amante pa vie covek postar ''zdravo'' da vi kaze i odma pedofil e nenormalen e , saka da ve silova........ne preteruvajte do tolku. ete vo avtobusot sednal nekoj do nekoja i odma pedofil pa pa pa
Не се мисли на некоја млада симпатична девојка да и пријде постар човек (иако и тоа не е баш сјајно), туку на девојчиња што можеби сеуште не можат да разликуваат добар човек од човек кој глуми добар за да им наштети, и те како треба да се бранат. Јас од мала сум учена со непознати да не разговарам. Бев 13 години кога нагло ме фати пубертетот, среќа во ист период си ја пребродев срамежливоста, па не се плашев да отерам во пм некој што ме замара (дури и сум се карала по улици со возрасни мажи зошто ми искоментирале во поминување, па кога сум правела толку галама сигурно нема да проба нешто да ми направи). Има сега девојчиња што развиваат гради на 10тина години, во ред ли е некој 30годишен да им се стави на среде улица? Тие и може не разбираат дека ако чичкото сака да и купи чоколадо баш и не му е намерата да ја почасти само чоколадо. Имам братучед од 9 години, што не може цела песна од школо да научи на памет. На таа возраст, или две три години плус, и јас ќе ги учам моите деца да се чуваат, секакви будали има низ градот. Куче да имаш ќе лае на непознати, а не па дете да не го учиш да се чува.
^^^ страшни работи,и јас го прочитав ова и навистина ме потресе.зарем и нашава мала Македонија веќе станува "див запад" да ти е страв да си го пуштиш детето на улица само,или да ти е страв и до училиште да го пратиш.ех каде се тие години кога растевме ние,по цел ден на улица го поминувавме без да не мислат многу домашните.или само си мислиме дека не не мислеле многу
Ристовски апелира: Да ги заштитиме децата - да се поништи одлуката на Уставен за педофилите Министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски упати апел да се смени одлуката на Уставниот суд донесена вчера да поништи три члена од Законот за регистар на педофили. Ристовски изрази голема загриженост посочувајќи дека Законот е денесен да се заштитат децата. Нагласи дека е шокиран од одлуката Уставниот суд да ја прифати иницијативата на петмина сторители на ваков тип кривично дело и истакна дека не разбира за каков тип на итнегритет се работи, кога станува збор за лица коишто извршиле кривично дело „сексуално злосторство на малолетно лице“. ******************* Ако разбрав добро - заради „зачувување на личниот интегритет“, педофилите нема да бидат регистрирани и достапни за јавноста???
Страшно значи .. Подобро е овие што и вака јавно ги има да се види какви луге има во нашата блиска околина !!! И треба да не се тргнат Запрепастена бев кога видов и една познаниЧка на таа листа Крвта ми се заледи искрено Спојлер Него во моја блиска околина овде во Германија, пред недела дена се прошири вест дека имало некој со кола поминувал кај детските игралишта и наогал деца и ги викал да се каЧат со него во кола со некоја приказна (мајкати е во болница бла бла) Срека брзо се прошири веста Со оглед на тоа што две деца се водат како исЧезнати пред некое време
Ѓи прочитав скоро сите ваши постови но многу малце или речиси воопшто не се разговара за злоупотребата на децата во семејството т.е од страна на родителите. Според мене оа е клучен проблем и нај застрашувачки. Лесно ќе се справите ако некој ви дофрли непристоиен збор или се обиде да ве злоупотреби, ги имате родителите на кои можете да им се доверите, а тие понаму да преземат мерки. Но што правиме со злоупотребата од самите родители, бидејќи детето се плаши да пријави а и тие сексуални напади се постојани секојдневни обично се пропратени со закани ако некој дознае дека нешто страшно ќе им се случи... Колку се тие табу покажува и темава во која многу малку се зборува а оваа тема иако е анонимен форумов дури и овде се плашат жртвите на таков вид на насилство да признаат. Што мислите кај нас нема таков вид на сексуално насилство? Не драги мои се лажете ите како го има само жртвите се плашат да зборуваат. Да не зборуваме и за оној непристојни погледи и гестови кои секојдневно ги трпат голем дел претежно женските деца во семејството и тоа од оние кои треба да ги штитат. Е сега ќе речете дека е глупава и самата помисла дека родител може да направуи такво нешто. Да, глупава е помислата но тоа незначи дека такви монструозни работи не се случуваат. Погледнете ги само оние случаи што се откриени на светско ниво тоа се нај монструозни злоставувања дури и пострашни од оние кои што ѓи праат тугинците. Значи мој апел е да и државата и секој од нас поединечно да не замижуваме на работи кои се случуваат во соседството велејќи тоа е семејна работа, туку да се обидеме да ѓи охрабриме жртвите да зборуваат за тоа и да го пријават во полиција. Исто така апел до родителите оние совесните да седнат со своите деца особено во периодот на пубертетот кога почнуваат да се развиваат и оформуваат да им објаснат како треба да се заштитат, бидејќи не сите напади од педофили се насилни, поголемиот дел се со поткуп нудење на одредени финанси итн. Значи не да им ствараме на децата параноја па како што имаше овде примери наведени ако некој им рекол здраво или ги погалил по коса одма да паничат и да мислат дека тоа е педофилски напад, туку да им кажат на своите деца што треба да прават за да не станат жртви на педофили. А тоа е на пример: Да не влегуаат во кола со непознат да не прифаќаат пари или одредени добра од други особи, да не бидат алчни итн ова се само неколку работи кои секој родител треба да му го каже на своето дете. Но сега тука има една друга категорија на деца оние над 15 кои неретко и сами ги предизвикуваат педофилите со нивното однесување и нивната алчност т.е прифаќање да бидат во врса со луге кои можат родители да им бидат и ќе се согласите дека девојќи од 15-16 години не се баш толу глупи да незнаат што прават и дка некој може да ги излаже за чоколада или 10-20 ден. Секако дека и ова спаѓа под педофилија но јас арем лично не сум толку загрижена за овие девојќи бидејќи тие свесно го прифаќаат тоа со одредена цел. Но тоа незначи дека ѓи оправдувам оние кои ќе го прифатат тоа нивно кокетирање или флерт. Значи целото општество треба да биде поактивно во сузбивање на оваа појава а да не заборавиме дека и ние сме дел од тоа општество.
Уште еден уредник на BBC призна педофилија Осумдесет и три годишниот Стјуард Хол, најпознат по водењето на семејното телевизиско шоу „It’s a Knockout” кој сè до неодамна работеше како фудбалски радиокоментатор на BBC, признал 14 случаи на сексуално злоставување на девојченца, меѓу кои најмладата имала само девет години. „Тој може да биде опишан единствено како опортунистички грабливец”, изјави Назир Афзал, главниот британски државен обвинител за северозападна Англија на судското рочиште. Пресудата за Хол ќе биде изречена во јуни. Признанието претставува продолжување на педофилските скандали во чиј центар беше починатиот Џими Севил, големата ѕвезда на BBC којашто поради хуманитарното ангажирање британската кралица Елизабета Втора го прогласи за витез, а за кого неодамна беше откриено дека бил вмешан во дури 200 случаи на педофилија. ******************************************************** 200.....200 деца биле злоупотрени САМО од витезов и нему блиските.....што е со другите идиоти? Штета што ликвидирањето на ваквите се води како убиство.
Мајкоооо моја ја отворив страната абе овие сите на стрелање каква затворска казна па кога ке излезат мислите нема истово да го прават И девојки пријавувајте во полиција што и да видите !!!!!
Девојки , ве молам за помош !! Од не многу одамна , коннстантно ми се случува напад од повозрсен човек . Прв пат во ресторан , подоцна кога бев сама , па еднаш до продавница кога отидов , и настаните си се редеа едно по друго ... тоа не беа обиди за силување , туку језиво пипкање по интимни места , обиди насилно да ме бакне фаќање и по грбот и зборување гнасни работи . У сите ситуации ја стоев како здрвена и бидејќи цело време имаше луѓе околу мене а јас го молев да ме пушти ... Ќе зборам за конкретна ситуација : Кога бев во еден ресторан на еден хепенинг , едно животноо од ,40 години ми дојде од зад грб кажувајќи ми колку сум му била слатка и допирајќи ме по грб , јас се ежев цела и ништо не зборев само се тргав од едно место на друго . Ме праша колку години имам а јас си ќутев , и послем почна по г* да ме допира прашувајќи ме и се сепнав и му кажав - 13 . И набрзина излегов надвор и почнав да си бегам , го викнав татко ми да ме земе ..... Многу ми е срам од сама себе и ради други пострашни ситуации . Ми се има случено и мајцата да ми ја растегене , и да бидат многу насилни и да се обиде да ме залапа .... Не им кажував на моите , срам ми е од себе а не па од нивв... Не се облекувам воопшто провокативно Затоа и се поистоветувам со Лолита , ми е страв ноќе да спијам , бидејќи постојано имам кошмари и ги сонувам истите фаци ... Верувајте ми дека плачам кога го пишувам ова , бидејќи незнам на кого да се обратам. Секогаш кога ќе се исплашам ми се вртат гласови и слики низ глава и секогаш кога сум сама и некој ми заѕвони на врата со нож во панталони излегувам , постојано носам нож , и на школо .. и од сите го кријам ова ... помогнете ми ве молам , многу грозно се чувствувам
Секако кастрација за таквите ама треба казни и за тие родители што не внимавале на децата... На што личи бе тоа, 13 годишна девојка такви разбацени слики става на фб и одоздола 20 лажни профили пишуваат. Јас толкава крава па мајка ми уште знае ако го заборавам фејсбукот да седне и да прочачка со кој пишувам. И тоа ги гледам манијациве одбираат се некои имиња на фб што се атрактивни за младите девојчиња, како Хурем Султан, Аси, Џастин Бибер... Имам еден пример таков во фамилијата, мајката игра игри на фб по цел ден, а на девојчето милион лажни профили под слики коментираат... е па сега криви се и двете страни.`
Ма веднаш штом ти се доближи и ти е сумљив ти викни му! Викни ја мајка ти или татко ти да дојдат па макар и да ги нема тој ќе се исплаши и ќе избега!!!
Девојче веднаш,ама веднаш да разговараш со твоите и да ми раскажеш се!! Нема зашо да се срамеш,не си ти таа која треба да се срами. И во полиција пријави обавезно! Не дозволувај веќе да те малтретира тој гнасен пропалитет,не дај боже нешто ти направи. Решение не е со нож да шеташ низ градот.. Разговарај со твоите,ќе ти биде полесно и ќе те заштитат
Lolita.95 ако не сакаш да зборуваш со твоите дома,зашто не мѕ покажеш сила??Ако само го одпегнуваш ќе продолжи да го прави тоа затоа што е посилен од тебе.Ако пак ти се приближи кажу му дека ќе викнеш полиција или веќе си пријавила.Удри му шамар или пак ако имаш некој другар(Покрупен)Викни го за да му даде до знаење да не ти искача пред очи. И кажи што си на правила после загрижена сум
Срцко не се плаши, ти си силна...верувај во себе, биди самоуверена.. Кажи им на твоите обавезно!! Тие те сакаат, ке ти помогнат, ке бидат со тебе, верувај. Вака гледам почнуваш фобија да развиваш.. Ти треба помош, а родителите секако ке ти ја дадат... размисли само, колку ке ти олесни, колку подобро ке се чувствуваш.. кажи дома! И во такви ситуации, во никој случан не дозволувај, стравот да те парализира, па да стоиш здрвена, така земаат сила... подобро пискај, викај, трчи, бори се... како што кажав биди силна... знам дека е полесно да се каже, отколку да се направи, ама мислам дека немаш др избор... А за таквите манијаци нз што да кажам... гадови, уфф Отишол 40год и не е свесен какви трауми може да им направи на девојчињата... е**те болниот
Многу добро кажано. Повеќето педофилски настани се случуваат токму во кругот на потесното семејство. Исто така многумина забораваат дека педофил може да биде и жена, не само маж! Освен тоа постои и хомосексуална педофилија. (жена и мало девојче на пр.). Не дека им аплаудирам на таквите но по дефиниција ова не може да спаѓа никако во педофилија, бидејќи педофилите (од двата пола!) имаат сексуална сколоност кон деца - било кон машки, било кон женски деца, а девојки (и момчиња) од 15-16 год., иако малолетни, веќе не се деца туку тинејџери. Самиот факт дека веќе не се толку наивни како што кажа, потврдува дека не се работи за деца. Освен тоа кривичниот закон на РМ разликува малолетник кој не наполнил односно наполнил 14 години. Кај децата нема развиен интерес за спротивниот пол и сексот (или имаат некоја небулозна претстава), половите органи не се во целосна функција, дури и не почнале ниту да се развиваат: женските деца немаат гради, тестисите не создаваат сперма кај машките, и тн. Што пак кај тинејџерите, особено над 15 год. веќе јасно е дојдено до израз. Значи не мешајте разлика во години (без разлика дали е голема или мала) со педофилија (сексуална склоност кон дечиња од страна на возрасни).
http://www.tocka.mk/1/105055/amerikanci ... denje-deca Oва треба да се сечка сантим по сантим, и сол да му се реди.
Кога прави вака викни: „ТАТО!!“ и он одма ќе избега. Татко ти немора да е тука. Мислам ако има многу луѓе во близина или ти ако си на улица луѓето се внатре и сл. Или гледај во некоја кола и демек од таму чекаш да излези татко ти и он ќе мисли дека ств. е таму и нема да жртвува да се сретни со тебе. Патем ОБАВЕЗНО зборувај со твоите родители. Можно е со тоа малку повеќе да се внимателни со тебе, повеќе да внимаваат кога одиш некаде и сл. ама верувај подобро него да има некои други последици. Иначе, за педофилите, бесилка!! -,- Мислам која убавина да силоваш некое немоќно и слабо дете, еј?