Нема никаква врска. Ме праша некој зошто ги поддржувам транс жените на овој форум. Некои членови тука тоа го гледаат како „мразење на биолошките жени“. Фактички, ништо од нивното обвинување за „нормализација“ нема врска со ЛГБТ заедниците, затоа е и морална паника. https://deca.mk/bizaren-trend-devojchina-odat-vo-gradinka-so-shtikli-i-shminka/ Еве пример за сличен феномен што се случува на Балканот со штикли и шминка кај мали деца. Што можете да приметите? Дека овде не се обвинети мајките дека се педофили кои ги сексуализираат децата, дека пробуваат ова да го наметнат врз сите други мајки и деца во светот, дека пробуваат да манипулираат со останатите деца. Ова немаше да важи барем една од овие мајки да беше транс жена. Затоа зборувам за двојни аршини поставени од патријархатот кога се работи за ЛГБТ заедниците.
Упорно млатиш вода, иако членкиве упорно културно ти објаснуваат. Децата немаат врска со ЛГБТ, децата немаат врска со војните, децата се невини суштества кои патат во светот на возрасните за жал. За жал, децата се користат за остварување на такви гнасни цели кои се дел од перцепцијата на возрасните, меѓу кои најсрташна е педофилијата. Какви шминки, какви штикли немој да правиш будали од нас!!! Се што пиша не ти држи вода, лупеташ глупости, и се што ќе пишеш понатака исто така ќе бидат глупости, врска нема со реалноста тоа што го пишуваш. Се обидуваш да извадиш некоја поента, демек ги напаѓаме ЛГБТ, а уствари ти ги поистоветуваш и шириш пропаганда дека на парадите нивни и да се шетаат деца во танги и подвезици е сосема океј затоа што тоа е парада на љубов. Епа друже, си ја утнал работава скроз, остај ги ЛГБТ на страна и не им ставај етикета на педофили, обидувајќи се да ги одбраниш демек. Срамота е.
Јас не сум им ставил. Тоа вие таква етикета им ставате. Од вас доаѓаат обвинувањата за ширење педофилска пропаганда. Едно е да не ви се допаѓа како се облечени децата и да ги критикувате родителите, еве тоа и кај нас на Балканот се случува по градинките. Ама друго е да клеветите невини луѓе дека се педофили поради вашите неосновани мислења.
Кои невини, бе? Здраворазумен човек не им дава на деца да облечат ленти за гради и подвезици! Тоа само педофил може да го направи.
Невини се. Буквално ако некој во Шпанија проба јавно да ги обвини тие родители со истите ваши обвинувања, лесно можат да тужат за клевета.
Можеме да приметиме дека е фикција текст, и дека нема никаква врска со транс жени и лгбт заедница особено. Не сум видела ни детски штикли ни дете со вештачки нокти, ако некој видел нека каже.
Ја не знам на кој ебен јазик да ти објасни човек дека педофил реално не се грози од деца во подвезици туку напротив, не му сметаат зашто сака да ги гледа, зашто тоа го пали и сака да се нормализира тоа нешто за да му бидат што подостапни до него. (Како ти на пример кхм) Како што инцели сакаат да се нормализира и декриминализира силувањето оти тоа им одговара на желбите (али фала богу само во нивен свет е возможна таа работа). Да рече некој на твое дете да носи подвезици на настан треба да ти иде гркланот да му го извадиш оти јасно што му е целта и желбата, не да стоиш ко теле оти пази, за тебе не било сексуално. Тоа што за друг Е и што твое дете е жртва, мање битно. Една паралела ако сакаш да направам со возрасни. Пример на плажа, на девојка случајно ѝ се одврзува горниот дел од купаќите. И што мислиш кој е поголем манијак, тој што одма ќе притрча со пешкир да ја покрие или тој што ќе ја зјапа оти наводно "не ја сексуализира". Мене да ми се случи, сакам некој да помогне, да ме прикрие, да ме заштити од експонирање. Со "ама уживај си, не те сексуализирам" не помага, напротив. Зошто не би шетале голи или по долен веш пред членови од фамилија ако никој не нѐ гледа сексуално од нив и не би нѐ ебел? И неќам стварно грозни примери да посочувам ама рецимо татко кој не почитува приватност на ќерка тинејџерка, упаѓа во соба, ѝ вика да не се срами пред него Е педофил, за разлика од тој што прави спротивно. И треба секогаш и како родители и повозрасни браќа/сестри и сите што сме дел од општество да ги штитиме и учиме децата да си ја почитуваат приватноста без разлика дали некој ги сексуализира или не.
Чекај малце. Тоа „наводно“ тука многу менува. Едно е стварно да не сексуализираш, друго е да лажеш дека не сексуализираш. Пак твоите аналогии имаат некој трик елемент што комлетно ги прави невалидни за ситуацијата. Но дури и во твојата аналогија, ниту самата девојка ниту нејзините родители што и дозволиле да се облече така не се виновни, туку само оние кои сексуално би ја малтретирале во такво стање.
Па он тврди дека не ја сексуализира ама тоа што гледа, а не ја крие укажува дека ја сексуализира. Што не ти е јасно? Ај на другото одговори ми. Зашто пред членови од фамилија ни е непријатно да сме голи иако знаеме дека неќат да нѐ ебат?
Постојат и луѓе кои шетаат голи и не им смета да бидат голи помеѓу други луѓе. За такво право се изборија жените во Германија пред малце, бидејќи базените не им дозволуваа да се сончаат со голи гради. И овде е најбитното: тие не си ги сексуализираат телата ако така решат да се сончаат, туку само оние кои би ги малтретирале додека се во тоа стање.
Не ми одговори на прашањето. Тебе срам ти е пред сестра, мајка, ќерка да се соблакаш? Ако не те гледаат сексуално, зошто би ти било? Исто, непријатно би ти било нив да ги видиш голи? Ако не би ги ебел, зашто би ти било?
Возрасни жени што сакаат ќе прават. Овде не зборуваме за возрасни жени. Дали Петкана ќе иде у подвезици на пазар так ме брига да ти кажам. А дали Петкана детето си го облака у подвезици, лепенки на брадавици, да, ме интересира. Нема добра намера зад второво.
Истото право во Германија важи и за малолетници. Ама пак немаше ни за тоа морална паника. Ќе ми биде срам, ама што има тоа врска? Не дека бидејќи ќе ме сексуализираат, туку бидејќи не сакам да ме гледаат луѓето голи. Но пак тоа е нешто околу мојата лична слобода за како сакам да се облекувам. Ова и за вас важи: треба да ја имате слободата да се облекувате како што сакате без никој да ве сексуализира.
Ова е тоа кога ќе се претера со либералност до каде се стигнува. Секој нека прави што сака, напред народе. Што сакаме може да облекуваме и на себе и на нашите деца, па и голи да шетаме.
Потполно се согласувам со тебе дека ако некој присилно ги облекол така, а децата се противеле на тоа дека тоа е голем проблем. Единствено сакаме да стигнеме до каде никој не ги сексуализира нашите тела без наша дозвола. Тоа е една од главните цели на модерниот феминизам.
И стигнуваме до степен посилните да ги злоупотребуваат послабите, возрасните деца, тинејџери, здравите изнемоштени лица, т.е. до степен на анархија, безредие, општ хаос во светот.
Децата нема сами да побараат ленти на гради и подвезици. Не побарале. Тоа го направил организаторот, а родителите згрешиле што му дозволиле.