1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педофилија

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е исто педофилија и хомосексуализам или проституција, онаму каде што имаме доброволни односи меѓу две законски возрасни особи тоа е тоа...тие се различни ствари и нема допирни точки во претерувањата на реакционерните теократски режими и заслужената казна за тешко кривично дело како што е силувањето или злоставувањето на деца.

    Фино лепо, чип и крај приче :devil:

    И не само за тоа туку психо и социопатијата можат да бидат ако не искоренети барем контролирани со денешната технологија, скен на мозок, тестирање, набљудување на однесување....и ако извесен лик покажува психопатски црти, да му се забрани вршење на јавна должност или било каков вид на работа во која ќе има луѓе под негова контрола. Ок сеа забегав во утопии, политичарите нема самите да се елиминираат со чипови ама тоа е...
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Е сега во ред ова, само би приметил дека од животно не се бара консент за ништо, ни за негово заточение каkо љубимец, ни за негово убивање како храна па така нема логичка конзистентност да се бара консент за секс пошто животињето не е свесен Агент (не знам на мкд јазик ова како е).
    Така да зоофилите не се исто со педофили, да не претеруваме.

    Освен може во Индија, каде што делфини и китови-убици (орки) се прогласени за persons other than human, бидејќи се паметни и имаат свој јазик, така да сега не смеат да се заточуваат по базени пошто тоа е киднапирање таму...
     
    На Bender Rodriguez и Victorian им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @daylight,
    интернетот е прилично брутално место за ситници а не па за тема како педофилија која е една од најболните точки. Дечкото пишува како казните кои ги добиваат педофилите се „ужасни“ и разглаба како е прифатливо 12 годишно дете да им секс со 50 годишен. Какви реакции треба да добие таков текст? Ќе осудувам тогаш кога некој стварно ќе крене рака врз него, дотогаш апсолутно не го жалам. Страв му било да излезе од дома? Епа нека продолжи и понатаму да ги брани педофилите.
     
    На bittersweet, Tanjamm, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Барање дозвола за други работи како овие што ги наброја се сосема друга тематика. Конкретно зборуваме за дозволата за секс и категориите кои ги опфаќа. Нема consent ако другата страна нема можност да ти каже не или не е здраворазумна ако каже да. Под несвесни суштества спаѓаат и животните. Настрана тоа што ги присвојуваме без да ги прашаме дали сакаат. Ако ептен се задлабочиме, и сопствените деца ги присвојуваме без да ги без да ги прашаме дали сакаат, дури им даваме имиња кои не знаеме дали им се допаѓаат, ги облекуваме во облека, ги носиме на разни места без да бараме consent од нив. Ова според твојата логика.

    Самото тоа што не е свесен агент ни кажува доволно за consent-от. Не е свесно - црвено светло. Нема што да бараш понатаму. Нема сигурно да го прашаш, тоа да не ти одговори ништо и да си речеш I'll take that as a yes :D
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, crimson, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ајде да ги укинеме и затворите, зашто сигурно некои 0,1% лежат таму невини, да нема веќе затвори.





    Всушност, општеството никогаш во историјата не било доволно репресирачко и осудувачки настроено кон разните видови сексуални манијаци. Секогаш било приоритет да се мразат, казнат и спалат „еретиците“, атеистите, оние кои тврделе дека Земјата е округла, жените кои ги изневериле сопрузите, припадниците на други вери и националности, луѓето со поинакви политички убедувања... За манијаците не се зборувало многу, се некако се протнувале (освен во изолирани случаи кога соселаните на педофил ќе покренеле иницијатива да му скршат неколку коски), изгледа затоа што се непријатна тема, и плус, власта ја држат главно мажи, а тие се најмалку загрозени од ваквите. Во денешно време, на вознемирувачите и на силувачите им е најолеснето трошењето кислород со сите законски гарантирани права, чак и сожалување кое почнаа да го добиваат. Можеби да биле тие во фокусот уште одамна, денес генот ќе им беше скоро истребен, ама тоа е што е. Иако досега не дознавме, сепак никогаш не е доцна да се почне со чистката и да се провери :D
     
    На Salome, theowndemon, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема моја и твоја логика, или е нешто логички доследно или не е :)
    Ако логичката премиса кажува дека сексот со животиње е грев поради немањето консент и тоа е силување или злоставување или што и да се смета - тогаш недавањето консент за касапење на животното е - убиство. Нема ама, нема зошто, нема како, тоа е тоа :devil:
    Ако животното не може да даде консент за секс тогаш човекот ја презема агентурата во име на козата пример, ќе го казни оној кој ја исексал поради недаден консент.

    Но човекот не се јавува како арбитар во случај на убивање на животното и лице кое ја убива козата, ја дере, ја сече на парчиња и ја пече на оган - тогаш никој не презема агентура за да го заштити правото на козата на живот.

    Тука имаме логичка и морална недоследност, сексот на некој магичен начин е грев во очите на законодавецот, а масакрирањето не е.
    Ако постои начин да се праша козата дали би преферирала да ја исекса некаков лудак или некој добар, фин, поштен чиче да ја искасапи - козата би одбрала да биде сексана :devil:

    За споредбата со дете не би коментирал бидејќи ќе испадне лошо, затоа би апелирал да разликуваш посвојување од заточение. Мачорот пример не го посвојуваш туку го купуваш и заточуваш, или го наоѓаш, или на поклон или го земаш од стационар... и сечеш тестиси, го ограничуваш на 50м2 цел живот итн. Нема да ти е син мачорот него миленик. А синот пак...не е миленик и не го купуваш на пазар3.

    Така да, и покрај сета комична забеганост и лудило на зоофилите, далеку се од токсичноста на педофилите.
     
    На theowndemon и crimson им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Ти ја сфаќам поентата, ама и двајцата имаме двојни стандарди во моментов. Знам на што имплицираш, дури и со согласувам донекаде, ама не е за тоа темата, тука конкретно зборуваме за секс без consent, конкретно секс со несвесно суштество, што е педофилијата, а што исто така е и зоофилијата. Велиш зошто да бараме дозвола од козата за секс кога не бараме за другите работи кои ѝ ги наметнуваме. Јас нема да се мешам во (не)оправдување на другите нешта кои ги наброја, бидејќи навистина не е тука темата. Животните ги спомнав спомнувајќи ја зоофилијата како настрана работа.

    Ова што ти го правиш сега е мерење која е поодвратна од настраностите. Разбирливо е дека силување на човек(дете), ќе ти биде поргрозоморно од силување животно. Јас ги разгледувам случаиве само од поглед на силување, поточно секс без consent, а ти ми зборуваш за убиство без consent, киднапирање без consent, кастрација без consent што е смешно, бидејќи нели никој не би се согласил на такво нешто. :D Ама еве, благосостојбата на животните не ни е битна во тие работи бидејќи според нашите морални утехи и оправдувања, имаме причина зошто им го правиме тоа. :lol: Ама како што реков, не му е место на муабетов во темава.

    Патем, искрено се соменавам дека животно би се согласило на секс со човек. No thanks. :D
     
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.553
    Ау... Најчевска го оправдува овој... аууу
     
    На ADOKI му/ѝ се допаѓа ова.
  9. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Ајде! А таа бројка 0.1% звучит прилично наивно и оптимистички.Дај боже да е така... не верувам.
    Првин постои нешто што се вика слобода на говор во едно нормално демократски развиено општество - не го мешајте тоа со говор на омраза - а токму тој преовладува во голем број коментари. Реакциите можат и треба да бидат разновидни но никако исполнети со омраза и закани.

    Второ, навистина откако го прочитав текстот и ги прочитав многуте коментари на истиот гледам две работи: текстот не е напишан најсоодветно што пак доведува до тоа да читателите погрешно го разберат или не го до-разберат. Но како што објасни Најчевска допира и отвора важни теми со кои никој не сака да се соочи туку само да плука, да се заканува и да тепа.

    Како што го сфатив тоа со ужасните казни веројатно поентата е дека сите педофили ги ставаат во ист кош а тежината на нивните дела не се во сите случаеви исти, како што не се ниту сите наркомани, алкохолочари или дилетанти исти. Има такви што децата ги тепале, ги силувале а потоа ги убиле. Други децата ги манипулирале и ги допирале но физички не ги оштетиле (душевно, тоа е веќе друга приказна), трети само фантазирале за тоа (што кажува повторно многу за нивната психа, нели) но ниту тепале, ниту допреле ниту утепале некого - и сеа сите тие бидат санкционирани на ист начин?!

    За тоа дека разглаба за секс со 50 годишен и мене ми е чудно, но од друга страна па нека разглаба па, што? Не воведува закон дека тоа мора да го прават - само разглаба, правете разлика!

    И ајде бидете искрени, не фантазиравме или не ни беа привлечни тие работи околу 12-13 години? Таа приказна дека повеќето си играле само со кукли и колички е само приказна, последица на закоравениот и срамежлив балкански менталитет.

    Ми текнува како помали одиме на роденден кај машко - постери од пејачи, бендови, природа, компјутерски игри... одиме кај женско, собата изналепена со топлес голи мажи 18-45 и никој не реагира. Што ни кажува тоа за нивните желби? Значи не велам дека секоја желба треба да се трча да се оствари било кога било каде со било кого, но укажува дека таква желба природно си постои и дека може а и треба да биде тема на дискусија во јавноста а не веднаш да се осудува како напишал таков текст.
     
    Последна измена: 27 јуни 2017
    На Cleonika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Одма!

    Затоа што си ја филмаш реалноста. Па ти веруваш дека после смртта, повторно се раѓа истиот човек, што останува за шпански серии од типот невин во затвор. Колку наместени и невино осудени за некакво дело познаваш лично, ама биди си искрен кон себе? Сите за кои јас знам дека заминаа да лежат, стварно се некакви престапници.

    Ама нема што пример, рандом возрасен маж, да се интересира и да дискутира за фантазиите на 12-годишните девојчиња, ниту да се занимава со 13-14 годишници кои отпочнуваат односи, нивна работа, како што треба да биде работа на родителите и воспитно-образовниот систем да ги едуцираат и да ги научат на контрола. Језиво е едноставно некојси да се задлабочува во тие теми и многу говори за него. Што не е јасно? :D
     
  11. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.624
    Пол:
    Женски
    Го видов оваа на вестите и барав да прочитам нешто повеќе бидејќи никако не сакам да избрзувам со заклучок. Прво ако еден дванаесетгодишник сака да има секс со повозрасен таа желба не треба да се испочитува. Подобро кажано ако еден возрасен човек имал секс со дете 14 годишно и помало, тој се става во групата педофили. Без разлика дали детето се согласило или не. И фер е бидејќи човек со здрав разум не би посакал секс со дете тој би одбил. Мали се шансите да биде силувано од детето.
    Како прво тоа дете неможе уште рационално да размислува и врз неговите ставови многу лесно се влијае.
    Се спомна случај каде што детето е на возраст од 15/16/17 а другиот е 18 или повеќе. Овде не станува збор за педофилија, ако детето е согласно на сексот никому ништо а ако не е овде веќе станува збор за силување. До оваа возраст детето веќе треба да биде информирано за сексуалниот однос, а дали тоа ќе биде или не е веќе нешто друго. Затоа треба да разговараме со нашите деца за сексот, не само за последиците туку да навлеземе подлабоко во темата. Што всушност е сексот, за што служи и кога ти би бил доволно спремен. Не си спремен ти уште првиот пат кога ќе ти се посака. И пак треба да им поставиме некоја старосна граница. А дека од секс може да се заразиш со болест и бремен да останеш тоа веќе сите го знаеме.
    Го подржувам ставот дека отворено треба да разговараме со нашите дека но не и ставот ако на дванаесетгодишник му се посака секс со возрасен човек па пушти го демек негов е животот, тоа не.
    Уствари ние овде почнавме за нешто друго да дискутираме што не е педофилија а е добар материјал за нова тема, мислам на тоа дали треба да разговараме со децата за сексот.
    Морам да кажам дека не се согласувам со @Jacques подобро е ако знам ќерка ми со кој се вртка и не не мора одма брак овој да биде домаќин нели ако сака демек да изнудува од неа секс. Немора да значи оваа е причина девојките да мислат дека сексот е срамно нешто и дека тие треба да завршат со првиот со кој ќе легнат па ако тој се однесува лошо спрема неа да го трпи. И зошто мислиш дека твојата 15 годишна ќерка ја искористува тој за секс, сигурна сум дека и таа е задоволна. Оваа ти го наведе како пример со ќерката знам ама само вака кажано можам да го доловам колку-толку тоа што сакам да го кажам.
     
    На LollySky, crimson и Tan4ence им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Шиндре сега ќе има последици, посебно по реакцијата и пријавата од Меѓаши. Требало да размисли. Во случајов не испаднал паметен со оваа колумна.
     
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Секако дека силување на дете е погрозоморно од тоа на коза, пошто козата е мех створење далеку под нас на еволутнивната скала.

    Немам јас двојни аршини, или се бара консент од животињето или не се бара, нема трето.
    Во некои земји е легална зоофилија, во некои ги судат на робија, све е тоа консензус на реалноста.:)
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Нема да има никакви последици. Одма после изјавата од Меѓаши, Шиндре потрча да се доизјасни пред камера (претпоставувам по совет на истите што го бодреле да го објави оној дегенски текст): децата се наше најголемо богатство, не ги поддржувам педофилите и најостро ги осудувам.
     
    Последна измена: 28 јуни 2017
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    242
    Немам прочитано ништо погоре во врска со темава но за педофилите кастрација,затвор. :rock:
     
  16. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    пу пу не важи работава. може нема да има последици, ама секој ќе го плука после тоа. јасно си кажа чоекот (ако можам така да го наречам) претходно.
     
    На Someonespecial, Tanjamm и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Tоа да. Сега цела Македонија го знае, ама по лошо. На фб имаше многу коментари дека ќотек ќе јаде, што реално и може да му се случи.
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Кога ќе видиш..пак си има последици значи..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.938
    Допаѓања:
    12.591
    Да. Сам си го наруши угледот. Утре тој човек ќе треба некаде да се вработи и од нешто да живее. По ова можно е да имаат отпор идните работодавци кон него.
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Ма јок. Секогаш ќе си има работа за него во нво секторот, да не му се сеќирате. :) И тоа, кај сите оние кои го гушнаа после бламов и кои го поттикнаа на бламов. Нејсе. Не е Шиндре грешка, ние сме грешка. Не знаеме да читаме. End of story. Ќе се заборави за некој ден.
    Патем,тој е најмал проблем. Овие, поддржувачиве се поголем. :)
     
    На DAngel, Nausicaa, Gea и 1 друга личност им се допаѓа ова.