1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Педофилија

Дискусија во 'Психологија' започната од RainBow, 4 март 2010.

  1. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    Насловот на твоето мислење, насловот на статијата и текстот на твитот гласат: "Germany's Parliament has officially voted to decriminalize the possession of child pornography." Со овој сензационален наслов се тврди дека детската порнографија е декриминализирана во Германија, односно дека нема да е кривично дело да поседуваш детска порнографија, туку ќе е сосема легално. Во текстот на статијата исто така пишува „classified as misdemeanors and not as crimes“ што пак, не е точно бидејќи иако felony ≠ misdemeanor, двете се crime.

    Насловот сам по себе не е ништо друго освен ФЕЈК ЊУЗ. Знаејќи ја статистиката дека во просек 70-80% од луѓето ги читаат само насловите и само 20% од луѓето читаат текстови во статии, истиот е напишан така како што е напишан за да привлече внимание. Мислам, очигледно и ти си го прочитал само насловот чим го ископира тука истиот тој наслов, без никаков друг текст во мислењето што го споделуваш.

    Објаснето ти е веќе погоре ДВАПАТИ зошто се намалени казните и зошто е изменет законот, преочигледно требало да има измени во законот, која е логиката да бидеш обележан како педофил и да бидеш истражуван од полиција ако некој педофил или трол во групен чат во кој си на Телеграм, одлучи да прати детска порнографија? Која е логиката во случајот со мајката која пронашла детска порнографија во групен школски чат, го избришала од телефонот на детето а си го препратила на својот телефон за да има докази, па го препраќа на професор, за на крај и мајката и професорот да бидат казнети со затворска казна и да нема опција судија да го отфрли обвинувањето?


    И претходно се покажа дека сакаш да читаш и обожаваш да шириш лажни вести, баш исто за педофилија беше, а коментаров ти е толку беден, што е следно, ќе ме обвиниш дека сум педофил?
     
    Последна измена: 23 мај 2024
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    За такви работи треба да постојат истраги, а не намалување на казни. Тоа испаѓа ај да намалиме казни за убијци оти има и грешно осудени.
     
    На Feminka22, Mrs. right, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Сфаќаш ли ти дека со ова се отвора дупка баш за такви педофили што шират детска порнографија по Телеграм канали да добијат мала казна?
    Утре тој педофилот што зачувал и дистрибуирал детска порнографија на било која платформа, со добар адвокат, и добри пари ќе се извлече со минимални затворски казни од 3 или 6 месеци, или пак 1 година, што се НИШТО.
    И тоа ако не е декриминализација на педофилија, не знам што е.

    Ние овде имавме случај со Јавна соба на Телеграм. Тогаш се пратеше и цела јавност баравме најстроги казни за педофилите.
    Сега, ваков закон оди само во прилог на педофилите. Утре и кај нас ќе го донесат за да бидеме во тек со европски закони.
    И така судството ни е лошо и корумпирано. Сите знаеме по некој ваков случај каде што со мито, корупција и врски се спасил од долги затворски казни.

    Тука имаш членови што се родители, имаш членови кои ќе бидат идни родители, такви што сакаат да бидат родители, и, прво нешто во животот е да си ги заштитат децата.

    Нема нормален човек што не сака да ги заштити децата, свои, или туѓи, небитно. И секако ќе реагира против ваков закон што ги штити баш тие кои ги загрозуваат децата.

    Не знам која лажна вест претходно сум ја ширел. Таа со карневалот во Шпанија? Како беше таа лажна вест. Уште таму има случај кој премина во суд со повисок степен каде што се судат организаторите на настанот затоа што во локалниот не се донесе пресуда.

    Никој тебе не те обвинува, ти си тој што напаѓаш и обвинуваш некој што споделил вест. Не знам зошто толку ревносно ме критикуваш мене, а не кажа ништо против законот. :?:
     
    Последна измена: 23 мај 2024
    На Gosh, Feminka22, Mrs. right и 5 други им се допаѓа ова.
  4. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Законов е во Германија, чил аут.
     
  5. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    24.927
    Пол:
    Машки
    1. Зборот „декриминализација“ има јасно значење во секој речник на секој јазик, не подлежи на сопствени толкувања. Така што, не, декриминализација на детска порнографија во Германија НЕ ПОСТОИ.

    2. Не. Ако Петко шири детска порнографија и ми ја прати мене од чиста мира, јас ќе сум чист пред законот кога ќе ја препратам пораката до надлежните и ќе го пријавам Петко за дистрибуција на детска порнографија.

    3. Не знам за карневалот во Шпанија ништо, зборувам за случајот со музејот во Скопје, кога ти ширеше лажни вести на сличен ваков начин.
     
    Последна измена: 23 мај 2024
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Пола форум е во Германија. Ние имаме европски аспирации. Нашите закони се конструираат во согласност со европските закони.

    Не ја разбирам потребата на некого да му викаш чил аут, за закон кој може директно или индиректно да му влијае на неговиот живот. :?:

    Од каде тоа дека излезе лажна вест? Имаше снимки од тоа како изгледаше претставата и во соседната просторија, со завеса се пушташе контроверзниот филм. И само залепиле знак 18+.
    Тоа што законски они се заштитиле да не можат да ги гонат, не значи дека морално и етички се чисти.
     
    Последна измена: 23 мај 2024
    На Gosh, Feminka22, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Да бе, во Германија не живеат луѓе и деца, Марс е тоа, шоимавезе(facepalm)
     
    На Gosh, eliesaab, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.424
    Допаѓања:
    165.288
    Пол:
    Женски
    Баш дома ќе прочитам оти ова за мене е новост. Шит.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.148
    Допаѓања:
    8.394
    Пол:
    Женски
    Баш вчера ми излезе едно видео и ме потсети на нешто што добро го знаев: Дека развојот на мозокот кај младите трае и после 18-тата, односно до негде 25тата во животот.
    Особено во пре-фронталниот дел од мозокот (оној напред во главата).
    Тој последен се развива а е одговорен за рационалното размислување, планирање и носење добри одлуки.
    Односно во превод - во овој период нивните одлуки се често пати донесени под влијание на другите, пред се на нивните врсници. Иако се во друг поглед целосно зрели во однос на рационалното размислување сеуште не се.
    Да ставиш возраст 12 години за согласност за сексулани односи е тешка глупост! Без разлика во која земја живеело тоа дете и колку е физички напредно.
    Тешки глупости, се надевам дека некој ќе се најде да ги заштити децата ;(
     
    На Elenpelen, Gosh, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.122
    Допаѓања:
    124.842
    Пол:
    Женски
    Јез да е сензационо напишано, ама...
    Ако ти си прочитал селективно и он прочитал селективно. :D
    Законов повеќе пати е лошо напишан и пак не им текнува да го оправат за да нема дупки. И вака напишан остава простор за некој со лоша намера да се извлече полесно благодарение на јак адвокат кој умее да ги искористи зборовите во корист на клиентот. Има симнато, ама пријавил и готово, не е за во затвор.
    Што ако е инволвиран на некаков начин?
    Божем нема несаглам родители и наставници.
    А, штом педофилна група го слави ова, и те како ќе го користи во судење.
    Потребна е законска измена која ќе овозможи подетална истрага, а не олеснителна околност.
    Друго загрижувачко во линков е што пишува дека во ноември 2023та парламентот прифатил петиција за детски права подготвена од осуден педофил.
    Трето, на деца им била понудена книга-сликовница за про-проституција со детски цртежи со несоодветна содржина.
    Фали поп емоџи или некое што се крсти...
     
    На Gosh, Mrs. right, st-el и 2 други им се допаѓа ова.
  11. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Муабетот ми беше во однос на законодавството и во однос на судството, а што се однесува до нашите закони, зависно кои, има и специфични како КЗ кои не се секогаш во согласност со ЕУ регулатива. Башка што ова не е ЕУ регулатива туку германска регулатива.

    Во сосем друг контекст беше кажано, а второ факт е дека германското законодавство се разликува од нашето, и трето не читајте сензионациалистички портали кои се само за кликови, си имате соопштение од бундестаг со официјални информации.

    А да инаку да ти одговорам за Јавна соба, од сите 20,000 членови колку беа осудени? 4-ца? А колку од тие 20,000 се виновни? Сите? И девојчињава шо влегле да си ги бараат сликите? Јавна соба како случај не е дека се заташка, но Телеграм како таков е руска компанија и одби да ги предаде информациите за членовите, единствено администраторите ги најдоа и тие добија 4 години, тие што праќаа не завршија со казни. Зошто? Затоа што делумно и МВР ни е неспособно.
    Како ќе ги најдев јас броевите? Регистар на сите издадени телефонски броеви, и уред со сите во именик, затоа што единствен начин да го видиш бројот на некој на Телеграм беше или да го имаш во именик или да му е подесен профилот на таков режим.

    Најстрашното е што МВР имаше свои вработени во Јавна Соба, ама не на службена должност, всушност голем дел од престапниците на кои им се простува се врзани со органите за прогон.
     
    Последна измена од модератор: 23 мај 2024
    На Angie1432 и staycalm им се допаѓа ова.
  12. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Не е Телеграм руска компанија, туку газдите се Руси. И поради оваа политика да не даваат информации, одамна беа протерани од Русија. Сега се британска компанија со седиште во Лондон.

    Поентата е дека со овој закон се овозможува и такви администратори на групи кои споделуваат и поседуваат детска порнографија да можат да избегнат високи затворски казни. Или како оние што беа дел од извидничкиот детски камп од Скопје, што исто така сите спонзори се оградија и заташкаа работа.

    Како кај нас што високи луѓе беа дел од тој круг на контроверзии, истото е и во Европа, од политичари, до лобисти, до невладини организации кои туркаат политики и закони преку разни движења... Ама ти секако рече да чилнеме, не било кај нас, во Германија било. :)
     
    На Gosh, nextredstyle, Mrs. right и 2 други им се допаѓа ова.
  13. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    Ама секој случај завршува на суд, и судија мери кој колку добива казна, не е ова пљукни залепи па ај сеа сите ќе добивале пола година.

    А за Телеграм, во моментот кога Јавна Соба беше активна Телеграм беше во Русија стациониран.
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.155
    Допаѓања:
    39.700
    Пол:
    Машки
    Секако дека нема сите, ама со овакви закони се ствара плодна почва да цветаат педофилите, и да избегнуваат високи казни.
    Законот мора да биде 100% на заштита на децата и да бидат најостро осудувани.


    Во 2014 после Еуромајдан протестите во Украина, Дуров (сопственикот) ја напушти Русија и го премести Телеграм, прво во ОАЕ, после во Лондон. Јавна соба беше 2020/21 :)
     
    На Cosmic Girl, nextredstyle и eliesaab им се допаѓа ова.
  15. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.180
    ow damn е ова не го знаев, нејсе, посекако не дадоа пристап до серверите. А тоа со кампот не знам како заврши, имаш некоја информација?
     
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    Заврши во фиока...или во канта. Ука, бука три дена и толку.
    Ние сме глупи шо се потресуваме на форумов, на кајгана ок им било, ништо спорно.Толку за перцепциите.
     
    На Waverly Raven, Gosh, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.251
    Допаѓања:
    21.593
    Пол:
    Женски
    Не ширете дезинформации за тоа дека ќе се декриминализирала детската порнографија во Германија.
    Или не сте разбрале убаво или читате некои фејк портали.
    Зборевме со германци тука, значи го менуваат законот, кај шо порано ако си пријавил за детска порнографија и ти ќе си лежел затвор затоа шо го имаш гледано и те сметаат за педофил. Сега ќе ги олеснат околностите за пријавување.
     
    На EmporioIvankov и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    За што се збори дечки
    Се испобунив
     
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.863
    Допаѓања:
    178.827
    За педофилија:D
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.317
    Пол:
    Женски
    Da ama gledam nekoj zakon za u De neso
    Ke se dekriminalizira ako gledas detska pornografija?

    prvo: kaj go ima toa voopsto?