Сите истото го кажувате ама со поинакви зборови 1. Сите се против педофилија...Сите се сложувате дека тоа е болест, а педофилите се изопачени манијаци со психичко пореметување. 2. Сите сметате дека децата не треба рано да почнуваат со сексуални односи, но јасно ни е на сите дека модерните генерации се порано и порано се впуштаат во тоа нешто. 3. Дали од мала возраст да се разговара со децата за сексуални односи (заштита, болести, несакани бремености) или да биде табу тема? Е, овде има спротиставени мислења, но ова веќе е друга тема и не знам што го мешате тоа со педофилија. Темата е педофилија. Дали поддржувате педофили? - НЕ. Дали ако некој ваш близок е педофил ќе го пријавите? -ДА Дали сметате дека педофилија е психичко пореметување? -ДА Дали на педофилите треба да им се даде шанса да живеат нормалмно како хомосексуалците? -НЕ Од прилика вака би требало да тече темава....Многу измешавте.
Тоа се решава на еден многу убав и ефективен начин. - Ќерко, сакаш да се дружиш со машки, да излегуваш со нив, да спиеш иако си сеуште малолетна, неразвиена, недорасната? Тогаш ќерко сноси ги последиците на твоите одлуки, а ти Бато (машкото) штом сакаш да глумиш фраер и да ја намамуваш мојата ќерка за евтин секс тогаш спреми се да бидеш татко и домаќин човек. Ако не сакаш тогаш ќе бидеш ликвидиран и ставен под гилотина. Нејзините браќа имаат законско право да те ликвидираат според уставот. Проблемите ќе бидат решени за 15 минути по брза постапка. И ред во куќа, и ред на улица, а отпадокот и сите тие дегенерици ќе имаат огромен страв да сторат кривично дело. Денес ние ги пацифизираме таквите работи, постојат милионски уставни под акти со коишто тие се штитат, па затоа не им е ниту страв некого да повредат.
Шиндре бееее... он само сакал да зборува за сексуалната едукација на дечињата. Срце Демек, сите ние глупи, оваа групичкава умни, мудри. Абеее. Пештерски луѓе сме, стварно. Треба да научиме да ги читаме оваквите текстови поинаку од тоа како се пишани да бараме по-по-подлабока филозофија зад простата порака Ај у реду.
Не го слушај Мирољуб, тој е секташиште Маргинализирана заедница биле ццц Којзнае на каква заедница мисли, педофилски клуб Pedobear или кафе-бар Pedomraz освен ако не се собираат на дарк нет некои болесници...
Реакција на Мирјана Најчевска по повод текстот на Шиндре. http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/ Спојлер Отворањето на расправа за оваа проблематика во јавноста ми е на исто ниво како и инсистирањето да започнеме процес на нулта отпад во Македонија. Според мое мислење, едноставно, нема ни минимум услови за такво нешто и може да биде само контрапродуктивно. За овој аспект на сексуалноста може да се разговара (денес во Македонија) само во најтесни научни кругови ( па и таму е проблем). Од друга страна, постоењето на табу теми ме вади од памет. Дајте бре луѓе да разговараме за се. Посебно за она што ни е непријатно, што не прави неконформни, што ни буди негативни емоции. Кога некоја тема ќе се прогласи за табу тоа вообичаено значи дека сакаме да го избегнеме идентификувањето на некој проблем (независно дали е рационален или нерационален), не сакаме да ги откриеме корените на проблемот и не сакаме да изградиме соодветни алатки за справување со проблемот. Се додека проблемот не не акне по глава со целата своја набилдана силина добиена во годините на премолчување, заташкување и избегнување. Дивјачките изливи на бес кои ги гледам по социјалните мрежи и во конзервативните портали кои го величаат ДПМНЕ, кои завршуваат со бесење, убивање, каменување, претепување и слично се само показател на ниското цивилизациско ниво на средината во која живееме, меѓутоа и застрашувачки знак на неспособност да се разговара за горливи теми и навистина да се разрешат комплексни односи меѓу луѓето. Колку што можам да прочитам Шиндре не зборува во текстот за педофилите туку за децата од аспект на нивната сексуалност. ПРЕДМЕТ НА РАЗГОВОР СЕ: ДЕЦАТА И ДЕТСКАТА ПЕРСПЕКТИВА. НЕ ПЕДОФИЛИТЕ И НИВНИТЕ ЖЕЛБИ, НАМЕРИ, АКТИВНОСТИ И СЛ. ДАЈ ВЕ МОЛАМ СОБЕРЕТЕ СЕ. МЕЃУ ВАС ИМА ПОВЕЌЕ ПЕДОФИЛИ ОТКОЛКУ ШТО САКАТЕ ДА ПРИЗНАЕТЕ И ВИЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ КАКО ФИЉАН ЛУЃЕ ЗАТОА НЕ МИ СЕ СИЛИТЕ МНОГУ (http://kvadraturanakrugot.crnaovca.mk/2010/10/28/souchesnishtvo/). ТОГАШ КОГА ТРЕБАЛО ДА СЕ РЕАГИРА НЕ СТЕ РЕАГИРАЛЕ. Од друга страна, ако некому му паѓа црвено перде пред очите на спомнување на сексуалност на деца и секс меѓу дете и возрасен ќе мора прво да го тргне пердето па да почнеме да разговараме (http://nctsn.org/nctsn_assets/pdfs/caring/sexualdevelopmentandbehavior.pdf ). Посебно ако се има предвид дека дете е и човек со навршени 17 години, а возрасен е човек со навршени 18 години. Ајде ве молам кажете ми што има неприродно во односот (па и сексуален) меѓу еден 17 годишен човек и еден 18 годишен човек. Значи – прво тргање на пердето, па разговор. Впрочем кај нас е дозволен брак на луѓе кои навршиле 16 години. Многу често станува збор за луѓе кои веќе стапиле во сексуален однос со други (најчесто) полнолетни луѓе (значи, Законот за семејство за овие со пердињава на очите е закон кој штити педофилија). Она што можам да го видам од текстот е дека се поставува прашањето: каде да се обрати за помош, консултации, поддршка детето и кому да ги постави прашањата поврзани со сексуалноста, своите желби, двоумења, стравови, несигурности, …? Еве, кажете ми: кому? Ова е едно многу легитимно прашање на кое мора да најдеме одговор. И да, децата се сексуални битија, а не асексуални кукли. Не е проблем голото дете. Проблем е детето облечено како секс бомба. И да, најголем дел од детските фестивали и манекенски ревии и роденденски прослави се морбидно извитоперени сексуализирања на децата кои немаат врска со нивната природна сексуалност и само ги претвораат во гротескни фигури. Преку п…. ми е од ДПМНЕ и нивното провоцирање на лажен морал. Накратко, погрешно сме го разбрале текстот и ние што сме згадени од напишаното сме вмро-овци
Najchevska approves this shit. Една од негативните страни на интернетот е што секоја будала може да дојде до израз. За мене ова се ликови кои можеби имале несреќно детство, не биле воопшто социјализирани или едноставно го мразат светот и сега пробуваат да прават скандали, да ги нервираат останатите - тоа ги прави среќни. Затоа IGNORE.
Најмногу мразам откако некој ќе тресне ноторна глупост и кога на негова сметка ќе стигнат негативни реакции, наместо да се извини, како нормален човек, да рече „Зграшив, не размислив што пишувам’, он не’ убедува дека уствари не сме го разбрале добро, не сакал тоа да го каже. Аха, океј. Значи, секој кој не се сложува со твоите глупоштини е уствари глуп. И не само тоа, туку сите кои не се сложуваат со Шиндре се уствари за репресија на детската сексуалност. Претпоставував дека текстов ќе има ваков спин - „Не е за педофилија, туку за сексуалноста кај децата“, затоа што тоа се гледаше од начинот на кој беше напишан. И да ја немаше реченицава, можда и ќе поверував во тоа. Додуша, има неколку вакви инсинуирачки реченици, ама оваа ми е најрепрезентативна за тоа која е темата за која сакал да не’ просветли авторот. И тука додуша пробал да ја замаскира суштината - пошто ако беше срочена реченицава како „Што се случува кога 50 годишен маж или жена ќе посака да секс со дете?“, ќе беше премногу проѕирно, ама вака според него, детето уствари сакало секс со постари. Океј. Дури и децата да имаат такви сексуални желби, тоа не го оспорува фактот дека потенцијалниот партнер на детето, тој постариот, 50 годишниот е уствари - педофил, од проста причина што сака да има секс со деца. Да го немаше елементот на секс со постари, да - текстов на Шиндре ќе беше скроз за детската сексуалност и можда и ќе беше океј. И да беше текстот само за педофилија и нејзино бранење, и тоа ќе ми беше поприфатливо отколку ова што тој го прави - протнување на педофилска агенда, замаскирано како текст за грижа за децата и нивната сексуална репресија.
Зборуваме за група на луѓе чиј капацитет за расправа е соодветен за нивото на Вмроните, ко што ги нарекуваат. Веројатно и мислат дека македонијава се состои од нив и нивнине следачи и овие, нискокапацитетни амеби (демек) со кои поентираат со коментари од типот на: „даж ивеје МаЌедоња,БРАТУУУ!11“. Нека да им се дава што е можно повеќе простор да се бламираат. Тамам да се видиме кои сме и што сме.
Ја би то клао куме Пред извесно време се вмешав во една полемика на ФБ за време на протестите на т.н. сексуални работнички и дотичната тврдеше дека сексот не бил интимна ствар. Ваљда е јавна тогаш... Осетив како почнуваат да изумираат синапси во мозокот и баталив...
И Најчевска ја има во она видеото што го постирав, цело време наместо "срам" вика "сТрам". Ме фати срам на нејзината неписменост и не можев да ја догледам.
Не сме вмровци но во еден дел сме луѓе кои: дивјачки излеваат бес по социјалните мрежи, кои повикуваат и одобруваат бесење, убивање, каменување, претепување и слично а згора на тоа не ги гледаат ниту ги земаат сите околности во предвид. Свесни ли сме (очигледно не сме) дека со тоа и ние покажуваме исто колкави психопати сме како оние што ги осудуваме а можеби и полоши од нив? А тоа е сериозен проблем присутен во менталитетот на луѓето во Македонија но и Балканот па и пошироко како се движи човек кон исток. Како што вели авторката на текстот, тие: Сите сакаме дивјачки да ги казнуваме извршителите на проблемот а не сакаме да го решиме коренот на проблемот и потоа се чудиме што обесените и каменуваните извршители повторно воскреснуваат и ги прават иситите дела. На пр. во Иран проституцијата но и хомосексуалноста се казнува со смрт (има многу примери), па истата и понатака цути таму - скриена позади врати и ѕидови (има документарци тајно снимани). Колку и да не ми е симпатична авторката на текстот и иако со некои нејзини ставови не можам да се согласам, многу е во право за некои работи! На пр. Спојлер каде да се обрати за помош, консултации, поддршка детето и кому да ги постави прашањата поврзани со сексуалноста, своите желби, двоумења, стравови, несигурности, …? Еве, кажете ми: кому? Ова е едно многу легитимно прашање на кое мора да најдеме одговор Само за разлика од Јанко Бурек не умее тоа да го упрости и соопшти на начин за да ја разберат широките народни маси.
вмр-овците се задоволуваа да ускратуваат лечење на деца и тие да умираат. За воља на вистината не е познат случај да силувале дете, но немаа проблеми со умирање на деца. Самоодбраната нема врска со психопатија туку со одбрана од истата. Индивидуална или колективна, одбраната и ретрибуцијата мора да постојат. Во случајот со педофилите, смртна казна би испратила силна порака кон евентуални сторители. РФИД-чипови за педофили се исто така одличен начин за превентива. Во секој момент ќе биде позната локацијата на педофилот и на тој начин ќе се ускрати можноста за да силува деца. Во ред е да се разбере зошто и како настануваат педо склоности, дали е тоа вродено или стекнато, исто како што е во ред да се разбере зошто некој краде, зошто прави превари, зошто некој убива итн. но тоа не значи дека кон таквите ликови треба да се има емпатија. Тоа е страшно лоша алокација на емоции, ужасна, охрабрува понатамошно зло а може да биде и кобна. Крадел, му се можело, лажел, му се можело...фраер бе. Сега уште фали - ебел дете - абе остај го си има мака и тој, да го разбереме, му се дигна на новороденче...Не! Смрт.
@Abeja Само чекав некој да замеша хомосексуалци на темава и да ги стави во ист кош. Дали си слушнала за consent? Двајца целосно свесни луѓе се впуштаат во сексуален однос, свесно прифатен од двете страни, желба на двајцата. Што е проблемот овде, или како што преферирате да кажете, што е настраното овде? Буквално истава дефиниција важи и за хетеро-секс. Додека сексот со дете (несвесно за последиците), со животно (исто така несвесно за последиците) и со мртво лице (пак несвесно за последиците) е надвор од рамките на однос со consent, а односот без consent е масовно неприфатен и погрешен од морален аспект, сите ќе се сложиме. (Ако некој не се сложува со тоа, сериозно нешто не е во ред со него, било да е стрејт, геј, квир, асексуалец и сите останати ориентации). Секако дека ако некоја личност бара да ѝ биде легално дозволено да има секс со дете, животно или мртов човек нема да ѝ биде дозволено, од причина што тие бараат да се дозволи секс без consent, а секс без consent е енакво на силување. Сексот со consent си останува обичен секс, без разлика дали е помеѓу машко и женско, две машки, две женски, две машки и едно женско, 10 машки и 45 женски итн.
Не случајно го наведов примерот казнувањето на хомосексуалците и проститутките во Иран (и други земји) со смртна казна. Дали поради постоењето на таквата казна ги снема тие појави во тие земји? Не. Така е и со педофилијата. Тоа нема да испрати порака каква што очекуваме туку ќе испрати порака дека убивањето е во ред ако се озакони во правни рамки, и ќе испрати воедно порака дека ако некој некому пречи (од поличтички, бизнис или други причини) и сака да се реши за навек од конкуренцијата, треба да најде начин да го прогласи за педофил бидејќи тогаш ќе го убијат. Што ќе правиш тебе ако ти стават таков чип? Не избрзувај со изјавата дека не си педофил па за да ти стават... веројатно не си, но лесно може да бидеш прогласен (од страна на глупи или злонамерни луѓе) за таков па да ти стават. Да не ме разбереш погрешно, не велам дека нема потреба од заштита на децата и изолација на некои луѓе од одредени средини, но методите кои во бес се предлагаат забораваме дека лесно можат да се свртат против невините исто така.
Точно е дека секогаш не мора да биде вклучена пенетрација. Сакам да додадам дека затоа имаме случаи во кои голем број педофили не ја добиле својата казна. Токму поради немањето доказен (днк) материјал од страна на причинителот, често се забаталуваат сведоштвата на децата. Пак надвор од темата, не знам што толку сте се фатиле да ги браните хомосексуалците... Не, не ми е зборот дека треба да ги напаѓате, but let's be real. LGBT светот е еднакво мрачен, и педерите се еднакво кучки колку хетрашите, и да, и меѓу нив има педофили, исто како и во хетеро светот. Затоа не кршете нозе во нивна одбрана, не се тие ендемски видови кога е оваа тема ставена од дискурсот. Сум за нивните права, апсолутно, меѓутоа исто толку знам дека сексуалната ориентација е минорна, и несупстанцијална за една индивидуа, (а и за темава), а најчесто хомосексуалците кои се надвор од клозетот се бранат со овие ставови кога ќе згусти, нешто како Шиндре. Друго...Таму надвор сигурно постојат десетгодишњаци кои сакаат да се сексаат со четириесет годишни, и можеби кога ќе пораснат нема воопшто да се каат ако се случило тоа, но како може да бидеме сигурни во тоа? Не знаеме каков ќе биде нивниот сексуален, семеен и социолошки развој во иднина. Неретко наидуваме на луѓе кои рано сексуално созреале (не по своја вина), а подоцна се занимаваат со проституција, и тоа е за нив сосем нормално. Тука има и друга крајност, кога ако актот бил од било која причина трауматичен за детето (а најчесто е), станува асексуално, негирајќи го постоењето на сопственото либидо.