И хемиска кастрација би ги уплашила. Премногу педофили се појавија низ Македонија. Институциите спијат, а не знам и законов дали би се изгласал некогаш. Само да го фатиш и да го прекршиш од ќотек ако посегне по дете.
Е сега, не утепа. Ни докажа дека другар ти не е педофил и мораше да цитираш, јер....сам став да створиш, боже пази. На другарите им било убаво со помлади, наравоучение- треба и него. 15 и 27 знаеш како ке заврши? Таа ке сфати дека цела младост со еден ја поминала,без други искуства , и ќе се прашува дали згрешила. То ми моја кристална кугла каже
@ray-man јас стапив во врска на мои 20, а дм имаше 29. Двајцата возрасни и свесни личности, си се пронајдовме на исто "ниво". Многу поинаку ќе беше на пример, јас да имав 15 а тој 24. Тука уште дете ќе бев. Така и со другар ти. Разликата сама по себе не е преголема бидејќи познавам луѓе со 15 год. разлика, проблемот е што "девојката" е уште девојче, дете, а другар ти е возрасен маж. Како сакаш речи ама таа врска не е во ред. Сепак на крај, кој како си ја наредил.
Ах бе душо златна...се согласувам ама муабетот ми беше дека дури и тоа го има, дури и тие успеваат а кај други ништо. Муабетот се почна на СДК ама се префрли тука оти, излезе од контекст...
Не знам искрено каков е законот во МК, но мислам дека и по него се одговара ако имаш сексуални активности со помлада од 16 години и имаат право да те тужат. Ние машките го знаеме случајот со Адам Џонсон кој само имаше секстинг и се фаќале со 15 годишна. Фудбалерот тогаш имаше 27 години и го осудија на 6 години затвор за сексуален акт. Да бевме Англија и кај нас истото ќе беше со другарите твои. Мене само не ми е јасно кај се родителиве на девојчево во целиов случај и како дозволиле таков акт. Посебно што за брак морале и они да потпишат.
Мене само едно ме интересира: Која порака сакаше да ја пратиш со напишаново? Која му е поентата? Пошто подигнување на свеста за педофилија не е.
Парот од пред осум години денес функционира како да не се толкава разлика, како да не се заедно од нејзини тогаш 15 год иако памтам, на мета на критики и подсмев беа. Другиот случај, парот (одат во тајност, пред народ као се другари) со кој пиев кафе пред два дена е сосем поразличен случај од првиот. Девојчето е толку интелигентно што покажува повеќе од свест за тие разлики во годините. Комотно човек може да разговара со неа на секоја тема, се гледа дека нималку не е наивна (таа што е во брак била наивна и тоа многу во споредба со оваа). Зборува два европски јазици, свири гитара и земала бубњеви гледавме клипови, благ рок стил некој тера, значи менталниот профил и е на ниво со 25 годишна девојка. Мисли не читам ама и гестикулација и те како, па како што приметив, таа е од оние девојки "врсниците ми се глупави и неразвиени, ќе најдам повозрасен". Во овој случај, таа прва му се пуштала на другарчето. Зборев вчера со него, ми покажа пораки како пред некој месец му викала дека имала 24 год ама личела на помлада. Умна превара е небитно. Поентата од ова ми беше дека, на толку случаи околу нас (тие со две три четири год разлика веќе и не ги вбројувам) има секакви парови кои на крај успеваат. И кои се по нормални од нај нормалните. Зборовите "види ги нив, а јас пустињак" демек сингл, сакав да кажам дека малку е некомфорно знаеш, си во друштво на парови т.е. сите познаници се или у брак или у врска а јас вишак. Но се дестабилизирав и цела мисла ми отиде јабана такашто и муабетот што го пишав беше сфатен секако освен онака како што требаше да биде.
Зошто ги навредуваш кога не ги познаваш? Што ако нешто слично им се деси на твои блиски? Пишав мислење погоре, прочитај!
Упорно правдаш врска со дете со ова паметна била различна, па и музикална и талентирана. Ете она детето Марко генијалец што е, знае повеќе од моите врсници, за негови години ептен напреден е, има и речник поарен од 60% од мажите денес и ај сега јас да се фатам со него и да се вадам на причиниве. Ама господине судија паметно дете е. И прв ми се пушти.
Не правдам ништо. Ама и не се замешувам во ничиј живот. Мене си ми е добро вака, а они ако сакаат деца, нивни избор и последици. Е сеа муабетов не е за тука бидејќи ни П од педофилија нема. Единствено што има е ненормална блискост со малолетни лица над 16 год. но сепак нивна работа. Неќам да им солам памет никому за ништо.
Еден ден можда тие другари керки ке имаат. Прашај ги тогаш дали како татковци би дозволиле 15 годишна керка да излегувс со 30 годишен. Оти кај 27 таму и 30, не зреат многу за тие 3 години оние во трета деценија. Кај деца 3 години се многу. Или ке го бркаат "младичот" Мене ми се јасни девојките. Во моја генерација имаше средношколки на 16 -17 со професор се плеткаа. И тоа пази као медицинско лице. Имаше и онакви Петар Пан ликови "увек млади" што на 36 шетаа 16 годишни. Уште се такви и на 50 сега. Никоја на нивна возраст не би ги трпела. И оние шеги - кои школки се најдобри? Средношколките. Се имам слишнато. Постар маж и импонира на жена, нели "зрел", вработен, има свои пари, кола, стан евентуално и сам живее. Врсниците со мама и тато живеат и џепарац имаат. Плус привидна моќ и престиж и сето тоа. Искусен ( демек). Но што гледа тој, по ѓаволите. Како не замислува свое дете кое можда ќе го има во иста ситуација. ТОЈ треба да се воздржи, не" тајно " да шета клинки. Ма и јавно шетаат. Дури таа мисли за домашно и лектири меѓу другото, тој мисли на сметки, дали по пијанка ке успее да е свеж како на 20, и шефот дали ќе го унапреди. Карикирано е ова ама дел од стварноста. Таа треба да се гради, а него го интересираат гради. И така. Гуд лак на сите, не изигравам морална полиција, ама гадничко ми е малце. Во никој случај тој не е стар, ТАА е премлада. И ке и здосади типот еден ден. И ке трча тој потоа да ја стигне ако е стварно таква прекрасна. Ако не ја претвори во меѓувреме во трофеј.
Менталниот профил ѝ го направи по тоа дека зборува два странски јазици и свири гитара? Па сите во средно учиме два странски јазици (задолжителни предмети се), а некои земаат и часови по некој инструмент. Па уште и она прва му се пуштала, умна превара била? Да не го преварила другар ти, он да не е жртва во случајов? Другар ти, откако разбрал колку години навистина има девојчето, како возрасна и одговорна личност требало да прекине контакт. Не, не е она „многу напредна“, туку он со неговиот „ментален профил“ е заглавен некаде во средно. Се согласувам дека не треба да се мешаме во животите на другите, но не и за работи кои се нездрави и ненормални. Ако другар ти се дрогира на пример, нема да изреагираш? Ќе си речеш негов живот, нека си тера? А со тоа „јас пустињак“ искрено звучеше како да им љубомориш. Можеби не си го мислел тоа, но двата примери на „успешни врски“ со малолетнички и твоето жалење потоа му дадоа таков призвук на напишаното.
Каде отиде овај свет? Што прават надлежните служби? Што работат? Абе кастрирај го наживо и стави го на бесилка... link од постот: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2759092007513947&id=2285956588160827 и
Ме мачи што повеќето од нас сме имале овакви случки. Ова се неизживеани мажи, не прифатени од жени од нивна генерација! Свесни се што прават, а ништо не се превзема.
Кога учев психијатрија, професор еден збореше за педофилија. Педофилија ја рачунаат до негде за психијатриски случај, не знам како да објаснам убаво но, рече дека педофилите всушност немале свесност во нивен мозок дека имаат акт со дете. За нив, во нивна свест таков акт е нормален и за нив не претставува проблем. Дури спомна дека и после излагање од затвор педофилите пак си продолжувале. Народски кажано “им фали жичка у мозок“. Ја следам групата српска на фејс за педофили и како ги фаќаат, би сакала да се собере тим и во Мкд кој истото би го правел. Искрено, од страна на правен аспект би требало да се поработи детално на ова тематика. Сум за хемиска кастрација, сум за построги казни.
Па фала Богу дека се психијатриски случај. Јас уште средно немав завршено ги гледав како психијатриски случај. Пошто едноставно на здраворазумен човек, најлаички кажано и просто, не може да му се прави ќефот на мало дете.. Ми доаѓа да го гушнам, да го бацам или погалам, да од емпатија према деца.Али полово иживљавање е нешто уххх. Знам двајца педофили и ме имаат замарано и само го чекам денот да ми се доближи некој од нив и да им го уништам животот после. Ако мрзам некој тип на луѓе тоа се педофилите и се најлошо им посакувам во животот.
јас стравувам дека некој ден педофилијата, исто како хомосексуалноста, ќе се легализира... ... исто под изговорот љубовта е љубов... веќе во повеќе земји во светот границите за полов однос се спуштија на 13-14 години или при појава на пубертет, но, стравувам дека уште подолу ќе оди. особено ако се работи за богати и славни, слично како скорешниот случај на џефри епстин во америка, го фатија, но, мислам само дека е трамп претседател... да добиеше другарка му хилари клинтон, немаше да го чепнат и дури и ќе се правеше легализација на секс со деца, за жал. мислам дека тоа е ненормална работа.