Уфффф се гадам кога ќе видам дека и вакви луѓе земјата држи Ги мразам , за нив мала казна е затворската.... Сакам да кажам дека е добро ова што и текна на владата или на кој таму му текна со интернет страницата, па да можеме сите да ги видиме , да ги осудиме и кога ќе излезат да си знаеме од кои гадови треба да си ги пазиме најмногу нашите деца .
http://bukvar.mk/cluster/rusija-voveduv ... Z8&cc=svet Спојлер Хемиска кастрација за педофилите во Русија 10.02.2012 - 14:59 | Свет Рската Државна дума денеска усвои измени на Кривичниот закон со кои се предвидува хемиска кастрација на лица што ќе извршат сексуално злоставување на деца помлади од 14 години. Со измените покрај кастрацијата, за сексуално насилство врз деца помлади од 12 години, како и за повторување на кривичното дело педофилија, се предвидува доживотна затворска казна. На осудените педофили што извршиле сексуален напад врз деца постари од 14 години, им се дава можност да бидат ослободени по отслужување на четири петини од затворската казна, доколку доброволно се согласат на хемисла кастрација. Со законските измени, како тешко кривично дело се оквалификуваат и хомосексуалните односи со лица помлади од 16 години, а се заоструваат и казните за дистрибуција на педофилски порнографски материјал и за ширење на порнографски содржини меѓу малолетници. По усвојувањето на измените на Законот, се огласи опозициската партија Праведна Русија која оцени дека новите казнени мерки не се доволно строги и најави дека ќе предложи дополнителни измени за нивно заострување. Тоо
Се мислам дали има и такви жени и дали исто се викаат, инаку мискам дека не треба да одат во затвор туку во Лудница колку жени има на светот морало ли да бидат малолетни... Безвеза се луѓево во денешниве денови!
Најпозитивно е тоа што Русија како светска сила и една од највлијателните земји носи вакви закони. Добар пример дава на останатите, само треба да го следат.
Добро е што Русија како светска сила донела ваков закон, меѓутоа таа веќе ги следи највлијателните земји Законот за хемиска кастрација е во сила во 17 држави во САД од 1996 година, секој кој сексуално нападнал дете испод 14 години го следува хемиска кастрација. Законот за хемиска кастрација е во сила во многу земји, Велика Британија, Австралија, Израел, Германија итн, не открила топла вода Русија.
Да не ми кажеше за другите држави ќе живеев во заблуда.. Јас па си мислев Русите ја пронашле и гравитацијата Особено за Австралија мислиш дека не ги знаеме законите? Еми како да не знајме није кога од секоје село овде си имаме барем по еден чоек таму иселен? То бар сите го знает дека имат цели села откај нас шчо се таму заминати Еве ги државите во САД каде е озаконета хем.кастрација и каде е забележана нејзина примена California , Florida, Georgia, Iowa, Louisiana, Montana, Oregon, Texas, and Wisconsin. Вкупно 9. Проблемот е во тоа што и во УК изолирани случаи се казнуваат на овој начин а колку педофили се јавуваат годишно е друго прашање. Позитивното што го наведов јас е во тоа што кога веќе во влијателни земји не се спроведува законот како што треба, барем не се заборава тој закон кој колку толку ја отежнува положбата на педофилите и ете и во една од највлијателните земји на светот се донесе. И треба да се следи тој пример. Иначе јас повеќе навивам за физичка кастрација.
Да не ми кажеше за другите држави ќе живеев во заблуда.. Јас па си мислев Русите ја пронашле и гравитацијата Особено за Австралија мислиш дека не ги знаеме законите? Еми како да не знајме није кога од секоје село овде си имаме барем по еден чоек таму иселен? То бар сите го знает дека имат цели села откај нас шчо се таму заминати [/quote] Контрадикторна си самата на себе Напиша дека Русија е највлијателна земја и сите треба да ја следат со законот за хемсика кастрација, ако треба да ја следат значи дека прва го донела што во случајот не е вистина, Русија е последна во низа на многу држави што го носи законот. А мор забрајв оти сега кога бев стари крај, на стред село држав предавања за свите закони тука во Австралијава, најпоќе се задржав на законот за хемиска кастрација
Jас имав непријатна случка пред 3-4 месеци,се грозам да зборувам за тоа,но со човекот бевме и некако роднински поврзани,сега е пријавен и душата ми е на раат
Сигурно не педофилија! Педофил по дефиниција е возрасен маж или возрасна жена која има сексуална склоност кон мали деца(машки, женски) кои не наполниле 14 години. Значи разликата во годините нема врска со педофилија. Тоа што ти го велиш е сексуално злоставување или обид за истото, што секако дека не е во ред ако немало согласност од двајцата.
Контрадикторност нема, само ти сакаш да ја видиш и занимавајќи се со тоа, ја занемаруваш темата. Напишав дека останати треба да ја следат и не гледам зошто се обиде да ме 'просветлуваш' со информации за законите во УК, Израел, Австралија и делови на САД преку ишаретски смајлиња . Е кога веќе ме нарече контрадикторна, јас можам тебе да те наречам недоволно информирана зашто 9-те сојузни држави во САД каде некогаш се применил законот ми ги прикажа како 17, но јас ќе си поќутам. А тоа последното нема да го коментирам зашто очигледно некаде си се препознала, а комплекси од потекло според мене се неоправдани, па не ме интересираат.
^И така се вртиме во круг Ако треба да се следи Русија тоа значи дека е прва држава што го носи законот, што во случајов не е вистина, Русија го следи примерот на безброј други држави. Во САД 17 држави го имат донесено законот а можеби само 9 го применуваат. Ти со дијалектот се подбиваше со луѓето што се доселиле во Австралија, тоа повеќе збори за тебе него за мене, и не, не се пронајдов, немам никакви комплекси за своето потекло, нема зашто да имам. И немам намера повеќе да дискутирам, гледам по другите твои постови во право или не, ти си секогаш во право
Кога веќе сте се фатиле за хемиската кастрација... Нема закон во UK за форсирање на таа хемиска кастрација. Точно тоа дека тука ја нудат, на педофили кои веќе си го одлежале времето казна за стореното дело, и кога веќе ги пуштаат на слобода со редовни програми на психолошко советување. Значи не е никаква казнива мерка за која треба да и се ракоплеска на земјава & co, туку е само на волонтерска база, додаден метод на психолошката интервенција, која сеуште е број еден третман. Сума сумарум, им се нуди хемиска кастрација пред се за нивно добро, за да ја зголемат веројатноста дека нема да го сторат делото повторно и да се вратат во затвор, и оти навистина веќе не сакаат повторно сексуално да нападнат дете. Макар јас и не гледам начин на кој ќе се спроведе закон за хемиска кастрација доколку се изгласа па каде сака нека е, не е битно името на државата. Кога треба да клукаш апчиња како Прозак на пример секој ден, што е обичен антидепресив што е познат намалувач на либидо, и ако престанеш да ги земаш толку од кастрацијата. Макар што звучи како кој знае што, тоа е само, вештачки допринесување да либидото опадне. Или да го кастрираат на овој начин некого додека лежи затвор ајде, како така да се форсира тоа за да му опадне либидото, во ќелија е и нема кај да се крие, а кога излезе кој ќе продолжи да го рани апчиња со зор секој ден? Целата поента на кастрација е за кога е надвор нели да не нападне повторно, во затворот што лежи нема деца. Нема ми логика бе, џабе се дига прашина.
[ Грешка. Не се вртиме ние. Ти се вртиш во круг. И повторно и повторно што сега го докажуваш. Русија не била прва та не била. Знаеме дека не била. Уште да имаше врска тоа со она јас што го кажав. Демек само првиот треба и може да се следи, така? Се објаснив веќе, нема да повторувам само затоа што ти погрешно ме толкуваш. И помалку смешно испадна ова твоево, демек 'Немам намера да продолжам со дискусија', во превод 'Немам аргументи и ајде сега ќе барам рачки неповрзано со темава, но поврзано со претходните постови што ти ги пребарував и од кои повторно си изнесов неосновани заклучоци'. Не можеби туку сигурно се 9. Само ме интересира од каде ти е овој податок за 17 држави? Ако можеш да ми наведеш извор ќе ти бидам благодарна, баш ме заинтригира зашто ништо слично не наоѓам.. а ако не можеш, воопшто и не чуди фактот што ја напушташ дискусијата А твојот заклучок дека сум се исмејувала со иселениците во Австралија како целина, е тотално погрешен, те уверувам Јас одамна ќе се повлечев од дискусијата, но упорна беше со цитати кои мене ме вадеа од контекст. Се согласувам дека законот не носи некои решенија што се докажало веќе низ примери во западните земји, но тоа што барем продолжуваат да се носат закони го доживеав позитивно, зашто баш пред некое време слушнав т.н експерти како ја изедначуваат педофилијата со хомосексуалноста на психичко ниво што подразбираше дека општеството требало да биде потолерантно кон нив. Вака барем носат закон каков таков што укажува дека ова е болест и тоа тешка. Особено добро го примив тоа што се бара заострување на штотуку донесените мерки. Иначе се изјаснив дека сум за физичка кастрација.
Поодвратно нешто од ова нема. Жалам за ваквите случаи, односно жалам за жртвите на оваа ненормална појава. А за сторителите
Добро неможам да сфатам како можете да кажете дека педофилија е кога се врши сексуален напад на дете до 14 години, а што со тие од 15 до 18-20 за нив не важи законот?! Неможам да разберам што се прави владава. Доколку на било кое девојче од 15 години му се случи нешто вакво со старец од 50-60 години нема да му се суди, ќе биде пуштен да продолжи да го прави истото?! Незнам до каде отиде државава. Никој не се грижи за безбедноста на невините деца! Наместо да се воведе кастрирање како што прават во другите земји или некоја посериозна казна, тие само ги заштитуваат и поттикнуваат да продолжат со ваквите гнасотии. И мислам дека нема девојче со здрав памет што би сакало на неа да се лигави 60 годишен старец! Педофилијата е умствена болест, за која мора да се најде начин да се отстрани бидејќи како што гледаме секојдневно се накачува бројот на жртви. За таквите кастрирање и смрт! Ма ми се грози од самата помисла... Спојлер И немојте да помислите дека беше некоков политички пост, тоа во никој случај, само сакам да кажам дека ниедна партија што била на власт не се грижела за безбедоста на најпрво нивните деца!
Педофилијата според мене ке се искорени само ако постои смртна казна во нашата држава. Секој оној кој ке посегне малолетно дете да злоставува, да биде погубен, немора јавно, туку само да се знае дека е погубен поради тоа што го сторил. Не дај Боже да се случи такво нешто на детенце со кое јас имам некаква врска, внуче, дете, како и да е, ке го врзам и ќе го мачам додека не умре педофилот и око нема да ми трепне! После ке послужи како држач на некој мост убав, да го зацврсти. Ми се гади од тие педофили, искрено. Се можам да поднесам, ама педофили никако!
Тоа е психолошки проблем. И тоа голем. Значи ми се гади од таквите. Поради тоа што смртната казна не ја подржувам, добро ќе ми биде ако има доживотен затвор. Нека скапе во затвор, што е секако многу подобро отколку брза смрт. Не можам да ги сфатам. Што има толку сексуално привлечно кај девојче од 12/13/14 години?! Болна работа..