Се мислев дали да споделам нешто што ми е една од најтемните тајни што на никого не сум ги кажал ниту дома што ми се има случено и се мислев овде барем да споделам дека постојат секакви луѓе, и можеби не е трол типот што пишува. Бев средно училиште негде прва година, во период каде што јас бев многу срамежлив, иако спортував и бев изложен да речам на внимание од повеќе луѓе, играв фудбал и пливав, одев на трчање итн. Со други зборови бев спортско дете, ама однесувањето ми беше посрамежливо, а истворемено и ептен темпераментен. За излегување бевме ептен големо друштво, но годините беа тие, скоро сите бевме средно, Но, имаше еден тука во групата што бил пријател или братучед со еден од друштвото и беше поголем од нас, значи негде 25-6 години и често тој беше на некој начин главен односно не внесуваше во кафич и слично. Се спријателивме, разврзавме неколку зборови, се начекавме на базен неколку пати, почна да зборува како немал можности како мал да биди како мене, сум бил одличен во градба и форма на тело, и ми посакува да успеам во спортот, бла бла, делење комплименти на некој начин. Потоа по некое време почна да ми пишува и на фб, ми стана малку чуден и одбивен, али ајде си реков да не бидам ептен за нигде и да не се дружам барем дека ни е во друштвото си правевме муабет. Почна машки муабети и да соли памет, но ништо опасно. По некое време, памтам беше 5 саатот попладне, ми пишува на фејсбук мојот најдобар другар, јас и тој да одиме да гледаме фудбал, пошто другите заминале на концерт во друг град, и ај си реков океј, не е проблем ќе погледаме фудбал... прифатив, тој дојде со колата, но другар ми го немаше. Ми беше чудно, го прашав каде е другар ми, ми рече ќе дошол директно таму. Океј му реков, и по неколку минути, друг другар ми ѕвони и се случи да биди со другар ми и да ме праша дали сум за излегување, ама му реков не можам моментално. Одма ми "светна" дека ме излажа овој, но поради која причина?! Застанавме поодалечени од градот, но не премногу далеку, во потемно место со колата, поседивме внатре, и по неколку минути, почна да ми зборува за секс помеѓу две машки и го извади мобилниот да покажува некои видеа и ми рече дали сакаш да те научам на ова? Најпрвин, затреперив и ме фатија морници и студенило некое, арно ама се созедов во неполна минута, пропелтечив и му реков излегувај од кола да ти кажам збор-два. Излегов од кола и намерно отидов на патот каде што има светлина и во близина имаше викендичка и бензиска. Дојде по мене со невин глас ми рече ама вака така. Памтам истиве зборови ќе ги цитирам од тогаш што му ги реков " Ако не сакаш во наредниве денови да ти растурам животот на физички, психички и можеби затвор ( за последново не сум сигурен затоа што ништо не направивме само ме заведи) ќе се прибериш и повеќе да немаш никаков контакт со мене, односно да не ми пишуваш ниту пак викаш негде и да не бидиш во моја близина. А по цена на тоа како гратис јас ќе ќутам и нема никогаш никому да спомнам, за добро на твојот мизерен живот." Ми рече влези в кола ќе те вратам, ама одбив, и појдов до бензиска си повикав такси и си заминав дома. Ме лазеа уште морници што можеше да ми се случи ако бев малку покршлив на карактер, од тоа што бев... Инаку типот веројатно е бисексуалец, барем по тоа што го знаев имаше долга врска со девојка... После тоа чувствував само следење од негова страна на социјална мрежа пошто само ми лајкуваше на слики, но ништо повеќе од тоа, за да по некој месец и ме блокира од социјалните мрежи.
@Soprugot молим те дај едно сингл објаснување зошто за машко дете е добро ( нели, три скалила е погоре) на 12 години да има односи со постара. И што е синот поразличен од ќерката освен во таквото меѓу нозе?
E oва веќе е нешто од типот педофилија, силување за разлика од порно приказната..... Јас да бев на твое место сега како прво би ги предупредил неговите блиски и би му кажал на неговите блиски, како второ би паднал еден добар ќотек и на крај би ги известил институциите ако не функционираат како што треба да функционираат
@Tan4ence Неговото глупо објаснување гласи дека женските се позрели од машките на 13 и со сексот на 13 машките автоматски ќе ги стигнеле женските во зрелост, а женските пошто се зрели ќе почекале до 20. Kill me if it seems logical Верувала или не, тоа го имаше пишано само на многу понеписмен начин. Инаку кога ке го фатат во глупост, блажено демек ги игнорира прашувачите
Значи јас не реков никаде дека е добро и не реков дека ако веќе има на 13 год дека мора да има со полнолетна особа, реков дека не е толку страшно за машко а вие све извртевте однопаку тоа што кажав Која е глупоста факт е дека женските на таа возраст понапредни се во тие сфаќена околу сексот и во голем процент кога ќе наполнат 15-16 излегуваат со дечковци 2-3 и повеќе год од нив
Кој рече на 12 год поентата беше ако е можно пожелно е за машко да има однос во раниот пубертет, не реков на 12 год туку дека не е страшно ако сака и ако може на 13-14 год да има однос.... Поинаку ќе ги гледа нештата ќе се приближи до психичката напредност на женското кое е негова генерација Не реков дека е мој закон така ќе ја советувам
Кога типот се исповеда лажно дека некоја го силувала на 11 ти рече дека е супер комбинација тоа и дека штета нема. Не ретерирај сега. Кажи ми дали ке ти се изнасмее во фаца .
Гледајте вие како ќе ги советувате децата ако имате или ќе ги имате... На крај како што гледам ќе испаднет роботчиња а не луѓе
Не ме силуваше, само ме заведи на тоа, а не се обиде ни да ме присили затоа што бев повисок и покрупен физички, иако бев малолетен. Инаку затоа како што пишав реагирав така и се досега никогаш немам разговарано на оваа тема со никого, така и ќе остани.
Добро е што минало без поголеми компликации. Ете, секакви луѓе има без грам мозок и од двата пола. Си имал среќа. Мора многу да се биде внимателен, поготово женските како физички послаби, за да не дојдат у ситуација да не можат да се одбранат. Многу едукација и зборење од страна на родителите, за да се избегнат вакви непријатности. Тоа е.
Од сегашна гледна точка до кога бев помал и малолетен сфатив дека тие негови другарски разговори едноставно беа манипулативни само за да ме заведи и оствари своите сексуални задоволства, според мене мислам беше бисексуалец и педофил веројатно. Родители ко родители што знам... сексот е табу тема кај повеќето родители и на мали години само ќе речат срамота е тоа и толку. Нема повеќе разговор се додека не порасниш.
Значи родителите кои си ги советуваат децата дека не е нормално на 13 години да имаат односи, башка со некој што е way way постар/а, оние родители кои им велат на децата дека ќе бидат искористени, (да не збориме можат да закачат триста болести и СТДс, а и женските можат да завршат бремени), оние родители кои ги учат своите деца на healthy lifestyle, создаваат роботи? РОБОТИ??? Ма немој...
Исто и јас имам случка кај што бев нападната од педофил во детството, но за среќа успеав да се спасам. Имав 8-9 години и бев кај баба ми на ручек (живее преку една улица од нас) и си одев дома, во влезот од зградата кога влегов од зад врата ми испадна еден маж уште му го памтам ликот и како беше облечен, прво почна да ме прашува каде живеам, колку години имам, како се викам и јас оти дете му кажав се што ме праша, после ме праша дали знам каде се наоѓа едно училиште (што е на 300 метра од зградата каде што живеам) му кажав и тоа му објаснив како да отиде до таму, и после ми рече ама јас не сум од тука можеш ли да дојдеш со мене да ми покажеш, кога ми рече така како блиц во главата ми светаа зборовите од мајка ми што ми викаше "ако некогаш некој ти вика дојди ќе ти дадам чоколадо или ќе ти купам нешто не оди, ако те вика дојди покажи ми нешто, не оди" и му реков дека имам работа морам дома да си одам, но он беше упорен и ме убедуваше, а јас уште поупорна дека не одам. И кога почнав да се качувам по скалите почна и он по мене да се качува, и во ќошот ме фати ми вика имаш нешто на газот извалкана си дај да те исчистам, јас му реков можам и сама пушти ме да си одам, и некако успеав да се извлечам и почнав да трчам нагоре, и он почна да трча по мене ме фати за нога и ме повлече, јас тогаш видов дека не можам да избегам и почнав да викам помош на цел глас во зградата, и ме пушти и сам избега одма. После дома кога си дојдоа моите од работа одма им кажав, татко ми ми рече кога ќе излегуваме да гледам и ако го видам одма да му кажам, ама од тогаш до ден денес го немам видено тој човек, дај Боже да го имаат стрпано во затвор.
Колку години имаше ти? @Snowflake97 алал да ти е за брзата реакција Се има пос*ано од страв, ко си свикала.