Он се потсмева на една ваква осетлива тема со претставување на силувањето како една еротска приказна. За момент помислив дека сум во подфорумот Еротски приказни, а не Силување.
Никој не се потсмева околу педофилија, оладете малку. Повеќето од оние што пишаа знам дека не делат машко/женско како жртва, ниту оправдуваат секс со единаесетгодишник, ниту оспоруваат дека и жртва може телесно да се „возбуди“. Ако не се лажам и машки жртви имало со споделена приказна тука. Многу ретко, но ги имало - и не биле воопшто исмеани. Проблемот е во речникот и стилот со кој е опишано. Не можете да речете дека ни најмалку не ви е чудно вака да се опише реално трауматично искуство. Кој ќе се пронајде и утеши во ова, жити сè? Жал ми е за членот ако ова е вистина, но и да е, на дечково му треба стручна помош за ова, сè уште и сега не ја перцепира правилно случката, ниту пак ја пренесува нормално. Па побогу, од ова манијаци и педофили читајќи би се напалиле уште повеќе на секс со деца Тролањето и измислените приказни на оваа тема се многу сериозен проблем и непочитување кон жртвите, и на таа можност рипнаа членовите. Јас лично за никого не би пресекла дека е трол во теми како оваа или Самоубиство на пример, и таму внимавав со член иако од авион се гледаше дека е 3-4ти профил и не слуша ничиј совет, но ги разбирам сите што реагираа и жално е да се етикетираат. Дајте ве молам, со години се знаеме кој на какви принципи се држи, жално е да се делиме тука и да се расфрлате со такви обвинувања како исмевање на педофилија...
али мислите дека би требало да има смртна казна за `силувачите` сакам да кажам да се донесе еден таков закон во МК ? Јас дефинитивно сум За смртна казна за педофилите и силувачите...
Од нејзина страна се согласувам, таа е крива. Нема сомнеж. Само што малку е нелогично некој да е силуван а тоа да му се допадне. Испаѓа дека и силуван може да ужива во тоа што му го прават. Па и 11 години да имам, ќе викам, ќе кршам, ќе се спротиставам колку можам. Разбирам бил дете тогаш, но начинот на изразување сега е лош некако, особено кога е возрасен човек и знае дека бил силуван. Затоа мислам дека имаше такви коментари.
Да, ама ако се сомневаш дека трола на ваква тема ќе преќутиш, нема да се потсмеваш. Ќе пријавиш на модератор. Оти victim blaming е најлошата работа што можеш да ја направиш. А, и ова Да повториме. Без victim blaming И манијаци и педофили не се напалуваат на форумски приказни. Исто како што силувачи не се напалуваат на кратка суќња. Не им треба ним некој на форум да ги "поттикнува". Истата аналогија е. Ненормално е ненормално. Колку и да пишал некој дека имал секс на 12 години, како и да го опише, тоа на здрав човек никогаш нема да му е поттик да оди и да изиграва педофил. Исто како што минич не е поттик за силување. И повеќето што пишаа знам дека не делат машко - женско се приказни за добра ноќ и твое идеализирање на тие личности. Еве, пред тебе стои дека поделија. Ама ти избираш како ќе ги гледаш.
Абе, колку и да е грд начинот на изразување, може па после тоа искуство пораснал во манијаченце како што ги знаеме многуте? Не може врз основа на речникот да се негира дека не се случило. Одеднаш сите психолози. И да, може му се допаднало, реков веќе. Може сакал секс, може не викал, може не кршел, може убаво му било. Ама бил дете. Тоа е педофилија па и 20 пати да свршил.
Zalnoto e sto e vistina, moze napraviv greska sto voopsto i go pisav postot. Tesko e da se objasni cuvstvoto sto vo toj moment sum go imal koga bukvalno zastanuva gola zena pred mene. A i so 11 godini sto tocno bi znael za sto e pogresno a sto ne. inaku izvinete na nacinot na izrazuvanje megjutoa sum sentimentalen invalid i ete ako me osuduvate zosto sum imal dva braka mozebi toa vi e odgovorot. A mozebi i toa loso iskustvo sto sum go imal, imalo efekt vrz oformuvanje na mojot karakter za da nemam tolkava empatija kon zenskiot pol osven kon svoite deca. Inaku dali se cuvstvuvam do tolkava mera povreden kako sto se cuvstvuvaat devojkite koga bi se nasle vo ovakva situacija bi rekol ne. Ili najednostovno dokolku ova bi go kazal na nekoj od drugarite reakcijata bi bila "uuuuu jakoo" iako stanuva zbor za edna forma na pedofilija, no koga se raboti za devojka vo toj slucaj osven sto e zrtva na toj cin, dopolnitelno pritisok se i obvinuvanjata od okolinata barem vo nesto opstestvo kade sto bi i dofrluvale : sto si provocirala, kako si seoblekla, sto si barala tamu da odis i sl. Inaku bukvalno nemam nikakov problem da zboruvam za ova iskustvo sto posle tolku godini vremeto si go napravilo svoeto i so ogled na daleku po traumaticnite raboti koi sto sum gi imal vo zivotot ednostavno frlile senka na ovoj period od mojot zivot. Megjutoa pak ke kazam najgolem e stravot da ne se povtori vakva slucka pred se na moite kerki.
Не суди на начинот на изразување, гледај ја поентата. Не секој се изразува како тебе, мене, петко. Поентата е силуван е и тоа го сфатил многу подоцна во животот. Не е час по перфектно пишување есеј на тема како го преживеав моето силување. Различни сме.
И те како тлеело тоа во тебе и има направено проблем ете со блискоста во бракот со брачниот другар. Очигледно држиш дистанца и не те повредува помислата дека ќе те напушти и не си ни бил свесен зошто е тоа така. Батали муабети - е ти 2 пати разведен со 2 деца.. Игнорирај тоа. Туку да зборнеш со стручно лице? Чисто како огледало да ти служи, да видиш колку длабоко е допрено во тебе ова што го кажа...
Дал е трол или измислена приказна си знае тој што напишал, да делува така на прво читање. Ама не зезајте за 11 годишно дете зборуваме, доколку еве е вистински настан. Само 2г постар од мојот син, што е толку зелен во главата и не верувам дека богзнае колку ќе созрее до таа возраст. Еве од аспект на мајка, да дознаам дека некоја полнолетна личност нешто слично би направила на мој 11г син мислам дека очите би и ги извадила. И не верувам дека и татко му на 11г би го потапшал по рамо и би му рекол "браво бе сине" Аманте бе луѓе
На исто ниво ми се педофилката и тие што мислат дека имаат право по речник да судат. Жими се да. Колку што има право таа тоа да го стори толку и некој има право да му суди за речник. Срамота е.
Темата е силување. Не на кој клан припаѓаш ти Се надевам следен пат кога ќе отидеш на доктор и ќе речеш ме боли овде, докторот за уши ќе те исфрли јер си трол не знаеш да кажеш што те боли. За лични препукувања не ме цитирајте во празно. Зошто ветувам - во празно ќе е
Зависи во која тема судат изгледа. Темата за дрес кодови си ја погледнала? Како сите што во другата беа против дрес код во таа се магично за? Ама сѐ зависи против кого се води борбата. Крајно лицемерно. А и крајно ниско од твоја страна што за да се извадиш мешаш офтопици од други теми.
Или идеш на педијатар и ти рече "не знае да си каже што го боли, нема да го прегледувам". Или како оној случајот скоро во Италија што ослободиле силувач затоа што била грда жената, немало шанса да му се допадне. Така и тоа, не се изразил убаво, немало шанса да е вистина.
Да де. Сите други удрени само тие во право. Јасно е се и мило ми е што се виде на голем екран. Одам да спијам. Досадно е секој ден едно те исто.. Кажав мое мислење на темава. Понатаму е апсолутно непотребно да се замарам.
Во тој случај јас се извинувам. Не си ти крив, сешто имало досега на форумот за овие 10 години, затоа членовите се толку скептични. Како што спомнав, задолжително треба да се обратиш на психијатар за тоа како ти влијаело ова, твоите чувства, родителството. Жената била педофил и ако еден ден емотивно собереш храброст, можеш да ја пријавиш. А двата брака воопшто не те дефинираат за осуда.