Облекувањето на одредена облека никогаш не е сексуализирање. Ко што кажав, тоа е мизогинистичка логика која се користи за да се обвинуваат жртвите за сексуалното малтретирање што го претрпеле од страна на вистинските сексуализатори. Ваква логика се користи најчесто да се обвинат самите тие жени дека сами си се сексуализирале. Јас сум разочаран што на феминистички форум се уште трае истата таа форма на мизогинија околу женската облека.
Е! Ти кажа @Biljarkata , а и ние. Дискусијата е за малолетни лица. МАЛОЛЕТНИ! Никогаш нема да биде во ред да им се дава на малолетни лица облека која е наменета само за полнолетни!
Ако облекуваш ДРУГ во облека која се сексуализира, што е тогаш? Во случајов дете. И немој ти дечко да си пробал за феминизам да збориш. Ама ни случајно немој.
Не знам зошто воопшто се обидувате да објасните на човек со вакво размислување. @RespectAndObey Имаш деца? внуки, женски поточно? Како би реагирал нив да ги видиш во такво нешто?
Ништо, ако видиш лгбт знаменце не гледај два пати, одма удри на аплауз. Чим е лгбт знаменце присутно, се подразбира дека е добро нештото
Ако си приметила, оваа поделба на малолетни и полнолетни алишта постои САМО за женската облека. Нема причина зошто обични хулахопки со каишчиња да се сметаат за нешто сексуално. Пак поаѓате од таа неточна претпоставка наметната врз вас од патријархалните и религиозните елементи во општеството дека нормално е женската облека да се сексуализира на ваков начин. Дали сте свесни дека пред 100 години, за обични панталони се сметало дека се сексуализирачки и неморално жена да ги носи? Дека за сукња што стоела над колена иста ваква морална паника се кревало колку и за денешниве хулахопки со каишчиња?
У двеидваесчетврта на форум со рандом тип се оправаме дали деца е океј да носат подвезици. Ќе се пукам жими све.
Епа пред сто години, вие ќе бевте тие што се расправавте дали е океј деца да носат фармерки или не. Размислете малце околу тоа. Нема потреба мене да ми се лутите што не сум потпаднал под влијанието на патријархотот и воопшто не ја сексуализирам женската облека.
Всушност, не. Може требаше момчињата вака да се облечат, па и тогаш ќе беа хумористичен приказ на шпанска ѕвезда. Веројатно од филмови за, верувал или не, возрасни. Според твојава логика, драг кралиците ич не треба да имаат шоу, пошто намерно и со цел сексуализираат женска облека
Точно, сите во ист кош би ги ставила. Да се пропагираат вакви нешта јавно, на форум, на кој пристап имаат малолетни лица ми е
Ако некој те задрапа за кур, нема што да се вознемираваш, кур е орган и за мочање, не само за секс. Тоа ти во глава си сексуализираш само.
Не знам што сакаш да докажеш со ова. Подвезиците се обични гаќи и хулахопки, само што се поврзани со каиш. Не се ваков тип на гаќи кај што газот цел ти се гледа.
Не сексуализирам ништо околу децата. Но вие изгледа мислите дека сосема е нормално да се сексуализираат деца ако се облечени на одреден начин.
Не. Не постои мизогинија околу женска облека. Не дискутираме женска облека, дискутираме женска долна облека која со децении ни е продавана како ултимејт секси облека, за возрасни жени да им бидат привлечни на возрасни мажи, во многу недвосмислен, да- сексуален контекст. Исто така ко ќе облечеш деца, значи не малолетни личности, туку баш деца, (без развиени секундарни полови карактеристики како гради, значи нема забуна дали е малолетна или полнолетна девојка туку е очигледно девојче) збориме за сексуална објектификација на деца. And than, педофилијата настрана...