол никогаш во животот да размислува логички,сложено за да ја разглоби ситуацијата или пак мала е веројатноста да е истрауматизиран па ете има лузна која го тера да се освети или својата мала положба во нечиј живот да ја манифестира со надмоќ врз едно невино дете.Сељак прост и со коза прави глупости.
    Е сега оние најлошите обично имаат вакво искуство,имаат искуство со понижувања,комплекси на пониска вредност и слично,способни се широко да размислуваат и да размислуваат во насока на освета ,но врз некој немоќен или пак траумата си го направила своето...Комплексни се мамата нивна,одвратни и искомплексирани копилиња.
    Ама кога ќе размислам,педофилијата нема врска со полнолетството,прво затоа што гледам разголени девојчиња од 16 години кои изгледаат како 25,провокативни и безобразни,па после некој друг некој е крив...мислам не ме разбирајте погрешно,доволно е да излезете во град до 12-1 до кога имаат излез овие маливе,ќе се збуните,изгледаат како девојки од по 20 и кусур...па после постар и се пуштал...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    toj covek ne ziveel vo studenski nego ziveel vo blizina znaci skopjanec bil,ama idel u studentskiot mislejki deka nema nikoj da go zabelezi posto ima mnogu narod,a doma valjda go e bilo strav da pravi takvo neso da ne go fatat..
    a pak ke recam i da se oblekuva provokativno devojka,bez razlika dali e 16 ili 26,nikoj ne saka da bide napadnat ili siluvan i so svojata garederoba ne mu dava dopustanje na nekoj da i go napravi toa..
    toa se bolni luge i zasluzuvaat da bidat zakluceni za cel zivot...
     
  20. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Лилит имаш право за тоа што го имаш напишано во постот, но за едно нешто не се согласувам. Точно дека девојчиња од 15-16 години кога ќе ги видиш навечер изгледаат како 20 и повеќе, но колку и да се провокативни не може да се обвинат дека тие се криви што некој ги злоупотребил. Педофилијата е болест и тој што ги врши тие грозоморни настани е тој што треба да се осуди. Затоа што колку и да се провокативни тие не сакаат некој да ги злоупотреби нели, едноставно се чувствуваат занемарени и мислат дека ако изгледаат постаро ќе бидат приметени од поголем круг на луѓе. Сепак тие девојчиња се сеуште мали за да можат да размислат до каде би стигнале со тоа што го прават, сепак искуството си го прави своето.
     
    На lunchy и girl-in-love им се допаѓа ова.