Деца од 13 години не знаеле што е секс и немале.....хмм како да не. Дај ѕирнете малку наоколу. Не ми е скроз океј текстот на шиндре ама претеравте со линчување
Тој имал 15, таа над 35. Милфица машала. Му била професорка по француски, го учела како се барата со јазикот.
Штoм и пoсле 30тинa гoдини уште е врзaн зa неa a не е oбичнa симпaтијa штo мoже дa се јaви кoн пoстaр прoфесoр, oчигледнa е штетaтa нaпрaвенa oд педoфилкaвa ненoрмaлнa. Мислев декa кaкo вoзрaсни се зaпoзнaле и пoчнaле врскa пa штo сaкaaт некa прaвaт, aмa тoј oд 15 и уште не мoже дa се oттргни oд бaбaвa, oти...љубoв? Или некoј дoбрo психички гo сјебaл? Дa беa сирoмaшни ќе беше епизoдa oд криминaл мaјндс, тaкa беше?
Што е спорното?! Оваа сериозно е сексуално репресирана. Ако по дома ви викале дека секс е ненормална работа не го препишувајте на општеството. Имате проблем дома, а ако си жена, имаш проблем со татко ти. Во мојот свет ни на 13 години не ми бил презентиран како таков, а потоа како дел од цк водевме едукации за помали каде никако како такив не сме го презентирале. Текстов е спорен и точка! Темите кои се опфатени бараат широк спектар на приоди и анализи, а не сувопарно едноаголно јадење трици. Сексот освен од примарна точка, е многу социјален, емотивен и психолошки афектиран. И не е квази длабок заклучок дека мозокот е најголемиот сексуален орган, а истиот во време на пубертет знаеме како функционира. Дај доста со обиди за пролиберални искаканици да не почнеме со правата на децата и обврските на возрасните. Мизерни се вашите обиди за широки погледи. Не се работи веќе за детската сексуалност, туку за психолошки проблеми кај мали деца заробени во возрасни тела.
Многу без веза е што се обидувате од општесвен проблем да направите политички, "Либералната власт" ќе легализирала педофилија, некрофилија, зоофилија и што уште не. Колку што знам, во цела Европа педофилијата е казниво дело и легалната воздраст за консензуалност е 16 години. Знаете ли која држава се обиде пред помалку од една година да ја намали легалната консензуалност на 12 години? Конзервативната Турција, затоа што само на конзервативни држави не им е гајле за зашита на ранливи категории на граѓани. И ве молам, не мешајте педофилија со хомосексуалност. Во најмала рака гадни сте. Тоа што 2 мажи или 2 жени прават зад ваши очи е најмалку ваша работа. Тоа што некој решил да брка мали деца недај боже да им остави трауми за цел живот - тоа веќе е работа на целото општество.
Да но слуачаите на педофилија најмногу се меѓу машки полови т.е чичко и детенце @DAngel Штета што има само хемиска кастрација а не и физичка!
сеуште ме чуди како тоа во 21век љубовта меѓу возрасен маж и младо момче е табу, впрочем телото е лична работа и секој бира и има право да прави што сака со него
Деца од 13 години може понекогаш да имаат секс со свои врсници и врснички. Не треба но ете, се случува. Ликот дроби нешто за 12 и 55 годишни, со акцент на хомо однос. Најмалку што треба е јавен линч, кога веќе оној со бесење на бандера е нелегален... Постои огромна разлика како општествата ја третираат женската од машката педофилија, двојните стандарди се присутни. Ако 45 годишна женска особа заведе 14 годишна машка особа ретко кој се потресува. Зошто е тоа така не знам... Да, но во текстот се форсира хомо педофилија или поточно кажано педерастија.
Јас уште кога го прочитав текстот си реков дека дотичниов ќе им направи најголема штета на навистина маргинализираните групи и тие што се за нивните права. Неговото забегување на ваква најчувствителна тема и тие уште пар екстремни ликови што го оправдуваат (како твитерџикава погоре Ангела), се ко кец на десетка за екстремиве во спротивен правец (кои ставаат и хомосексуалност во ист кош и кои и нив би ги истребиле) дека ете, навистина биле во право. Па уште додај и малку од актуелната политика... genius. Педофилијата и зоофилијата и нивното поддржување не се либералност и некаква нормална идеологија, туку настраност. Никој освен такво малцинство екстремни... (wanna be) контроверзни (би ги нарекла, не либерални) ликови, нема да ве нарече конзервативни поради природното најстрого осудување и одвратност кон вакви појави.
@Lilit колку што знам сексуално вознемирување е принуда за секс или било што од таа природа, а не шеги за нешто интимно.
Нема врска ова со Анархија, во анархични услови педофилите би биле бесени по бандери или влечени со возила низ улиците додека се претворат во безоблична крвава маса. Хаос и анархија не се синоними. Настрана Хаклидики забавите и тие ствари којзнае каква порака на рајата праќаат такви настани...
И шеги за нешто интимно се сексуално вознемирување. Сексуално вознемирување е и кога ќе ти подвикнат и ќе те иссвиркаат на улица, а тие само се шалат. Сексуално вознемирување е и кога одиш по улица, а манијакот зад тебе коментира "како би ја ебел плавушава". Тој само се шали, во неговата глава, ама тоа е сексуално вознемирување.
Во ред тоа, но Намбла, америчката педо организација оделе на заеднички паради со хомо популацијата. Педерастијата е хомосексуална појава а од неа до хомо/педофилија е само еден чекор.
На друго нешто мислам. Значи ако некој ти свирка на улица и ти довикува можеш да претпоставиш дека сака нешто сексуално со тебе иако немало физички контакт, ама ако на некоја во школо и зборат ти си била со овој или со оној или вака и така си правела тоа е малтретирање од друга природа (не дека ова оправдувам) ама не од сексуална.
Сите случаи на педофилија се помеѓу некој возрасен и некој малолетник. По твојата логика би требало да забраниме секс на сите возрасни, за секој случај да не излезе некој од нив педофил. @Monna.Monna а маубети од типот оваа лесно би ти дала не се сексуално вознемирување? Или од типот оваа му го пушела на шефот па стигнала на повисока функција? Жално е колку многу жени се соочуваат со сексуално вознемирување на работното место во денешно време, ама си мислат дека сето тоа е нормално. Чепкањето по сечија интима мора да има граници
@DAngel тоа е веќе повреда на морал и личност, си има и за тоа посебни прописи ама мислам дека не може да се регулира на ист начин со фактичка принуда за секс на било каков начин.
Не знам кон кого тоа се обрати, @DAngel.. ама,нашите коментари се однесуваат на текстот на Шиндре, не знам дали го прочита цел? И на коментари на поддржувачите на Шиндре, дел од нив се од баш ЛГБТ друштвото. И особено, ликов од коментарот на Лилит. Сите ние кои сме против ова, очигледно сме затуцани, патријахални... они се прогресивците. Многу добро знаеме во кои држави е дозволен сексот со деца. Баба ми ете почина, иначе ќе ја ставев на фејсбук да им зборува за во нејзино време... дека тогаш тоа било така, дозволено... дека она за што они зборуваат не е ништо модерно и ништо убаво.
@zhap4e тестот на Шиндре ми е толку гаден колку што ми стана и неговата појава од кога го прочитав. Го слушав на Срамота, ќе ставам видео во спојлер Спојлер и не ми се виде како нешто посебно интелигентна личност, ниту некој претерано пријатен карактер, па не можам ни да сметам дека нешто што лик како него го каже би држело вода. Намерно не цитирав никого, постот се однесуваше на ликови кои тврдеа дека ако ја подржуваме хомосексуалноста како нешто нормално - можеме да очекуваме дека и педофилите ќе си ги бараат правата. Ликови како Шиндре, Ангела чинам беше таа погоре, и ним сличните безмозочњаци, се срам за целото општество, не само за ЛГБТ заедницата.
Ок, оти такви гадости се изначитав и повеќе видов поддршка за Шиндре да не биде линчуван ради „слобода на говорот“, одошто прочитав дека некој се згади од Шиндре (па веќе осеќа човек потреба да праша) или од сите оние кои го поддржаа. Синоќа и кај Катерина Колозова видов дискусија, пардон..немаше таму дискусија, беше вулгарно и безобразно нападната од еден простак...ќе го пронајдеш, не е тешко, каде буквално се обиде да ја обвини заради критиката кон Шиндре дека допринесува за тоа што инбоксот на Шиндре бил преполн со закани. Демек, нејзината критика кон Шиндре, била работава охрабрувачка за таквите ликови кои сакале да го линчуваат Шиндре. А, коментарот на Шиндре... ич не е штетен. Чудесии.