Се согласувам . За жал единствен лек за нивната болест е смрт или доживотен затвор без право на помилување .
А никако да ги објават јавно. Имале право на приватност. Тие изроди немаат право на ништо. Таа траума силуваните/малтретираните ќе ја имаат за цел живот. Жалосно.
Ne rekov da ne gi objavuvaat Bash ja sum za da gi objavat, so ime prezime, slika adresa na zhiveenje i sl za da se zashtiti okolinata
Не ме разбра. Коментарот се однесуваше на институциите. Како да се на нивна страна. Денес прочитав дека во некое село (во внатрешноста) некој изрод ги силувал ќерките на комшиите.
Za ova si vo pravo so instituciite I neshto sho bash me iznervira e pod post na fb vo koj pishuvashe za siluvana devojka od ohrid, povekjeto komentari bea vo stilot: shto barala tamu i sl Pedofilite i siluvachite treba najstrogo da bidat kazneti
Ве читам наназад и единствена работа што знам со сигурност е дека законот во Македонија треба да претрпи сериозни измени. Не, не е во ред 15-16 годишна со 25 годишен, можеби не е класична педофилија меѓутоа е груминг на малолетно лице за секс и во држави со ревидиран систем е незаконско дело за кое следи затворска казна. Кај мене законот е општење со лице ( дете) до 14 години следува затворска казна и станува регистриран педофил, со име, презиме и каде и да сака да се насели после казната мора да го објави тоа, значи со едноставно пребарување ќе дознаеш дали во близина има педофил, мислам и дека условот е да е најмалку 5км оддалечен од било која образовна установа, вклучително и градинки и воопшто да не смее да се доближува до истите на најмалку 2 км. Од 14-16 години дали дале согласност или не е statutory rape, следува затворска казна и регистриран сексуален девијант, од 16-18 години доколку другиот партнер е над 18 години е незаконски и следува затворска казна и регистриран сексуален девијант. Тука не се двоумат родителите и веднаш пријавуваат во полиција доколку детето им е малолетно а партнерот е полнолетен, ни па на полнолетните им се ризикува затвор и доживотно обележување за да бидат со малолетни лица. Таму може и не е нешто “страшно” и да регистрираат некој како педофил, сексуален девијант, домашен насилник итн ама тука за било какво вработување бараат police check на национално ниво а со тоа шансите за вработување им се 0. Сега да не биде дека живеам во идеално опшество има се и сешто ама и казните се големи и ја нема таа стигма за пријавување од страна на жртвите. На жртвите им се нуди после психолошка помош и подршка и не се отфрлени, обележани од општеството. А оваа мала група на дегенерици кои сакаат да се легализира педофилијата веројатно се далеку од педофили зошто кој е толку глуп/а јавно да се декларира како педофил кога со тоа им се на радар на институциите. За голема жал педофилски кругови, постоеле и ќе постојат се додека постојат и underprivileged деца, несакани, продавани од сопствените родители итн. Охрабрувачки е апсењето на тн елитна личност како епстијн, дека не секогаш се супер богатите над законот а обесхрабрувачки е кога лидерот на една од најмоќните држави во светот ака Трамп и посакува се најдобро на девојка му која е патем ринг лидер во целиот случај, со самата изјава безмалку уште и да и аплаудира за добро завршено дело, а со тоа ги охрабрува педофилите на извршување на своите злодела, среќа па нема апсолутна власт инаку тој е тој што би ја легализирал педофилијата.
Целиот тој филм и ширење страв дека со модерните вредности, унапредени слободи и еднаквост ќе се протуркало и прифаќање на педофилија, е резултат на обична логичка грешка (slippery slope) и ништо повеќе. Педофилијата, во сите свои облици и присуство во сите сфери, историски никогаш не била повеќе разоткривана и осудувана ко што треба, одошто е во денешно време - барем масовно од обичниот народ. За секакво несоодветно однесување кон деца се разобличуваат од страна на јавноста влијателни личности, од луѓе во entertainment индустрии (посебно филмската) па сè до религиски, политички авторитети, па дури и монархија (скандалот со принцот Ендру и неговата поврзаност со Џефри Епстин). Ако нешто е целосно корисно и оправдано од таа воглавно левоориентирана cancel culture, тоа е посветеноста на заштита на деца од вакви предатори. И да, точно е дека поедини болесници пробуваат да се прифатат и да го искажат тоа во онлајн просторот, се претставуваат како MAPs (minor attracted person), но може да се прифаќаат исклучиво меѓу себе. ЛГБТ луѓето и нивните поддржувачи со најголемо гадење ги одбиваат, шиканираат и им ги симнуваат профилите со пријави. Па побогу, ако се вратиме пак на познатите - побарајте го можеби најголемиот вирален statement на темава годинава на француските филмски César Awards, кога на доделувањето награда на Роман Полански (осуден педофил) за нов филм, актерката Адел Ханел демонстративно напушти и иронично извикуваше „браво за педофилијата“. Guess what, Адел е лезбејка - жртва на предатор како дете, филмот за кој беше таму (Portrait of a Lady on Fire) е лезбејска љубовна приказна, а режисерката на истиот која ѝ се придружи во гестот е нејзина поранешна партнерка. Така да, срамно за жртвите е разводенувањето на темата (мислам општо, не само овде) со неповрзана хомофобија или пак луди десничарски теории на заговор со јадење деца и адренохроми и чуда, опрајте се и фокусирајте се на реалниот аспект на проблемот.
Членот не го банирајте, сами сфативме каков лик е. Не е до дали јас се согласувам со него или не, не може да е слобода на говор нешто што е осудено во светски рамки освен во изолирана група што секоја една лудост ја дочекува со аплауз. Ама со оглед дека Шпанија е на запад, а настанов е во Шпанија, а организаторите на истиот не гледаат проблем, зошто се цензурира нашето негодување? Од кога критика кон девијантни појави е проблем? На форумов постојат налудничави теми од типот на - невини девојки, неуредни девојки и сличнимити омаловажувачки теми, ама ова е премногу "нежна тема" да дискутираме. Не што не гледам простор за полемизација дали е прифатливо, згрозена сум што не постои осуда, на женски форум, за виктимизација на деца. Во иднина ќе се воздржам од коментирање на такви теми, јас се извинувам, во мојот свет се' уште децата се невини суштества што не треба да се користат за ничии пропаганди, ниту воопшто да знаат која и што е Лолита. Како што и таму напишав, за мојов очигледно конзервативен светоглед по денешни стандарди, обврска ни е да ги заштитиме тие деца, а не да полемизираме дали е нормално или не е нормално да имаат "музички перформанс" во облека која не ни можеле да ја купат сами пошто не се наоѓа во детска продавница. Вие сте само луѓе, ама поголем злочин е пасивноста на посматрачот од лудилото на починителот. Ај и овде избришете ме, па и ич више да немам потреба да се најавам. *Преместена оф топик дискусија
Дискусијата беше комплетно оф-топик. Се согласувам со модераторите што беше целосно избришана. Таков вид на облекување не е дел од културата ниту во Шпанија ниту кај нас, па нема никаква поента да се наоѓа на тема за влијанието на западната култура кај нас. Таа тема е злоупотребена од одредени корисници за наведување на се што не им се свиѓа околу ЛГБТ заедниците и кревање на морална хистерија. Сигурно нема да им смета на модераторите ако си отворите посебна тема за тоа, на пример еве „Како се ограничува слободата на облекување кај жените и сексуализација на женска облека“. Има многу да се дискутира за тоа како на жените низ текот на историјата им било забрането да носат одредена облека бидејќи патријархалните и религиозните елементи во општеството ги сексуализираат женските алишта беспотребно.
@CameliaMiller ај пак да пишам мислење што ми беше избришано, а сметам дека го објаснува ставот на членот. Единствено да растел со мајка која носела подвезици, па затоа го смета и за нормално. *нема зошто да го бришете и ова, не вреѓам никого.
Збориме за тоа дека ако дискусијата била оф-топик, можела да биде префрлена или издвоена во нова. Збориме за тоа дека настрана слобода на говор , некој говор подложи и на кривичен закон, како што беше спомнато (и избришано). И како што рече- поголем злочин е пасивноста на посматрачот од лудилото на починителот. Некое ново нормално, мада и не толку ново. So let silence do the talking.
Сите со здрав разум знаат за подвезици во кој дел од облеката спаѓаат, за која возраст се наменети и за што се употребуваат. Не се за малолетни лица! Дискутираниот настан е дел од политичка пропаганда, а гледањето на и дискутирањето за истиот како да е нешто нормално (а, не е бидејќи им беа облечени на малолетни лица) е ширење на политичка пропаганда. Што е забрането во правилата на форумов!
Сите дискусии за политика така би можеле да ги интерпретираме како ширење политичка пропаганда, и ќе не можеме да дискутираме воопшто за политика ако така функционира таквото правило на форумот. Моете мислења на таа тема не ни беа политичка пропаганда, туку вашите само беа. Не го сметам за нормално, сепак подвезици ретко кој носи. Ама не го сметам ни за сексуално, тоа мене ми е само алтернативен стил на панк облека. Како што кажав, облеката на жените беспотребно се сексуализира и вие учествувате во таа сексуализација.
Па видиш Обеј, сексуални суштества сме. И децата од најмала возраст се сексуални суштества. Тоа се вика природа. И ништо нема погрешно во облека која имплицира сексуализација кај ВОЗРАСНИ. Напротив, тоа е избор и ама ИЧ не е проблематично. Подвезици дали ќе носам за сексуална игра со партнерот е избор на возрасна жена која има секое право да одлучува за своето тело. Ама, било каква нормализација на карактеристики, вклучително облека, кои се слободен избор на возрасните кај децата, НЕ е ок. И НЕ треба да биде ок. И не треба да се поддржи. Мора да постојат граници што може и што не може да се прави со деца и да се дозволува на деца. И не само на нив, еднакво е ненормално да се изложуваат на истата таа облека (како пример конкретен), на пример на час да им дојде така професор/ката. Али да, чим е доволно либерте, ќе аплаудираш, пошто толку си способен за критичка мисла, а уште помалку имаш емпатија за тие исти деца и што од нив се прави и со која цел.
Не, пак тргаш од претпоставка дека подвезиците се нешто наменето само за сексуална игра. Тоа се според мене стандарден дел од облека кој може да биде дел од секојдневен стил на облекување. Ова ми кажува дека ако ти видиш жена облечена во подвезици надвор, ќе ја гледаш со понижување дека носи нешто што само во спална според тебе би требало да се види, т.е. ќе ја сексуализираш . За школо се знае дека има кодекс на облекување. Исто како што имаме кодекс на облекување на плажа кој ни дозволува децата во купачи да си ги облекуваме. Тој музички настан не го има истиот кодекс на облекување како во школо. Според мене, сосема океј е да се облекуваат во алтернативни панк костими за преформативни настани, исто како што е со купачи за на плажа. Тоа е сепак многу помалце голотија.
На истиов карневал има еден куп жени и мажи со секакви облеки, подвезици и свашта, па што не ги коментираме нив? Што не го коментираме специјалниот драг шоу? Што баш децата?
Децата отсекогаш биле таканаречен scapegoat за анти-ЛГБТ пропагандите. Иако сите луѓе на пример си ги облекуваме децата во купачи за на плажа без никаква критика (па некои дури и целосно голи ги оставаат), не дај боже ваков театарски костим каде што се гледа само мал дел од надколениците да се облече на ЛГБТ-френдли настан.