Може да се направи споредба. Зошто да не може? Иста морална паника се кревала за панталони во минатото. Свесен сум дека жените во Македонија не се толку феминистички настроени колку што се во поразвиени земји. Го заклучив тоа кога многу членки тука приметив дека ги исклучуваат транс жените од нивната верзија на феминизам. Ама не може заради тоа да се очекува од мене да престанам да бидам феминист. Јас секогаш ги охрабрувам жените тука да прочитаат вакви дискусии и на други места онлајн, да видат не ги измислувам јас работите сам, сум ги научил од други феминисти. Јас не очекувам ништо повеќе од нив само да не ги малтретираат жените што не им ги следат нивните патријархални стандарди на облекување.
Не, не може. Тоа е горна облека за полнолетни. Оф топик си. Дискусијава е за долна облека за возрасни која им е облечена на деца.
Поентата е дека не биле тоа во минатото. Панталоните се сметале за сексуализирачки и феминистите требале да се изборат за своето право да не бидат сексуализирани во нив. Модерниот феминизам го има ставот дека тоа треба да важи за секоја женска облека бидејќи не важи за никаква машка облека. https://en.wikipedia.org/wiki/Garter Интересно е што подвезиците започнале како стандардна облека, дури и кај мажи, но поради некоја причина почнале да се сексуализираат од луѓето. Тоа се случува со секој алтернативен стил на женска облека, станале сексуални најверојатно бидејќи жените престанале да ги носат толку често. И ако патријархатот намириса каква била уникатност кај жените, се разбира дека ќе проба да ја сексуализира.
1. Објасни ми. Зошто може да се направи таква споредба? Каде гледаш морална паника? Јас гледам неоснована аргументација и „пресадување“. 2. Што е за тебе „развиена земја„? 3.Мислиш дека ако ги убедиш „жените“ на форумов, некако магично жените во реалноста ќе бидат потолерантни кон трансексуално жени? Најсмешно е што ни ТУКА не ги убедуваш. Да не зборуваме за во стварноста, надвор од форумов. 4. Ти ги охрабруваш жените тука да се фрустрираат со твоите споредби, не гледам како придонесуваш кон “еманципацијата“. 5. Ти не си никаков феминист. Не може да е феминист некој кој создава отпор кај мнозинство на жени на еден форум со многу женски членови и да се смета за „еманципатор“.
1. Беше избришан дел од дискусијата кога беше преместена. Паниката е околу тоа дека некојси музички настан во Шпанија бил направен со намена да се нормализираат подвезици кај деца иако тоа биле хумористични театарски костими. Ова мислење е неоснованото тврдење. 2. Западот. 3. Сакам да ги охрабрам транс жените и мажите што го читаат форумот. Дури и во иднина да читаат низ форумот ќе видат дека некој ги поддржувал во Македонија. 4. И јас сум исфрустриран со нивните несоодветни споредби и аналогии. Јебига. 5. Феминизмот е отпор по дефиниција.
1. ПО 3-ТИ ПАТ, остави ги ЛГБТ на раат. Ти со твоето спомнување само им нанесуваш штета. И тие нема да се согласат со тебе. 2. Да, паника е затоа што тоа во што ти не гледаш проблем е педофилна пропаганда! 3. Нема ништо хумористично во сексуализирање на деца! А, облекувањето деца во облека за возрасни е токму тоа, сексуализирање од страна на педофилите и педофилските настроените лица! 4. Подобро би било да се повлечеш оти ќе им направиш проблем на модераторките!
1. Ако мнозинството има отпор кон твоето тврдење, тоа СЕКАКО не значи дека е морална паника. 2. Што е „Запад“? 3. Тоа што фрустрираш огромен број на жени/девојки тука никако нема да им помогне на транс жените, Ти си транс жена? 4. Со додавање на фрустрации на фрустрациите баш ништо не се решава. Јебига. 5. Отпор е , се согласувам, ама ти не си феминист/ска.
1. Не сум видел никој друг онлајн да крева толку паника за настанов. Јас одвај и вести можам да најдам за ова. По тоа заклучувам дека овој форум е малцинството на глобално ниво. 2. Одреден број на развиени земји со најголем квалитет на живот и најразвиени човекови права во споредба со другите земји во светот. 3. Јас сум цис маж. 5. Океј, ти го почитувам мислењето. Но не ми треба ничија дозвола да бидам.
Зошто членов упорно се толерира овде? Не можам и не ги ни читам неговите манипулации и искривена реалност, повеќе... @theowndemon гледам не се согласуваш со него, зар не можеш да сториш нешто? Со оваа негова пропаганда модераторите, а и форумот само проблем ќе си направат.
Ако модераторите не сакаат веќе да дискутираме за оваа паника, слободно пишете ми порака. Јас ќе ги почитувам пораките на модераторите, секако.
1. Можеби ова е само парче од интернетот ама ова е единствен форум за жени во Македонија. Така што, сепак има некаква статистичка и фокусирана репрезентативност. И ,ако е ова малцинство онлајн зошто толку се обидуваш да докажеш овде, знаејќи дека импактот ќе е занемарлив? И како ова ќе им помогне на транс жените во глобала, во реалниот живот? 2. Кои се тие одредени земји? И врз основа на кои параметри судиш дека се „развиени“ во однос на човекови права? - Зошто мислиш дека тие „права“ автоматски може да се „пресадат“ во нашево општество и дека тоа ќе создаде некакви погодности во однос на жените ТУКА? (или трансексуалните жени ТУКА) - Како тоа извесна сексуално сугетсивна облека кај деца ќе придонесе ТУКА; во македонсково општество еманципација на жените/трансексуалните жени? 3. Добро. 4. Исто и како тебе и мене не ми треба да констатирам дека си само провокатор, без никаков реален импакт врз добросостојбата на жените генерално, и трансексуалните жени специфично, и пред сѐ не разбирам како тоа ќе го постигнеш преку изјави што повеќето жени тука ги перципираат како педофилија. Со други зборови, стратегијата ти е сосема промашена во однос на целите кои си ги поставил и нема никаква врска со феминизам (од кој бран и да доаѓа).
Ама немаат ништо заедничко деца во купаќи на плажа и деца на парада во несоодветна облека. Костимот за капење Е за деца, подвезици и ленти на цицки што уште ги немаат, НЕ се за деца. Ете тоа е накратко кажано. Никакви двојни аршини нема.
Ама, на него или не му влегува во глава или толку му е капацитетот. Споредува ствари што не се за споредување. Се знае што е соодветно, а што е несоодветно за деца.
Боже сачувај. Од феминисти како овој што не смееш да се осеќаш како жена пошто си жена, си ебавме векот. Менсплејнинг на најјако, жити се' како маж престани да мислиш дека ЗНАЕШ што било за жените и нивните чувства. Не знаеш, како што јас не знам како е клоца у муда, така ти не знаеш како е да си жена, што е позитивно и негативно искуство на жена. Западот До толку стана извитоперена и девијантна цела пропаганда, што контра ефект постигнува, еве баш ви фала на толку либералните што по западот почнаа на голема врата да се враќаат десничари, му се смачи на светов па контраефект, за жал, има. Не ме интересира дали е лгбт+ или флдс, сексуализација на деца НЕ е нормална, не е во ред, не е нешто што треба да размислувам дали "погрешно" сум убедена. Истиве деца нормално детски облечени со лгбт знаменце немаше да предизвикаат ваква реакција, затоа што не е проблем знаменцето, а и впрочем на истиот настан има и куп други деца кои не се облечени вака. Исто како што да имаа перформанс вака облечени, без знаменцата, пак ќе имаше ваква реакција. Да, има лгб деца, имаат право да се осеќаат нормално, а не изолирано, тоа не значи дека треба да промовираме секс ни геј ни стрејт кај истите. Едит: на твојот европски запад на велико постојат педофилски рингови, од една страна, во кои учествуваат високи државни претставници, а исто така постојат во САД како еден пример флдс, кои вршат страшни сексуални злосторства врз малолетни девојчиња. Исто така "ги мажат" во полигамни бракови малолетнички, на 12+ годишна возраст, за мажи по 3-4, а и повеќе, постари од нив. Човек кој чита наслов, без да прочита содржина, може да тресе вакви "мудрости". @RainBow токму реакцијата на ќерка ти е баш загрижувачкото. Децата со причина не знаат што претставува облекава, не е до децата. Нормално дека ако не ја знае намерата и импликацијата ќе и' биде необично и интересно. Не е овде спорна перцепцијата на децата, спорно е баш тоа што тие не (би требало да) знаат, ама знаеме сите ние возрасни. И знаеме дека пружаме преку тие деца entertainment за ликови чие место е зад решетки. Колку нормално облечени деца, рандом слики од деца завршуваат на дарк веб, од која причина да ги сервираме на тацна?
Од истиот настан. ВАКА треба да изгледаат деца маскирани. А на прајд парада, еве ништо погрешно не гледам во сликава доле.
Тоа беше за она дека децата гледале и читале, они немаат поима, ниту треба да имаат. Фала богу дека не знае, ниту пак имам намера да објаснувам, зашто е дете. Требаше ли да рече аууу види како сексуално ги облекле децава? Не се разбираме нешто, ама не ни сакам да се мешам веќе во дискусија во која се контрате беспотребно со еден член, реков, далеку сме ние од било што вакво, кај нас е уште леле си игра со барбика, педер ќе биде.
И она што е загрижувачко е што со ова срањево "ама јас не сексуализирам" уствари само му помагаш на педофилот. Он си гледа деца во подвезици, ти не гледаш ништо погрешно во тоа, не го пријавуваш, не правиш ништо. И батето си продолжува и тек кога некое дете сериозно ќе настрада, е тек тогаш ќе бидат сите паднати од Марс оти " абе арен човек беше, не сме виделе лошо од него" а само мижеле. А проблемот што читаат деца е што мислат дека е сосем океј они да носат подвезици то ест да се експонираат или друг да ги експонира јавно на тој начин и нема да препознаат злоупотреба тука. И ако некој ги натера на вакво нешто, нема да осетат потреба да се обратат за помош. И просто ми е грозно да читам некој да му е нормално да гледа деца во подвезици или не знам ти што и ни малку да не помисли дека чекај, што има во главата на тој што рекол да се облечат вака? Па честитки, само што овозможивте некој болен ум да продужи да онади деца. А кога сме кај купаќи, дали нешто лошо би помислиле за тренер по пливање кој ќе побара девојчињата да пливаат без горен дел? Или сасвим е во ред оти нели гради нема што да сексуализираме.
Мешаш лгбт кај што нема врска со лгбт. Има врска со сега да влезам во Зара, облеката за предпубертетски девојчиња повеќе наликува на облека на средношколки. Секако, се' на запад е арно, модата највеќе, а од избори на "убавина", до кроп топ кај 10 годишно девојче, еве ни стига. Оти, глобализација. Ама нема везе, морална паника е. Не ќе да живееме во ист свет.
Што има врска транс популацијата со тоа дека децата не треба да носат подвезици корсети и несоодветна облека за возрасни ?