Како и да се вртат работите, улогата на мајка и татко, особено првите години не може да се заменат.Не тврдам дека тие што ќе растат во хомосексуaлни семејства ќе бидат по дифолт со проблеми, ама се уште постои ризикот - и тоа не мал ризик - да им недостига едната родителска фигура. За другите работи не те цитирам, се согласувам, ама и така е веќе офтопик муабетов. Како мислиш која е таа студија, зашто не е една, многу се и слободно можеш да истражиш на кратко?Ова е исто како да ме прашаш која е студијата што вели дека е потребна вода за да преживееш.
Ако се поединци во прашање не се замарам, свашта има по светов, битно е да не доаѓа од официјална организација, а инаку не мислам дека таа поддршка ќе добие голем замав, малку се таквите
Проблемот е што акцијата да се легализира и прифати педофилијата доаѓа од двориштата на богатата елита, изгубиле компас и се што е општествено неприфатливо гледаат и наоѓаат х начини да го остварат. Колку и да мижиме ова постои и редовно се обавува таму некаде зад затворени врати. Само хемиска кастрација на таквите, ама проблемот е што станува збор за општествено истакнати и нафатирани психолошки пореметени личности. Законот да редовно се менува, ама мора да има граница до каде може нешто, а до каде не и по цена на пари, морал, достоинство не знам како да го опишам. Се потресувам на оваа тема ми се темни инстант кога ќе се спомне педофилија и легализација
Пак ќе речам, ризик фактор е и тоа далеку помал од тоа дете да се влечка по домови и згрижувачки семејства. Не мислам ни дека е вредно за дискусија шо е подобро во случајов, да оставиш дете во дом или да го земи хомосексуален пар.
Ама не правиме споредба со влечење по домови, туку со посвојување од хетеро семејство.Зашто ако споредуваш со влечење по домови испаѓа дека збориме кое е помало зло за избирање. А и за друго беше поентата кога го спомнав ова со семејствата.
Ако во тој хомосексуален пар едниот или еве и двата се дел од таа фракција на лгбт која поддржува педофилија и тоа како е ризично давање на дете на посвојување, така директно им го испорачуваш да си ги задоволуваат нивните пореметени сексуални нагони. Во домот може да добие грижа и нега од воспитувачки кои знаат, сакаат и можат да воспитаат дете во склоп на нивната работа. Јас во описот на воспитувачка тргам од себе кога би се бавела со таа професија. Еве и кај нас се трансформира моделот од дом во згрижувачки семејства што е убав начин децата сами да осетат и да се уверат во важноста на семејството.
Има и хетеросексуалци педофили. Поврзвање на педофилија со корен на лгбт е не неоснован страв и се шо зборате тука ви се само барање на причини да се осудат возрасни личности во хомосексуални врски поради постоење на копиљи кои патем можат да бидат и хетеросексуални. Ќе повторам пак, втора тема во која зборам за ова, побарај за MAPs. Никој не ги прима нив под чадорчето. Цели видеа и судски процеси и шо не има на интернет против вакви инидивидуи кои thank the gods излегват јавно демек се гордеат дека се педофили и полесни се за идентификација и за средвање на проблемот.
Има и хетеросекусални педофили никој не оспори дека нема, ама во хомосексуалните активисти има личности кои јавно поддржуваат педофилија и што со таквите кога би посвоиле дете, размислуваш на тоа?
Не се работеше за организација, туку за индивидуи кои патем членуваат во неколку такви организации и се доста активни на социјалните мрежи. Инаку поентата апсолутно не ми беше да докажам дека постои корелација меѓу педофилија и хомосексуалност, туку едноставно сакав да посочам кон начинот на кој определена подгрупа на луѓе размислува и смета дека тој начин на размислување е “open-minded” и слобода на говор.
Нее, нема врска тоа, фала богу дека нема врска стрејт/геј со дали е педофил некој. Туку дека со дозволување на некои работи, се остава простор за дозволување и на други, затоа што и map можат да почнат да притискаат како "маргинализирана" група и да играат на иста карта.
Со оглед на тоа дека е активирана темава, погледнете го трејлерот на Cuties на Нетфликс. Се крена голема галама за ова (оправдано) со оглед на тоа дека е филм за 11 годишно девојчиња кои се пријавуваат на натпревар за twerk-ање. Видов пост на инстаграм кој гласеше нешто слично на ова: Замислете колку 11 годишни девојчиња требало да поминат на аудиција пред возрасни луѓе. Нетфликс на твитер на прашање дали поддржуваат педофилија не успеаа да одговорат со Не. Прелошо.
На неколку наврати објаснав зошто ова нема да дојди. Ни на карта маргиналзирана група шо спомна @Angie1432 и нема да се повторвам пак зошто оти втора тема е на која се објасвам, поќе од еднаш. Наврати се назад и прочитај зошто. Од ко ќе напишам пак, пак за некоја неспомната поента ќе бидам цитирана, а не за конкретното шо ме прашвате. Конкретното, напишано е.
Yes Sir, ова Ma'am Не ти ги прочитав погорните коментари еве признавам, мислев во кратки црти ќе ми одговориш конкретно мака ми е цели фермани да читам обично скокам тоа
Сум истражила, и истражив пак да не пропуштам нешто ама не. Најрелевантни се студии каде се споредува развојот на деца во стабилни хетеросексуални и хомосексуални врски, и замисли, разликите се незначајни. Најголем проблем за децата кој имаат истополови родители може да е околината, и конзервативните размислувања. Стварно искрено не разбирам како хомосексуалноста се поистоветува со педофилија, и нејзино прифаќање. Значи не разбирам како некој споредува злоуставување и избор што апсолутно никого не повредува, и жално ми е што воопшто треба разликата да се објаснува.
Луѓето што се плашат и мислат дека прифаќање хомосексуалност води кон прифаќање педофилија само откриваат на каков начин тие гледаат на сексот и колку ја разбираат важноста на согласноста во сексуалниот чин. Личност што е доволно разумна да сфати што ја прави хомосексуалноста неизопачена нема да има проблем со разграничување меѓу гејови и педофили. Тоа што од мали ве научиле сè што не ви е нормално да ставате во ист кош е ваш личен проблем и морален хендикеп.
Со оглед на тоа дека хомосексуалците се далеку помалку на број од хетеросексуалци, повеќето педофили се хетеро. Единствено хомосексуалците педофили повеќе паѓаат во очи затоа што често се работи за лица кои не се отворени за својата сексуалност и децата се единствените кои можат да ги искористат без да се искрени за сексуалноста. Мое гледиште е само ова.
Прво во што ќе удрат е медиумската кампања за прикажување на нештото како општествено прифатливо и хомосексуалноста почна да се турка на голема врата преку екранизација на филмското платно, играње со емоции на публиката и им успеа( за што немам ништо против). Само сакам да укажам и педофилите играат на иста карта емоционално атачирање на публиката преку мас медиуми и глумење маргинализирана група која сака само да изрази љубов. Ми се лоши бре
Lmao. So funny. Much lol. Кратко остава можност за недообјаснување и вадење грешни поенти и заклучоци, шо уствари се прај тука. Ако сакаш да знајш, работи објаснати поќе од еднаш, дај им шанса на објаснувањата инаку џабе е се.
Се е во ред зошто долго, а не кратко, ама ме заморува верглање во време и простор на истото преку 30 реченици кога може во 3. Ако сакам 30 реченици за нешто идам читам книга. И не биди толку намќор насмеј се малку
Значи според тебе мајчинска и татковска фигура во животот ништо не значат?За бебето е сеедно дали има мајка или двајца татковци а? Те молам сподели некои такви истражувања што си читала.