12 години. Човеков има дете? Ама и тоа не го оравдува вака да размислува, еве незнам... Уште да рече, децата сами си го бараат
Не знам дали има дете, јас мислев некој млад е искрено, зошто го дознав баш кога беше апелот за донација. Уште тогаш ми беше некако ТУ МАЧ она негована фотосесија гол. Абе не само што си го бараат туку и провокативно се облакаат децата. Бог да чува. за туѓ извртен ум детето е криво.
A Шиндре е јавна личност ? Го знам од факултет, фино дете беше...не знам што му стана и од кај вакви киксови
Еве го текстот ако некој сака да го прочита https://antropol.mk/2017/06/17/сексуалноста-над-рационалноста/. Едноставно страшно. Ајде овој болниов што ја напишал бљувотинава, ама па тимот од редакцијата што решил да ја објави? Извадоци: Сексуално маргинализирана заедница се и педофилите, но, од политички причини, мејнстрим квир движењето ги напушти овие луѓе или барем не ги споменува толку често во дискурсот кој го промовира во јавноста. За да го напишам овој текст бев поттикнат од многу работи, од некои изјави на еминентни шефови на катедри, ревносни борци за правда, пред сè конзервативци, кои, замислете, се дрзнаа да кажат дека оној кој имал секс на 13 години немал секс воопшто, туку бил искористен за да некој друг има секс со него, притоа не прашувајќи дали другиот имал 12, 15 или 55 години. Морам да признаам дека, дури и покрај моите крајно слободарски гледишта за слободите на човекот (а и детето е човек), мене би ме заинтересирало, пред да дадам суд колку бил стар партнерот на тринаесетгодишникот, како се запознале и можеби уште некоја друга информација која би се наметнала како важна. Сепак, морам да кажам дека првенствено би ги прашал обајцата дали слободно и по сопствена волја се впуштиле во сексуално општење.
Она "цимолеше нешто за донации" беше перформанс коj требаше да го привлече вниманието на jaвноста кон огромниот броj заболени од рак во Битола, мегу кои и неговите родители. Не сфакам како можеш да имаш потсмевачки став, состоjбата со канцерогени болести во Битола е краjно загрижувачка. Тоа дека тоj лично поддржува и оправдува педофилиja e муабет изваден од контекст, на краjoт на краиштата и не знам што толку ве потресува личен став на анонимец.
@LollySky, па дечково баш и не е анонимец после фото-серијата со бричена глава. Мене цел фб со денови ми беше преплавен со тие слики, од таму и знам кој е.
Малку по малку сите ќе почнат да бараат разбирање оти никој веќе нема да сака да потиснува емоции и потреби. Во некои држави веќе се расправа (може и прифатен е) инцестот ако се согласни и двајцата партнери. Така и ова, а и не дека чудно е, многумина со сексуална активност почнуваат на возраст од 13 или 14 години по своја желба и ако желбата им е малку постар, товарот да се воздржи паѓа на педофилот, оти тој ќе го јаде стапот. Па ајде сега и за нив некаква олеснителност оти нели, него му се сака, на девојчево исто, па зошто закон да оди против нивни желби и потреби, зошто да се кријат? И така малку по малку се ќе отиде у курац, ама сите важно со слободна волја да сме она што вистински сме, макар и водело тоа нашето очигледно кон труло општество. Ќе бараме да се вратат и вери што не држат колку толку под контрола и традиции, оти од крајности во крајности се оди.
Не го дочитав вчера текстот, ама, ако не напишал и за сексоповикателните погледи на кучињата, мачките, козите, кравите..... кои, имаат нагон за парење со својот human .. разочарана ќе сум. На сите ни е јасна сексуалноста кај децата, ама, не знам колку добро ќе донесе поттикнувањето, охрабрувањето. Не знам оти се себецензурирал/ограничил, па не навлегол подлабоко и во правата, потребите и барањата на педофилите како маргинализирана група. Дај,, аман..да зборуваме отворено за се.
Гледав еднаш видео (ми се чини документарна емисија беше на pornhub) како сопствениците имаат секс со своите кучиња, па искрена да бидам изгледаше ко и двајцата да уживаат. Кои сме ние да застанеме на патот на нивното задоволство? Оваа слобода што се бара и дозволува не враќа назад, ќе станеме ко животни само со своите инстинкти оти понатурал од тоа нема.
Што знам, можеби ептен сум либерална во моите ставови за слобода на говорот. Поентата ми беше дека и тоj и било коj друг треба да може да каже што сака, без притоа да биде изложен на jaвен линч. Тоа е поентата на активизмот, да се сврти вниманието на jaвноста кон теми за кои не се зборува. Не мора да значи дека ако тоj има некоj своj став дека и лично го практикува истото. Се согласувам дека темата е многу контроверзна, но не се согласувам со тоа што наместо дебата со аргументи се преминува на jaвен линч.
Дете од 13 години не може да каже што сака, затоа наведувањето на секс (sexual grooming) е исто казниво како и педофилијата, без разлика дали се случило или не делото. (некаде тоа, не знам дали е така кај нас).
@LollySky, не можам да се согласам со тебе. Едно е да се почне дискусија за детската сексуалност но конкретниот текст е апологија на педофилите. Како што дечкото од Финки („Самохраните мајки се канцер на општеството“) ја научи лекцијата дека кажаните зборови носат одговорност, така сега и овој ќе научи дека слободата на говорот не го ослободува од последиците од кажаното.
А јас кога реков дека е чудно, за мене, бакнување на мајки и деца во уста...одма умноболна сум. #СлободаНаГовор
Гледам јаки интелектуалки и интелектуалци го лајкнале/поддржале момакот. Може комотно да пристапиме кон реобмислување на законската регулатива. Казниво ќе биде само кога не е по своја волја, пак и тоа може да се преиспита... го седнуваат дете на распит: кажи му на чичо, што носеше ти дента? - бермуди и маичка. Чичо: а, маичката тесна, а бермудите кратки? Дете: да Чичо: ај рест мај кејс. Или, го прашуваат дете: а ти сакаше со чичо да се допирате? Дете: Малку. Чичо: колку малку и каде малку? Поздрав до интелегенцијата наша која патем не отру по твитер и фб со патетични обиди да се биде што е можно по контраверзен, по мејнстрим. ц Пошто, тоа носи проекти, пари, познанства..отвара врати, големи врати. ц
Не го знам ликов и не го следам, го приметив само со фотосесијата и хуманитарната акција кои секако ме наежија и ми предизвикаа емпатија. Ова сега... не ми се верува што читам Порталов Антропол уште кога се отвори неодамна, ми излезе во предложени на фб, дека со уметност, филозофии ова она го лајкнав, сега моментално unlike му мавнав. Маргинализирани и дискриминирани групи кои заслужуваат еднакви човекови права се пред сѐ такви кои не наштетуваат никому со своите нагони и ориентација, а тука во никој случај не спаѓаат нелуѓе - виновници за трауми кои остануваат за цел живот кај најчистите и најневините - децата. Сега разлистав по фб и многу полиберални личности се згрозени, и баш ги срами луѓето со послободни сфаќања. Скандалозно и одвратно
Никола Шиндре колку што знам не е јавна личност и од таму не се чувстувам комотно да прокоментирам. Се знам со сестра му, покрај неа малку и со него. Ми се допадна фотосесијата од негова страна и ги сфаќам донациите зошто знам и за кој беа и зошто и навистина жално. Ама, тука пресекувам во врска со неговите ставови за педофилијата. Првиот дел од текстот го сфаќам што сака да кажи, ја сфаќам поентата, ја сфаќам психолошката основа на текстот, е сега вториот дел ... не баш, ама тука ќе прекинам и само ќе кажам дека ми е мило што одамна немам контакт со него.
Во првиот дел од текстот сака да каже дека децата сами се одредуваат кон нешто, па од страв дома да кажат кажуваат дека се силувани. Се сеќавате кога 14-15 годишното дете избега од дома за да биде со женет 40 годишен,со прикаските дека ја сакал?! Епа тоа сака Шиндре да го објасни, дека најчесто негрижата од страна на родителите и неинформираноста на децата доведува до такви чинови и потоа психички се доведуваат во такви ефекти да кажажт дека се изманипулирани. 13 годишните деца изгледаат како 20 годишни во град ова е тематика која сме ја коментирале во друга тема. Да има деца што пристапуваат кон сексуален чин и за кои родителите појма немаат. До некаде му ја сфаќам поентата,но не се согласувам за педофилијата. Текстот е со порака за отварање очи плус тоа сите средни школи имаат по 1 час информативно за сексуалното образование. Вториот дел од текстот и јас не му го разбирам и не можам да коментирам. Ова е мојот став спрема ова.
Не е во тоа поентата. Ликот е евидентно гнасен педофил. Зошто е педофил? Затоа што не пишува ништо за деловната способност на децата. А како такви се сметаат лицата до 14.години. Значи ако е навистина загрижен за правата на децата да решаваат во свое име треба да бара деловна способност, да може 11 годишен дечко да полага за кола, да може 10 годишно девојче да потпише купопродажен договор за стан итн. Бизарно, но логиката е таа. Но не, ликот е страшно загрижен за деца на кои наводно им се сакало секс со 55 годишни особи. Значи воопшто не го интересира ниту еден аспект кај децата надвор од сексуалниот. А кои се тоа особи кои ги интересира сексуалниот аспект кај децата? Педофилите. И кога е веќе така, решението за пропагирање на педофилија е елегантно, иако малку демоде. Спојлер: ..............