Другар му застанал со ментален развој на 15 години, па си се наоѓаат во некои теми. Веројатно и нашиов член, штом не гледа ништо погрешно во тоа, дури и седел со нив. Ew pedos.
Не е трагичното што тие се во врска, трагично е што нашиот не гледа лошо во тоа, него ги идеализира, се споредува со нив и дури се комплексира што не е таков, што нема некоја 12 годишна па да му изнароди 3 деца до полнолетство.
Абе што знаете вие?! Има ли поубаво од тоа, откако ќе поминеш сито и решето, да си фатиш девојче од 15 год, па да си ја растеш, да си ја делкаш ко што сакаш, чим заврши средно да си ја земеш за жена и така среќно да си живеете до крајот на животот. Е не, ќе се замараш со остварени жени од 25+ години.
Ќе си ја исчува и порасне и неа, заедно со децата што ќе и ги направи. Шала на страна, одвратно е и застрашувачки какви предатори шетаат меѓу нас. Да можеш сексуално да се возбудиш на 15 годишно дете, е во најмала рака морничаво. Еден млад, упропастен живот на повидок.
Да го цитирам талат од Преспав, ја ништо не знаем. Сингл сум и до некаде го делам твоево мислење. Но вчера девојчето звучеше како ултраинтелигентна дама. За разлика од возрасните женски кои освен шминка фризура и озборување друго не научиле. Ама пак, секој со свој план.
Има ваљда зошто си сингл. Не можеш да го делиш нејзиното мислење во обид да се извадиш себе и да ублажиш ситуација, кога првичниот пост ти беше полн завидлук што другар ти, маж вол од 30 години дејта 15 годишно ДЕТЕ. Никој од нас не вели за девојчето дека е глупо, туку наивно, што е нормално за тие години. Наишол другар ти, со финти кои не палат кај созреани, возрасни жени, па ајде ќе мати девојче. Зошто упорно го оспоруваш фактот дека другар ти е педофил ? Баш план. Само вагина да има, не е битно ништо друго, поготово возраста. Се надевам ќе има кој да го сопре, пред да и го упропасти животот.
Aбе и од Ајнштајн да е попаметна, дете е. Како вака мирно си кажуваш детето личело на дама, а ти разочаран од постарите што се шминкале и само за тоа збореле реши да си најдеш дете да смениш малце пошто нели ти попаметен од тие што само за шминки зборат.
Аха, сега во модерно општество педофилијата ќе ја дефинираме како модерен феномен кај опен мајндед персоните, а ние што ја осудуваме сме назад со времето, заостанати и чудни. И по милион години педофилија си е педофилија, возрасен маж што ќе најде и минимална причина за да си ја оправда сексуалната потреба за деца е болен и тоа е тоа, таквите мажи не се фраери него се болни психопати, таквите деца не се ултраинтелегенти дами него се жртви, и тие што ги идеализираат ваквите врски се на погрешен пат.
Поради такви личности, open mindness-от добива погрешно толкување и се смета за нешто лошо. Пошто, за да се осеќаат боље, пробуваат се што направат или кажат да го протнат под поимот отворен ум. А не е отворен, туку позатворен не може да биде.
Чек чек, а они со такво размислување, а ти со вакво, а сите со свое? Плис...да беше форумов на јаве, ќе имаше распнати членови.
Секако дека е. Во моментов во Македонија има минимум илјада педофили во врска (возрасни со малолетни) и уште десет илјади минимум што се манијаци. Ќе ги ловиме?? Затоа е форумов! Пишуваш мислење или информација и добиваш мислења или информации! А не критики, а не паламудење!!
Меѓу кои и другар ти, на кој му се восхитуваш на врската со дете. Дали тебе ти е нормално возрасен маж од 30 години сексуално да се возбуди на дете ?! Очекувам одговор на ова. Да сме нормална држава, прво ти ќе бидеш пронајден, лоциран од форумов а преку тебе и другар ти, и ќе се покрене истрага. Ама не сме. Секогаш велам, абе еден ден да имам власт. Ќе ве кастрирам веќе постоечките педофили, и потенцијалните, ко тебе, кои не гледаат ништо лошо во еден таков чин. Штета што правдата е оставена во рацете на граѓаните, кога имаме неспособни институции. И форумот е јавна платформа, на која у никој случај не смее да се промовира педофилија завиткана во форма на 'љубов ' на 30 годишен вол и 15 годишно ДЕТЕ.
Дај бе смирете се. Што ми е гајле ако се заљубиле и што ми е гајле ако се полнолетни и малолетни? Што ако се 17 или 16 со 18 или 19 год? И тоа е педофилија? Според законот, да. Педофилија е. .... Предлог? Што со таквите? Повеќето сме сретнале такви лица. Дали е педофилија, ако се на возраст од 16 или 17 од една и 18 или 19 години од друга страна? Според мене да. Е. Затоа што малолетни со полнолетни.
И мојов бил педофил дека кога се фативме тој имаше 18, јас 17, а двајцата бевме 4та средно. Патем примерот што ти го наведе вклучува и голема разлика во години.
Нека звучи како шо сака, дете е. А возрасни жени ако сакат ќе зборат и за барбики, и за шминка, то не те засега.