Не е баш така... Доколку е сторено кривично дело силување, или проституција, за тие од 14-17 важат други членови од законот(барем во Република Македонија), имено законот прави разлика помеѓу малолетно лице кое не наполнило 14 години(дете) и малолетно лице кое наполнило или е над 14. За тие на возраст од 18-20 веќе не се ниту деца ниту малолетници, туку тие се полнолетни лица. Исклучок и кај нив е исто силување, или доколку се работи за уцена или искористување на ментално заостанато или на друг начин психички или физички(инвалид) немоќно лице. А на 18 веќе лицето е полнолетно и може и со 90 годишници да искача по кафичи, ноќни клубови и на крај да завршат во кревет од старечкиот дом Нема да биде дозволено затоа што таа/тој е малолетно лице, па згора на тоа се прави под присила. Но тоа е веќе за тема силување или уценување, можеби подведување на проституција, но не педофилија. Педофилот не се пали на средношколци и студенти, туку на дечиња кај кои телото уште не почнало да се оформува. Има и возрасни кај кои телото е недооформено(на пр. рамни гради кај жени, мажи не им раснат влакна) но разликата е што дечињата и биолошки и емотивно и сексуално се незрели па не ни умеат да одлучат дали сакаат или не сакаат секс, ниту пак можат да се спротивстават, и поради тоа педофилијата не е за оправдување. Епа ти си со здрав памет, ама ете низ вести имаше пред некоја година бизнисмени некои старци, плаќале на некои основки од 13-14 години, а тие среќни си биле со паричките, можеби не поради лигавењето туку поради новиот мобилен и новата облека се додека не дознале родителите и полицијата. Пази сеа, ако е умствена болест тогаш не може да се казнува со смртна казна. Болеста треба да се лекува, а не да се убива пациентот кој ја има. Инаку те разбирам јас што сакаш да кажеш, ти ја сфаќам згрозеноста, но правно гледано не секогаш функционираат работите така.
Фујјј,ми се гади од помислата дека има луѓе коишто на нивна возраст воопшто помислуваат на нешто такво! Иако на мене ова досега ми се нема случено.Но,често имам помислувано што ќе правам ако ми се случи и секогаш викам ќе бегам,ама ако ме фати силно и не ме пушта,тогаш?
Имам еден професор, кој уште наредната година, па ќе оди во пензија. Скоро сите девојчиња на кои им предавал се жалат. Не ги има силувано, далеку од тоа. Но ги допира, пример: за да им помогне да се качи на нешто или за некоја вежба. Гушка девојчиња - што мене ми е одвратно. Сакав да прашам дали можам да го пријавам негде и што ќе се случи?
Незнам ова колку е педофилија . Вчера кога бевме да гогледаме натпреварот помеѓу Фени и Лирија, седевме на предпоследните седишта. Домене од мојата лева страна стоеше мојата другарка па до неа еден човек , кој цело време гледаше во нас. Другарка ми се тргна и седна на погорните седишта. До мене имаше празно седиште а до празното седиште стоеше тој човек, И јас така си навивам и овој човекот стана и пополека седнувааше до мене , и јас отидов кај другар ми на подолните седишта. Подоцна до мојата друга другарка седнал тој човекот , и другарка ми ја сванала финтата за што се работе и сакаше да стане. И овој човекот ја фати за рака и и рече ти девојче зошто бегаш од мене . И сите се преместивме на другата страна од салата.
луѓе нели ги обвјавиле јавно, сега кажаа на вести, вика регистер за педофили, не може мене ништо да ми отвори . A ги има со слика име презиме адреса на живеење, така и им треба.Aко ја најдете страната ставете ја www.registarnapedofili.mk еве ја страната мене не ме пушта
^^ Сега зборуваше министерот за труд и социјала, дека страната е преоптеретена од многу посети, па затоа може да не ја отвара. Мене ми ја отвори од прва. Опцијата за пребарување е лесна, по населби. Јас внесов Ародром, и ми излезе еден дедо, педофил, во оваа област. Може да се пребарува и по улици, по имиња и сл. А да, досега се внесени сто лица, осудени за педофилија. Браво за ова. Ако ништо друго, барем превентивно да се делува и луѓето да бидат запознаени со какви луѓе се во опкружување.
дада, се уште не ми отвара, сигурно сите се на странава за ова и од мене имаат огромно браво! A новинаров вика, со ова не ли се уништува нивната приватност макар и што се педофили . Tака нешто рече-слушнав не дослушнав Kаква приватност бре, тие не ни треба да имаат приватност, треба сите до еден јасно и гласно да се знаат за Mакедонската јавност
Новинарот целеше кон тоа, дека се повредуваат и некои човечки права на педофилите со тоа што се јавно прикажани. Ама министерот добро си кажа дека штом се работи за права на деца, сите туѓи права спаѓаат во секундарни. Плус, пред да се отвори опцијата пребарување на сајтот, отвара прозорче со кое треба да се согласиш дека нема да ги злоупотребиш информациите, во спортивно се пишуваат прекршоци. Јас се шокирав кога во оштина Центар, ми најде жена педофил. Нешто во кое не верував, додека не видов со свои очи, дека постои. Страшно!
Странава е една многу добра ствар. Отворив да видам кај мене во Ѓорче како стои ситуацијата, ми извади двајца. Што е најтрагично секој ден поминувам низ улицата каде што живеел едниот од нив. Creepy!
И јас проверив за Центар и Аеродром и ми ги даде истите како на Старфиш, ама не би било лошо за сите општини да се провери. Мислите дека сите ги има ставено во регистаров, нормално што се фатени,пријавени, осудувани? Ми изглда како многу малку, знајќи дека има има еден манијак кој постојано брка девојчиња после железничка тука кај острово И тоа така со години Претпоставувам дека тој не е ни пријвен ни фатен, а таквите се многупобројни од овие. Не критикувам, напротив ова чекор напред, но не е целосно решение на проблемот, за жал
Pекоа дека деновиве уште 10тина ќе стават на станава. Hего, треба да се пријави тој педофил таму што брка дечиња, ако не го пријавиле полицијата од каде ќе знае A, мене уште не ми отвара старанава
^Незнам дали е пријвен или не е, веројатно некој пријавил дека има таква особа, но дали го фатиле богзнае. И убаво пиша Старфиш, осудени педофили, а мислите дека сите се осудени? Да не бидам мрчатор, ама познавајќи го наишиов систем и не мислам баш. Барем почнаа со нешто, е сега колку ќе игра тука факторот ресоцијализација незнам. Пошто вака и не им се дава никаква шанса, но барем помирни ќе бидат луѓето, па посебно ако видиш ко анабела дека живее во близина, и јас би сакала да знам искрено кој е и што е.
Cега ми отвори, дури и една девојка 1987 ццц, има и бројче, па може да се јави и да се пријви, ако некој биде нападнат од тој на железничка, нека се јави, да пратат полиција да кружи натака
имам еден предлог што со ваквите луге има луге кои што животот му зависи од орган кој треба да го добијат пример бубрег срце црн дроб од овие педофиливе нека извадат се освен мозокот и нека им го подарат на другите луге кои заслужиле да живеаат а не овие болни будали кои немаат заслужено ни 1% да живеаат поарно нека живеат другите луге наместо нив
Редно време беше јавно да се прикажат профилите на овие монструми. Само не можам да го разберам моментот со младите девојки на овој сајт. Имале односи со момчиња помлади од 18 год. или се изживувале со деца? Ако сте слушнале за некој таков случај би сакала да споделите.
мислам дека не заслужуваат да бидат со казна затвор или лечење само смртна казна макар што откако че уништат еден млад живот што и да му сториш е бесполезно.Само смртната казна ќети влее некоја сатисфакција дека нема да му се повтори истото на некое малечко детенце. Незнам тоа се Монструми мора да се има такви казни-
Кога некој човек пример ќе направи некое дело за кое ќе биде осуден со казна затвор, веројатноста дека тоа дело ќе го повтори е многу мала. Но, кога еден педофил ќе излезе од затвор, веројатноста дека тоа дело ќе го повтори е 99,9 %.
Hа страната под нивната слика, за секој си пишува кој колку бил/е/ќе биде осуден има и по 4 години има и по 15тина Hекои излегле, некој се моментално во затвор, некои сега ќе одат
Ја отворив страната и во мојата населба немаше регистрирано педофили, освен еден човек што живее во едно село што ми е релативно блиску. Инаку, морам да споделам една случка за еден човек, ма педофил мрсен, ќе ви го опишам да знаете кога ќе го видите да бегате одма! Вчера накај 8 и 15 чекав на Рекорд автобус и на клупите седеше еден човек со едно девојче, што ми изгледаше како 5-6 одделение, уште кога ја погледнав во фацата не ми изгледаше добро, мислам дека имаше некои пречки во развојот. Цело време седеа гушнати, јас отпрвин помислив нели може и е вујко, татко, ама пак ми беше чудно. А човеков мислам имаше едни добри четириесетина години, имаше залижана црна коса, малку му беше бела на крајот, имаше малку брада и мустаќи и оние како дупчиња на образите. И јас таман се свртив и другарка ми ми рече тргни се одма, немаш поима што направи овој! И јас што? Ми вика ја задрапа за цицки, и јас ваква , си викам девојче Господ да ти помогне, незнаеш што правиш и што те снашло. И тој нормален ли е , во 8 саат вечер и тоа на Рекорд пред сите бе! Па и сите го гледаа, и се правеа наудрени... И добро, ја бацуваше во образ и се смешкаше, нешто и збореше и девојчево стана си отиде. Јас отидов да се поздравам со едни деца од средно а другарка ми беше понастрана, кога се вратив ми рече дека цело време ме гледал во задник и се смешкал, болно се смешкал. И додека девојчето седеше и откако си отиде цело време не буљаше само нас и ни се смешкаше, леле одвратен педофил, мрсен гаден! И таман ни дојде автобус, викам леле фала богу се спасивме ,кога овој во истиот автобус се качи. Ми идеше да му рипнам, да му изнамавам боксови, да не стане. Се качивме горе и кога се симнавме прашавме една женичка што исто го запримети овој, ни рече се симнал пред неколку станици.. Море, смрт, само смрт за ваквите!!
Море кастрација за таквите. Гнаси никакви. Или Идризово на пе*ерски третман да ги пуштат. Читам пред некој ден директор на школо во Демир Капија се изживувал на две малолетни деца. Кај пе*ер па и педофил. Да сум јас на местотот на родителите на децата жив ке го заопам. Да ти е страв дете на школо да пуштиш.