Во минатото панталоните и кратките сукњи биле исто така сексуализирачка облека. Сега барем сме се освестиле дека тоа се само ткаенини што ни го покриваат долниот дел од телото. И да, истата паника би ја добиле во минатото ако сте пробале да ја облечете ќерката во панталони. Сосема исто е со денешната паника според мене. Голотија нема врска со облека којашто ја покрива таа голотија.
Скроз иста морална паника. Дали жените смеат да се облекуваат комфорно или како што ќе каже мажот. Морална паника е дали Бјанка Цензори смее или не смее да шета облечена во целофан на улица, пошто мажот така и кажал, ама евентуално негде имало закон и дека не смееш гол да шеташ по улици. Евентуално и возрасна е, па реално не е мој проблем. Деца се надвор од доменот на голи, ,,облечени,, во целофан или во подвезици, оти ништо од ова не е соодветно за деца. Голи-на нудистичка плажа, во штикли и подвезици- нигде. Дури и кога би ја нормализирале голотијата на Бјанка.
Леле човеку дај престани да глумиш лудило....да, подвезици, танги, долна облека која не е направена за комфорт туку за идејата што ја продава е секси облека и тоа е единствен контекст во кој се користи. Сукњите не се секси облека под дифолт и доаѓаат во милион различни дизајни.Купаќи кои гледам дека ги спомнуваш на секоја страница не се ништо сексуално само по себе бидејќи одиш на јавна плажа. Од друга страна камшици и латекс не се некоја кежуал гардероба која е мултифункционална. Мислам, можеш да правиш ментална гимнастика колку сакаш ама единствената поента која ја постигнуваш е дополнително да им ги зацврстиш убедувањата на сите тука кои веќе имаат претстава дека либералците и лгбт заедницата - особено транс луѓето - се потајно педофили и креваат паника дека постои тајна агенда. Можеби си уствари десничар и тоа ти е целта. Секоја жена ако сака ќе се сексуализира себе си и не е тоа никаков проблем кој ти треба да го "решаваш" тука. Океј е да сакам да носам одредена облека која ќе ме направи да се чувствувам сексуално или така да бидам перцепирана, бидејќи е нормално. Нормално е да постои облека која става граница измеѓу детско и возрасно доба. Ставање на децата во облека која ги поместува тие граници е или да предизвика шок ефект или зашто некој навистина ужива во тоа. Верувам дека ти е јасна разликата помеѓу различни ситуации ама со сила пробуваш да измислиш нова логика што испаѓа само како чисто тупење.
Има родители кои би дале согласност ќерката од 12 години да носи подвезици или да се омажи за 60 годишен. Или родители што детето ќе го пратат на школо облечено како мече или кловн. Само во вториот случај збориме единствено за несоодветна облека, не и за повреда на детски права што е случај во првите ситуации. И пошто секој индивидуално си перцепира што е океј, што не е, фала богу затоа постојат јасно дефинирани детски права на меѓународни нивоа и нема тука ама јас вака мислам или ама јас го родив па давам дозвола или ама дај да смениме општеството како гледа на танги и подвезици. Е сега колку се почитуваат, друг муабет. Мислам и детска порнографија е океј ако гледачот не сексуализира, така нешто ќе му дојде? Само снимки/слики од деца, ништо страшно де, вие си сексуализирате. Дури и ова со децава може не е, ама е блиску до детска порнографија. Во Кенија, Уганда и слични ми ти земји е нормално и клиториси да сечат и не гледаат ништо лошо во тоа, во нормални развиени земји (или барем нормални луѓе) на тоа гледаат како нешто ужасно. И кој е во право? Или индивидуално си е тоа пак?
Вие сте тие што правите ментална гимнастика околу купачите. Било јавна плажа, па е океј. И ова било јавен настан под надзор на родителите. Не значи дека ако некоја жена носи подвезици дека тоа го прави за да се сексуализира. Пак упорно ја земате женската облека како изговор да правите претпоставки околу дали некоја жена се сексуализира или не. Ова не е повреда на никакви меѓународни детски права.
Чудно ми е како не ти смета голотија на деца само ако името на облеката што ја носат е различна. Ко да има разлика помеѓу танга и бикини. На плажа некои ги пуштаат и децата комплетно голи. Ама ова океј е за вас, само да не носат мали каишчиња врз таа целосна голотија. Па дури и албуми ќе постирате од нив низ социјалните медиуми.
Ако не значи тоа, тогаш зошто никоја не носи подвезици кога оди на зелено пазарче да купи лук и праз? Или додека носи дете на лизгалки, па онака да се пицне со подвезици,пошо не се сексуализира, него сака жената да се дотерува? Се она што се носи под облека(со причина е под) или навечер во интимна атмосфера итекако е сексуализирано. Ево на пример за фамозните купаќи. Се носат стрикно на плажа или во барот или ресторанчето на плажа, мада шо во последно како гледам скоро сегде има кодекс на облекување во рестораните на плажа. Значи колку толку, со марама или фустанче да си пристоен додека јадеш. Нека бидам колку сака старомодна и конзервативна, навистина ми сметаат работи што не се прикладни на годините.
Еве пример на комплетно пристоен сет на облека кој имплементира подвезици. Овој стил не е толку чест, ама е дел од некои алтернативни панк стилови на облекување. Не ми било ни ич чудно да ја видам женава на пазарче. Вие ако ја видите жената сигурно ќе си мислите дека е некаква проститутка.
За детска порнографија што мислиш? И пред да одговориш, детска порнографија не вклучува САМО секс со деца. Може и да нема втора личност во материјалите (слики и видеа) и пак да спаѓа во истата категорија.
Детска порнографија е нешто што ги прикажува децата во сексуална положба и е со специфична намена за тоа. Се разбира дека не смее да биде дозволена бидејќи е од сексуална содржина.
Не негувам таков стил, ама искрено само селебрити може вака да се облече, а рандом непозната особа не сум видела досега ни слично вака облечена. Тебе можеби не би ти било чудно,ама биди искрен и немој да кажеш дека ако оди ваква облечена на пазарче грото нема да ја загледуваат.
Не го негирам тоа последното, ама не е тоа нејзина вина и не верувам дека жените треба да бидат критикувани ако се решат ваков стил на облека да користат.
Ама од каде сексуална содржина, тоа ти само сексуализираш. Башка што е за тебе сексуална содржина? Све што вклучува конкретно ебење?
Дискутирате и за возрасни жени. Од вашите претходни постови, мислите дека подвезиците се исклучиво само за во спална со партнерот. Тоа укажува дека имате негативни критики кон возрасните жените што ги носат како дел од секојдневна облека. Casual sexy е само casual. Се додава секси само бидејќи жена го носела ова, и има поригорозни стандарди за што е дозволено жените да носат во општеството. Но за мажи не постои casual sexy како стил, ниту поделба на облека за малолетници и за возрасни. Ова е само екстензија од далечното минато што жените не биле дозволени да носат панталони и кратки сукњи.