@zhap4e а Катерина Колозова го променила мислењето, затоа што баш кај неа не гледам никакво повикување на насилство?
Немаше повик за насилство. Имаше напишано критика за Шиндре и текстот негов. А, х лик ја нападна неа. Ама, го избришала и сега има гледам само коментар дека Шиндре не заслужува линч.
„Соодветно на самиот поднаслов на мојов краток текст, сакам да кажам два-три збора за детската сексуалност и како на неа се гледа во општеството, глобално (иако немам соодветни знаења и познавања за да можам целосно да ја опфатам темата), но и локално (во оваа вукојебина). Имено, сите теоретичари, аналитичари и активисти за сексуалните слободи, за родовата рамноправност, за ЛГБТИ прашањата и за детските права никогаш немаат кажано ниту збор за детската сексуалност. Детето тука не го третираат како сексуално суштество, тие секогаш се позагрижени тоа да не е силувано, да не е заведено, да не е малтретирано, да не е вклучено во детска порнографија. “ Човеков смета дека живее во ВУКОЈЕБИНА бидејќи тука детето не било третирано како сексуално суштество! Иди у Турција, еби се со 12 годишници, ако таму ти е подобро! „За да го напишам овој текст бев поттикнат од многу работи, од некои изјави на еминентни шефови на катедри, ревносни борци за правда, пред сè конзервативци, кои, замислете, се дрзнаа да кажат дека оној кој имал секс на 13 години немал секс воопшто, туку бил искористен за да некој друг има секс со него, притоа не прашувајќи дали другиот имал 12, 15 или 55 години. Морам да признаам дека, дури и покрај моите крајно слободарски гледишта за слободите на човекот (а и детето е човек), мене би ме заинтересирало, пред да дадам суд колку бил стар партнерот на тринаесетгодишникот, како се запознале и можеби уште некоја друга информација која би се наметнала како важна. Сепак, морам да кажам дека првенствено би ги прашал обајцата дали слободно и по сопствена волја се впуштиле во сексуално општење.“ Ау! На 13 години не биле децата искористени за секс, сами си го барале,, имало причини зошто имале секс, може си барале! Не читав до крај... не можам, имам дете, не сакам да расте во општество со овој поддржувач на секс со деца...
Не знам што му беше поентата на Шиндре. Јас го знам од еден семинар, тој оди по нво, ама ми остави впечаток дека е добро момче и паметен. Е сега, после некое време на ТВ го гледав дека се појавува како поддршка на ЛГБТ заедница. Геј е нели?Не знам, да не тврдам нешто, а да не е точно. Не знам од каде вакви текстови. На такви теми треба стручни лица да пишуваат, а не кој стигне и да лупа што ќе му текне. Сепак е тоа чувствителна тема и не може секој да си зема за право да пишува колумни. Видео ако имате ставете, сакам да видам што кажал. Инаку дечкото тогаш спомна како демек јас не сум Македонец, не можам да кажувам за Македонците, а презиме Ристески се претстави, си реков во себе што збори човекот, што е ако не е Македонец?Добро, можеби е Влав, е не е важно, ама ме зачуди со одговорот.
'It pays to keep an open mind, but not so open your brains fall out.' - Carl Sagan Шиндре и неговите поддржувачи се очигледно во оваа група на луѓе кои од преголема желба да бидат слободоумни и прогресивни пишуваат ствари кои стварно звучат како да им испаднал мозокот од главата. Скроз се сложувам со @Nausicaa - тексот не може да се протолкува никако поинаку, освен како апологија на педофилијата - иако авторот се потрудил да го замаскира во текст за сексуалната репресија кај децата од родителите и од општеството. Човеков како заклучок на своето епохално излагање го напишал следново: што е, се разбира, невидена глупост. Мене заклучоков ми звучи како да го напишал некој кој немал секс никогаш во животот и кој си замислува дека тоа е нагон кој ти го исклучува мозокот и прави да дејствуваш само врз база на инстинкт. Милиони луѓе низ светот се доволно рационални, дури и кога се обземени од сексуална желба, за да паузираат и да стават кондом пред да имаат односи, милиони други свесно се одлучуваат да немаат секс со некого иако ги привлекува, од најразлични причини. Поентата ми е дека човекот е рационално суштество и дека и кон нагоните пристапува на тој начин. И гладта и жедта се нагони, па луѓе свесно си го контролираат внесот на храна и одбираат што јадат - не се претвораат во избезумени термити у првиот момент кога ќе здогледаат јадење. Буквално истото е и со сексот. Е сега, у однос на делот од муабетот за сексот помеѓу деца и возрасни луѓе, како и божемната согласност на тоа од страна за децата. Има добра причина зошто децата не се сметаат за полнолетни до 18 години - зошто не смеат да возат, да гласаат, да работат, итн. И стварно не разбирам зашто сексот би требало да биде исклучок од ова. Хипотетичко дете од 12 години можеби навистина има желба за секс со некој 50-годишен, но тоа дете нема доволно развиена свест и расудување за да ги согледа сите последици од таквата одлука - и не зборам само за општествените табуа. Поентата ми е, не е доволно само да се има желба за да се направи нешто и тоа да биде доволна причина за да го направиш истото.
Оптимистичка варијанта е дека ликот тоа го пишувал поради забеганост со опен мајнд ситуација. Песимистичката е дека сака да секса деца.
Ама истиот не би сакал да седне во такси управувано од 12 годишњак. Пошто, нели, загрижен е за согласноста.
Најголемиот проблем лежи во пристапот на оваа тема. Шаблонот кој уште од рана возраст наложува на децата да се имплементираат негативни ставови кон сексот. Ставови кои во подоцнежните години резултираат со чувство на вина, нелагодност, и прават проблем кога actually треба да се стапи во сексуален однос. Сте помислиле некогаш, што ќе се случеше со нас да бевме поинакво воспитани во однос на ова прашање? Што доколку дома наместо да ни го менуваа каналот на телевизија во моментот кога ќе почнеше еротска сцена во филмот, само ќе ни речеа дека е тоа нормален процес, кој кога ќе бидеме доволно зрели подобро ќе го сфатиме? Или наместо да не караат (или тепаат) кога ќе најдат списанија со слична содржина најотворено ќе разговараа со нас за тоа? ИЛИ, во најдобар случај - ќе ни објаснеа дека сексот треба да биде прекрасен чин кој служи за уживање, и чин преку кој се искажува љубов? Ако ние, нашите родители, и сите претходни генерации живеевме во таков свет, каде преадолесцентното сексуалното воспитување ќе постоеше и третираше како најнормална човекова појава и нагон (што во суштина и е), голема е веројатноста дека сексуалноста ќе имаше сосем поинаква димензија денес. Друго, вистинските години за стапување во полов однос се многу дискутабилни, од причина што често возраста не соодветствува на зрелоста. Некој со 15 години може да биде сексуално позрел и посигурен дека сака да стапи во сексуални води, за разлика од некој полнолетен, па и постар. Така да тука нема правила. Треба да има правила кога репродуктивните органи се сеуште недоволно развиени, (ова особено важи за женските деца), и треба има правила (најчесто и санкции) кога детето се присилува на сексуален однос, што е сосем нормално и коректно. Не сум поборник за морализирање, и верувам во детската сексуалност. Но, тоа секако не ја оправдува педофилијата од етички и морални причини кои ги наведов погоре.
Имено, тоа и ми беше муабетот. Замисли, се наежија еден куп луѓе од муабетот дека на деца кои кај и да е ќе влезат во пубертет им се објаснува за градба и функција на полови органи, за менструација, за ејакулација, па дека ќе стапат веројатно како тинејџери во односи па дека мора на време да научат да се заштитат и како да се заштитат од несакана бременост и сексуално преносливи заболувања итн. итн. Според нив, веројатно треба да се остават децата да растат во заблуди дека сексот е нешто срамно и за зборување а камоли за правење, па дека ако осетат нагон и се самозадоволат, или случајно при спиење ејакулираат машкиве, дека автоматски ќе горат во пеколот. Нашево општество испадна хиперултраконзервативно општество. Пред уште некој да падне во несвест, да објаснам дека УНИЦЕФ лично ги има помогнато и одобрено прирачниците наменети за основно образование кои ги спомнав и прикачив вчера, а изработени се од тимови на психолози и педагози кои веројатно ќе ги препознаат студентите од соодветните факултети. Се дури нема предмет Сексуално образование и тие прирачници вршат работа. Покрај другото во нив има и објаснето како да се препознае педофилија и сексуално вознемирување, нешто што родителите мора да им го објаснат на децата уште на шест-седум години но чисто се сомневам дека нашиве душегрижници го прават и тоа.
И јас се целосно сложувам со @Nigredo Odor и @LollySky дека сексот не треба никогаш да биде табу тема, Баш затоа што е табу тема многу деца ќе премолчат од срам нешто што им се случува или им се случило, или ќе дозволат на "некој чичко" да им направи нешто што не им е пријатно ама тој ги убедил дека тоа е сосема во ред. Ист е случајот и со силувањето, од срам мочќат повеќето жртви, ист случај е и со сексуалната злоупотреба на работното место. Ама консензуалност од дете од 13 години, не, не и не. Во никој случај.
Зoштo упoрнo мешaш сексуaлнo oбрaзувaње нa децa сo oнa штo е вистински темaтa oвде? И децa нa oдреденa вoзрaст кoгa ќе пoчнaт сo мaструбирaње знaaт декa тoa е oк, знaaт декa не прaвaт ништo лoшo мaкaр им ги криеле рoдителите пoрнo списaнијaтa. Се прaшувaм зoштo пoвеќетo знaaт декa не требa дa спијaт сo пoстaри чичкoвци и пoкрaј тoa штo реткo кoј рoдител седнaл сo нив дa им гo кaже oвa тaкa директнo? Кaкo знaaт декa е oк дa мaструбирaш a не е oк дa имaш секс сo пoстaри личнoсти? Не велaм декa не требa дa им се кaже глaснo и јaснo и сум зa сексуaлнo oбрaзoвaние, нo стaвoвите креирaни нaши лебдaт вo вoздух и ќе стигнaт дo нив нa oвoј или oнoј нaчин. Пa aкo пoчнеме дa збoриме декa е oк дa пoчнaт дa ги зaдoвoлувaaт свoите пoтреби oд мoментoт кoгa ќе ги пoчувствувaaт и сo кoгo сaкaaт, тoгaш тaкa и ќе биде. Oнa -aмa сaм требa дoбрo дa oдлучиш дaли си зрел и спремен, им дaвa уште пoгoлемa сигурнoст декa вистинa се свесни и дoвoлнo пaметни сaми дa oдлучaт. А не е тaкa, тoa бaр (требa дa) е јaснo.
Реши ли некоја институција да се позанимава со овој? Што знам, би требало од полиција да извршат разговор со него, или да добие некаква тужба, па од суд да биде упатен во соодветна медицинска установа... Оти овој ќе да е поопасен од што се мисли, не само педофили, охрабрува и разни други манијаци, нели, сексуалниот нагон бил побитен од рациото А вие кои му барате оправдување, излезете од розовиот свет на идеалите и соочете се со реалноста која ни малку не е наивна. Се разбира дека многу тинејџери се впуштаат во сексуални односи, девојчиња обично губат невиност на возраст од 16-17, што не е крај на свет. Туку, должност на општеството е да едуцира со цел превенција од болести, несакана бременост, последици по психичкото здравје на младата личност, и т.н., ама во никој случај не треба општеството и да ја поттикнува малолетната популација на секс, како тој што прави. Не е секој тинејџер на ист степен на емотивен и физички развој, прво и основно, па да му порачуваш дека му е време да има односи на толку или толку години. И не заборавајте дека постојат многу малолетници кои самите се манијаци, па ваква отвореност кон сексот може да ги направи сексуално агресивни кон други деца. Ама и што прашувам јас дали некој се занимава со овој што јаде бурек на интернет, кога улиците вријат од педофили и манијаци, се и знаат кои се, па багер не ги крева од таму.
Проверував на сајтов Антропол дали најпосле можеби им текнало да го отстранат скандалозниот текст, и еве на што прво наидов, од денеска: https://antropol.mk/2017/06/25/изјаснување-на-никола-шиндре/ Со деактивиран профил се правда дека не бил добро разбран, исто како оној твитерџијата
Од кога треснат глупост сите се оградуваат. И јас денес гледав по ФБ, Антропол пишале дека тоа не е нивни став, тие објавуваат кој што ќе им прати, па ако некој напише спротивен став од оној на Шиндре и им го прати, ќе го објавеле и него. Антропол, чинам, имаа ривју опција овозможена на нивната страна, сега гледам ја тргнале.
Тоа што тој го деактивирал профилот и го отстраниле текстот не значи дека го решиле проблемот и дека тој “несфатен“ wannabe педофил во оваа наше затуцано општество нема да заебе и уништи нечиј живот. Тоа што денес имате 15 годишни девојки кои одат на училиште со танга гаќички на проѕирна гардероба, со шминка и штикли, излегување преку викенди и пијанчења е кривица само на ВАС и на никој друг. Сакате да живеете во “прогресивно и модерно“ општество и од една страна сета деструкција да ја легализирате и пацифизирате. Вие сте тие мајки кои водите ред за вашите деца. Ок, денес децата ги праќате да одат во училиште, а таму ЛГБТ заедницата ги образува вашите деца. Факт е дека ЛГБТПН заедницата победува на сите полиња, нивните морални вредности пополека стануваат наши вредности на живеење. Јавниот сервис го окупираа и погледот кон нивната заедница од генерација во генерација омекнува. Штом кај нас наказа како Боки 13 стана хуманитарец и водител на сите телевизии што ли тогаш се случува во земји како САД и УК? Не би сакал да знам.
Свесен ли си дека со мешањето на вакви ствари во тема за педофилија не си многу подобар од авторот на текстот што вели дека ,,децата можеби и сами си го бараат и сакаат“?
Во право си за ова. Шиндре го немам за пријател, завчера му го гледав профилот и видов дека имаше и закани во коментарите. Вчера сакав да го ѕирнам пак профилот, ама не успеав да го најдам. Значи го дективирал под притисок на сите критики. И медиумите се виновни и нема што да објавуваат колумни од секој. Бил граѓански активист, па што ако? Тоа не значи дека треба да пишува што ќе му текне. Во право си дека се е исопачено и дека ненормалното станува нормално. Денес деца на 15 години дечковци дома носат, и гледаат другарките една од друга, па ако на некоја тоа не и се допушта се буни кај родителите. Еее какво детсство имавме ние, каква младост, какво дружење. Денес за жал нема ништо од тоа. Тогаш ако некој пушел цигара негде па го виделе, родителите дома се караа, а не па за пиење и не знам што уште.
Проблемот е токму во тоа што стручните лица или не пишуваат или пишуваат премногу стручно па пошироката јавност не може да ги разбере. Држи вода... вагината не е доволно оформена да речеме на пр. на 12-13 години, продирањето со пенис и други предмети може да доведе дури и до оштетувања. Но тука треба да се прошири и темата и да се зборува отворено! Многумина под секс подразбираат само контакт пенис-вагина, а се знае дека постои нешто што се вика и орален секс и взаемна мастурбација кои во тој механички поглед се побезбедни но во биолошки поглед (бактерии, вируси...) ризикот може да постои. А факт е дека (не сите, но) многумина адолесцентии тинејџери меѓусебно се задоволуваат на тој начин. Понатака произлегуваат натамошни прашања, дали се тие меѓусебно педофили но и потребата да се дефинира или редефинира поимот педофилија (не може 18-20 годишник што орално ја задоволува девојка му од 15-16 да е педофил и обратно) и тн. и тн. Многу широка тема во секој случај...
Немам деца, ама мислам, подобро да го донесе дома па да видиш со кој се "дружи" ќерќа ти, наместо да се крие по ќошиња и да немаш појма дека воопшто има дечко, па ти каже онака, изненадно, дека е трудна, а ти мислиш невината на мама уште ни за рака со машко не се држела. Баш тоа збориме, разговор за врски и секс со родител никогаш не треба да биде табу тема.