Немам апсолутно никаков проблем возрасна личност да носи подвезици во јавност. Ама кога се работи за деца и те како е проблем. И не се само подвезиците проблем во случајов, туку и лепенките на градите на децата. Ако тоа не е педофилски и неприкладно за деца, не знам што е.
Другите членки не го делат твоето мислење. Што мислите за родители што си ги шминкаат децата? И шминка е нешто традиционално само за возрасни, но еве се случило родител да оди на некоја свадба и решиле детето да си го нашминкаат исклучиво за овој свечен настан. Ова многу родители го прават, но не постои морална паника околу шминката или некои обвинувања дека пробуваат родителите да си ги сексуализираат децата.
Подвезици и танги не се дел од секојдневната облека. Замисли одиш на операција и ти доаѓа сестрата облече во подвезици, со длабоко деколте и чипкан градник, а докторот во танга, без панталони. Или одиш во пошта, на шалтер, некоја инситуција и сите се облечени во долна облека. Нели да не ги сексуализираме. Да се навратам на операцијата, легнат ти, докторот со јајцата ти брише чело. Не е приказна од порно филм. Туку да ти укажам зошто долната облека со причина се вика долна, под нормалната облека. Погоре сликата е од јавна личност, каде си видел обичен народ да носи подвезици за секојдневно излегување. Лејди Гага носеше месо фустан на настан. Значи ли тоа дека треба да одам во месара и да си закачам пафлаци на мене, бидејќи јавна личност се носи така? Дај не лупај и врати се во реалноста. Дете веќе никој не разголува на плажа, бебиња и тодлери можеби. На маршов јас гледам деца на школска возраст. Практично голи, вон плажа. Настрана што таа облека се произведува за возрасни. Кога се носи за специјална пригода, а тоа е најчесто за секс, што би била намената кај деца? Самата облека има сексуална конотација, а не дали деца или баби ќе ја носат.
Се согласувам не се дел од секојдневна облека. Но ако ја видам докторката на некој ваков перформативен настан облечена во костим со подвезици, нема да имам негативно мислење за неа. И нема да мислам дека се сексуализира што се облекла вака за на некојси настан. Има разлика од театарски музички костими и секојдневен стил на облека ми е поентата. Нема едното да донесе до нормализација на другото.
Одговори бе друже, што се сТрамиш? @RespectAndObey Што претставува за тебе сексуална содржина? Строго секс?
Осеќам одговорност како постар член да споделам нешто со вас, имате во темата Форумот и дебатирањето.
Не е веќе интересно откако првично ги избришаа мислењата и сега ај одново. Не знам само уште колку страници ќе се полнат со едно исто. Никаде, на ниту еден карневал, масеканбал, дете не било облечено онака. Ова настанов во Шпанија, lgbt парада е? Гледам знаменца со виножитца. На lgbt паради често, да не речам секогаш, оти не знам дали е секогаш, се среќаваат голотија и носење долна облека. Но, тоа го облекуваат возрасни на парадите. Парадирање по долна облека каква порака носи? Сама lgbt парада е за сексуална ориентација, значи за сексуалност станува збор. И некој да донесе деца, да ги облече онака, не гледате проблем тука? Што се пропагира, каква порака се пренесува? Значи не е нормално, да беше само обична маска, ќе се маскираа така и на масекенбали. Не е во ред. Го разбирам членов што вика дека се деца и дека на нив не се гледа на перверзен начин ама проблемот е што во случајов децата прикажуваат перверзија и само педофилски ум може да смисли да облече вака дете и да го изнесе на парада. Спорното е што се нормализира секси долна облека наменета за возрасни, да носат деца. Подвезици и танги повикуваат на секс. Видете во кои категории на облека спаѓаат. Додуша, што пишувам множина кога само на еден член не му е јасно... Детската долна облека е со мечиња, цвеќиња, цртани ликови, тоа носи едно дете. Обврска ни е да ги штитиме децата а не да оправдуваме и нормализираме нешто што апла не е во ред и не е нормално.
Зошто зборуваш во име на жените, ти како маж? Зошто имаш толку негативен поглед кон сексуалноста? Ко демек ништо не е сексуално ама патријархатот го прави да биде? Многу глупа и неточна филозофија. На плажа деца идат да се бањаат, на настанов парадираат во долна облека со единствена цел од организаторите да биде привлечено (негативно) внимание и да се зборува за тоа. Епа ај да ти нацртам ако не како е тоа различно.
Па не е таа за на плажа. Буквално исто личат бикините за деца и оние за возрасни. И да нема никаква разлика помеѓу бикини и танга. Јас само ги потенцирам двојните аршини што постојат околу нешто што патријархатотот го дозволува и нешто што не, само бидејќи се случило на ЛГБТ-френдли настан а не на плажа полна со традиционални семејства. Исто така, зборот сексуална ориентација не се однесува само на сексот, туку главно и на романтичната ориентација. Тоа дека одма се сугестира секс ако збориш за својата сексуална ориентација не е точно. Ова дека не треба да ја сексуализираме облеката на жените сум го слушнал од женски муабети онлајн. Ние во Македонија само сме премногу назад да сфатиме дека уште ја поддржуваме сексуализацијата на женската облека. Еве Тејлор Свифт очигледно не ви го дели мислењето околу подвезици дека се сексуална облека, барем нејзе слушајте ја. Не, очигледно би станало мета на луѓе што сакаат да шират анти-ЛГБТ пропаганда. Не мора да е секс, може и да е некакво движење на телото што е со таа намена. Така и законите се напишани. Не видов ништо на овој настан што сугестираше на тоа. Перформаторите маршираа на најобичен начин.
По 46557558ти пат, подвезиците се дел од долна облека. Менувај зборови до сабајле, нема да го смениш тоа! И на сликата која си ја ставил е полнолетна жена. Дискусијава е за деца-малолетни лица!
Ахам значи некакво движење на тело со таа намена по дифолт е нешто сексуално, ама факинг подвезици со истата намена не се?
Според закон не се. Има добра причина за ова. Ако ваков закон се направи за облека, ќе мора да ги апсиме и родителите на плажа. Затоа ваквите закони убаво се напишани за да биде битна намената на самиот материјал. Не постои во закон дека некоја облека е наменета за секс или не. Дали сакаш да кажеш дека деца не смеат да носат долна облека? Се разбира дека се долна облека, и некои луѓе како Тејлор Свифт и јас ги сметаме за како најобична долна облека, а вие имате некои комплекси околу нив поради икс причини.
Според закон во Саудиска Арабија, не постои силување во брак. И? А ај цитирај ми закон додуша каде денсање во скут е нешто сексуално. Со член со све. Ама со тие зборови баш.
Битни се само законите во развиените земји за дискусија. Во Сауди Арабија ни на плажа не верувам дека им даваат да се соблечат.
За првото се согласувам дека е вистински проблем со сексуализација на деца. Второто е уште една морална паника насочена кон ЛГБТ заедниците.
Мене ми е трагикомична целава дискусија. Костими за капење (и за деца и за возрасни) се знае кога и каде се носат, и за тоа само им е намената. Знаеме и танги, подвезици каде се носат, која им е намената и кој ги носи, а тоа не се деца! Филозофирај колку сакаш, тоа е 18+ облека, грозно е дури да помислиш на дете тоа да го облечиш, не па да поддржуваш паради организирани од ментално болни што сигурно не им мислеле добро на тие деца. Па на крај ние криви бидејќи сме мислеле само во сексуален контекст. Не, туку има доволно болни умови таму што сигурно ќе мислат. Во никој свет никогаш нема да е нормално облека чија првична намена е сексуална да се стави на деца и да се очекува дека ништо нема да се деси. Секако дека ќе има остри реакции кога деца се мета на болни пропаганди! И затоа да речиш дека ти е нормално да гледаш деца во такво издание е педофилски.
Се изнасмеав хаха. Мислиш со софизми некој ќе придобиеш или ќе докажеш, или ќе одбраниш? Што се обидуваш да докажеш не ми е јасно? Што е тоа што САКАШ да докажеш? Објасни во една единствена речиница. Постојано правиш аналогија меѓу тоа што не било дозволено во минатото и сега? Зарем исти се општествата во „минатото“ и „сега“? И може да се направи споредба на основа на тоа што било дозволено или не на основа на едно парче облека? Општествата се цел комплекс од феномени, процеси, навики. Какво е таа „пресадена“ споредба? Постојано споредбите за возрасни девојки/жени ги пресадуваш на малолетници. Зарем не гледаш дека е сосема провидна и смешна твојата споредба, и дека создава само отпор? Ако целта е да ги „еманципираш“ припадниците од женски пол и да ги „освестиш“ за нивната наводна жртва од мачистичка сексуализација, и гледаш дека создаваш само отпор, зошто продолжуваш со истото? Како можеш група од претставници на женски пол да ги обвиниш за сексизам/или мачистичка матрица, ако мнозинството на девојки/жени овде што дебатираат не се согласува со тоа? Ти ќе ги „освестиш“? На кој начин? Со пресадени споредби?