Бегаш од поентата. Никој не те убедува дека е вистина. Ако сакаш верувај, ако не сакаш немој. Секој си има свои ставови и причини позади истите. Поентата беше што ти буквално го одобруваше самиот чин, без разлика дали се случило или не.
Сега веќе мешаш баби и жаби. Едно е обвинение за педофилија, која не се случила, а друго е да се пропагира полово општење на машки деца со полнолетни жени!
Јас не пропагира јас само кажав ако дете машко сакало на 13-14 години за мене не е тоа полово обештетување
Јас ќе ја учам да нема ќе ја советувам најотворено ќе зборувам зборувам за секоја тема, е ако го направи ќе биде нокаут за мене ама на крај ќе остани ќерка моја.... И не знам како не разбраа дека зборувам од машка страна како машко кое има и син, цело време зборувам од машки аспект, и поверодостојно е машко да оцени дали некој заебава или не заебава со приказната..
Сакаш да кажеш женските не можат да оценат што е веродостојно, а што не е? 21 век и се уште со заостанати сфаќања. Женскиот пол не разбира, женскиот пол не знае...
@Soprugot, доволно збори за тебе тоа што на 8ми март тресна тешка сексистичка глупост ко обид за шега, на женски форум. Уствари немаш ни едно единствено мислење без сексизам во него. За среќа постои нешто што се вика возраст за давање согласност на секс и границите, замисли, исти се и за двата пола. Законите за педофилија не познаваат пол, а твоите небулози се косат со нив.
Женското дете со забрани дури не направи 20. Машкото дете слободно секс со педофили дури и на 13. Жално што има вакви родители.
“Сопругот” за жал го претставува мнозинството на мажи во Мк. Не секој би се дрзнал тоа да го напише, но на повеќето би им било гордост ете синот да има односи со поголема девојка. Пак за жал, оти гледате он е на страна на задоволување на нагонот, иако е во спротивност на сите правни и морални норми.
Епа ќерка ако има односи и биде искористена тоа е срам за семејството. Исто ако раскине со првиот дечко и фати втор, дома жива не треба да ја остават. Машко не може да го искористат и не може труден да остане, а и мора барем 4-5 девојки да заврти. Така да синот е само гордост.
Оф мори мајко мила, поверодостојно е машко да оценело дали некој заебава или не со приказната... Пошто жениве нели малоумни сме. Само вие знаете да препознаете, ние тука нафта пиеме. Па ме бришат после и се лутите кога ви викам оти сте глупи. Ќе ја учел ќерка му и ќе ја советувал отворено за секоја тема. Што ќе ја советуваш? Дека не смее да има односи до 20 години а на син ти ќе го тапкаш и ќе му викаш оди сине еби нешто? Знаеш каква реперкусија може да има тоа врз ќерка ти? Па кога ќе се направи беља, ќе ве читаме во другине теми како кукате. Наместо да и ставаш бан да не смее да искочи со машко и дека не смее да ја пипне некој до 20, можеш да бидеш добра татковска фигура, да ја слушаш и да ја учиш да препознае добар дечко, да знае да се заштити, да може да почувствува близина и да ти каже ако свиѓа некој, ти како повозрасен да процениш дали и мисли добро или не. Е тоа е отворен муабет а не 'да не сум те видел со машко до 20'. Пошто guess what и девојките имаат чувства, емоции и потреби исто како машките. Имам другарки со родител како тебе, од што не ги научиле како треба, а освен тоа цел живот го поминаа во казни и забрани, знаеш како заврши се тоа? Лошо, особено за едната. Затоа што девојчето не знаеше, затоа што немало кој да и каже. Ама ако мисли си дека си добар родител, цел форум ти кажа што мисли, ама пошто ние нели нафта пиеме а вие машките гледате од машка перспектива нашето не е валидно. Ајт.
Ако јас сум подржувач педофилија и силување според вас кои се правите како од марс паднати, тогаш по вашето убедувајне можеби и сите мајки кои си ги бајнаат своите деца и газот им го бришат на 4,5,6,7,8,9,10,11,12,13 год се педофили
Мислењето треба да се зачува и да се урами за на почетна стана на форумов да го има онака за добредојде да стои. Ппзз до сите мајки педофилки кои ги бајнаат децата
Она што ме фрустрира се неговите poor arguments that don't make any sense. Ама ако продолжам да ја отварам темава и да ги читам неговите мислења ќе изгубам премногу brain cells. @Soprugot свака част на твоите “остроумни“ мислења и “јаки“ аргументи, само продолжи да се покриваш и да покажуваш на други со прст.
Неговите "аргументи" не се толку фрустрирачки, колку глупи и се базираат на вмровско-патриотско- конзервативно- патријархални убедувања на чиче, ама баш чиче. Ништо авангардно или етичко во него. Веројатно и сам загледува 13 годишни девојчиња. Фрустрира тоа што и таквите гласаат и одлучуваат посредно за иднината на сите,па и на 13 годишните девојчиња и момчиња.