pomina mnogu vreme od togas... znam deka docna vrakjam seuste tatko mi ne znae ... ama srekja covekov si propadna u zemja od koga povtorno go vidov i mi prozbore .Mu se razurlav u lice i mu kazav deka ke go prijavam vo policija pa ke go ima na registar na pedofili - cela makedonija da go gleda ..... i od togas go nemam videno veke 4 meseci .... fala vi mnogu na sovetite , posto stvarno nemav kade da se obratam ...
Најнапред да и честитам на лолита 95 за креативноста и за одлично развиената фантазија која само во некои делови малку претерала за да биде сосема реалистична. Но како и обично што се случува лугето веднаш се ловат а вакви „Реални“ приказни и брзаат со изразување на жалење, подршка и слично. Но оние кои малку подобро се разбираат од психологија доколку го погледнат подобро профилот на девојчето или оној кој се поигрува со вашите емции ќе свати за што се работи. Нема да навлегувам во детали, но само препрочитајте ја случката или една од случките каде се одвива дејството, кои се постапките на „човекот“ како реагира „жртвата“ и многу лесно ќе сватите дека ова е вешто конструирана приказна или извадок од некој лош филм. Но да се вратам на темата. Педофилијате е појава која што зема се поголем замав особено со појавата на интернетот и тоа што секое дете сега има пристап до компјутер и без ограничување на она до што ќе има пристап. Голем дел од родителите се компјутерски неписмени па така и да сакаат неможат да ги контролираат децата. Секако дека педофилите треба нај строго да се казнат, но исто така постои огромна можност децата одредени постапки на по возрасните да ги протолкуваат погрешно или свесно да се обидат некого да го наклевтат не потребно. Затоа треба институциите и пред се оние кои работат на оваа проблематика да бидат добро обучени за да не доведат некој човек непотрено во ситуација да биде наклеветен. Бидејки не е најстрашно што тој ќе лежи затвор туку што ќе биде цел живот обележан. Посебно треба да се внимава во случаите кога нема директен физички контакт помегу „жртвата“ и „злосторникот“, Додека за случаите на силување на деца, злоупотреба на сопствените деца и слични ситуации во кои има и физички доказ а не само нечие тврдење за тие случаи треба и да се изрекува не само најстрога мерка затвор туку и кастрација. Јас би апелирала и до децата, посебно девојчињата кои се во години кога се на самиот почеток на нивниот развој и трансформација од дете кон девојка да бидат малку по одговорни и да не придонесуваат со своето однесување да си навлечат беља на глава. Искрено вчера на Партизанска бев сведок на една ситуација каде мене ми идеше да им плеснам по еден шамар. Се работи за следнава ситуација, стојат 4-5 девојчиња некаде на возраст помегу 13-14 години и сега доагаат типови некаде од по горните класови од средно а дел и по возрасни. И као нешто им дофрлаат од типот колку се симпатични па ајде дојдете со нас и така и ние сме четворица и вие сте четири, и сега овие наместо да ги пресечат во корен, они се раскикотиле па толку им годи абе живците ми се креваа. А се гледа дека се доста по возрасни од нив и недај боже со таквото ќикотење и непримерно однесување само им даваш повод плус на таквите идиоти. Јас разбирам и дека се тие деца и дека се им е интересно, но во некои ситуации таквото однесување може само да им донесе проблеми. Значи родители орнете внимание на однесувањето на вашите деца научете ги од мали како да се однесуваат со непознати, научете ги што треба да прават а што не во такви ситуации, едноставно научете ги како да не се доведуваат во ситуации каде многу лесно можат да бидат жртви на таките идиоти.
Ајде малку да ги прокоментираме новите измени во КЗ што се донесоа пред некој ден: Хемиска кастрација на македонските педофили За, против? Од земјите во регионов, први сме што воведуваме ваква мерка. Само што, проблемот во нашево законодавство е тоа што секогаш прво донесуваме некој закон, а отпосле кога ќе видиме колку дупки има и нерешени прашања, го дополнуваме и изменуваме. Мене ми личи дека многу брзо и површно се конструирани инкриминацииве, наместо убаво да се анализираат и да се консултираат експерти, или на крај краева да се види какво е јавното мислење на оваа тема. Прво, дали кастрацијата треба да биде на доброволна или присилна основа? Дали осуденикот ќе има избор затвор или кастрација? Дали ќе биде доживотна или привремена? Сето тоа е некако многу нафрлано, а човечки животи се во прашање.
новите мерки за хемиска кастрација на педофили мислам дека е ок, сепак многу ранлива е категоријата која за жал се јавува како жртва или оштетно лице. деца се во прашање, педофил како педофил го сторил тоа гнасно дело, не е хемиската кастација кој знае какво решение на овој проблем, државата треба да превземе други механизми со цел превенција и спречување на ваквата одвратна појава во општеството. Tој пореметен човек кој направил и посегнал по едно невино суштество и да го кастрираат до некаде исто му се фаќа, детето поминува низ еден пекол и незаборавно-ужасно искуство со самиот чин. децата страдаат и никогаш нема да заборават на тоа ужасно дело, додека педофилот- човек како човек кастриран или не баш и нема никакво каење и последици по неговото психичко здравје, додека детето ке го носи тој белег цел живот.
новите мерки за хемиска кастрација на педофили мислам дека е ок, сепак многу ранлива е категоријата која за жал се јавува како жртва или оштетно лице. деца се во прашање, педофил како педофил го сторил тоа гнасно дело, не е хемиската кастација кој знае какво решение на овој проблем, државата треба да превземе други механизми со цел превенција и спречување на ваквата одвратна појава во општеството. Tој пореметен човек кој направил и посегнал по едно невино суштество и да го кастрираат до некаде исто му се фаќа, детето поминува низ еден пекол и незаборавно-ужасно искуство со самиот чин. децата страдаат и никогаш нема да заборават на тоа ужасно дело, додека педофилот- човек како човек кастриран или не баш и нема никакво каење и последици по неговото психичко здравје, додека детето ке го носи тој белег цел живот.
Мене ова ми боде очи: -Министерот нагласи дека такво лечење се применува во САД и други земји и не е опасно по здравјето. Станува збор за инекција со која се смалува либидото и се применува на секои шест месеци. Како што најави оние кои се осудени за педофилија, ќе добијат помалку години затвор ако се согласат на лечење. А ако не се согласи? Зошто да се поставува услов за лечење? Ако веќе педофилијата ја третираме како болест, мене нелогично ми е осуденикот да помине само зад решетки, а да не се лечи. И што после? Откако ќе излезе од затвор?
во нашава држава само постои копи-паст за се, вклучувајки ги и овие законски мерки. неможе овде да самите ја разработат проблемтикава, да се состави некое законско решени кое е најприфатливо спрема условите во државата. лесно е да се каже е во САД и други земји вака е регулирано ова прашање и проблем, значи Mакедонија е на исто ниво како САД и други земји. па дајте некое реално истражување да се спроведе, а потоа врз основа на тоа да се донесат соодветни законски мерки. сведоци сме последниве године на Tв беа прикажани многу вакви одвратни дела, значи ваквите дела се во пораст од една страна, од друга кастрацијата што би променила делата се извршени веке нели, а работата е во превенцијата за да не се случат истите и повторат. Aма полесно си е копи- паст и тоа е тоа, а за децата што понатаму, како тоа дете ке заборави на ужасот што му се случил. важно е дека имаме прописи како САД и други земји, а реалната состојба во државата не е битна, битно исти сме модерни и напредни како САД.
Jас да се рашувам за педофилите само смртна казна, ништо друго. Tакви монструми незаслужуваат да живат. Oва со новите измени кои се однесуваат на овие монструми ништо нема да се постигне.
Како прво, од кога ќе излезе од затвор тој, има многу други начини како да злоставува и малтретира деца освен самиот сексуален чин. И што ако е кастриран, да не му ја искорави искривената психа засекогаш? Малку избрзана е целава работа. Можеле на пример, да го стават како задолжително, што за мене е поприфатливо, ем кастрација, ем лежење во затвор. Или одат на таа карта, колку за да повеќе прифатат, да се излажат побрзо дека ќе излезат па ајде. Е ова: Невропсихијатарот од Клиниката за психијатрија Антони Новотни смета дека идејата за хемиска кастрација е добра, но би требало да биде регулирана како конкретно лечење, а не во смисла на казна. Тој додаде дека хемиската кастрација треба да биде задолжителна за сите педофили до крајот на животот. Значи кога тогаш, дали 40 или 20 години, тие ќе излезат, а многу јасно ни е од премногу случаи дека ретко кога тие се осудени праведно, туку се тук так на повеќете им прогледуваат. И не, не сметам дека треба на нив да се остави да се одлучува, откако се фаќа, прво и осново кастрација, второ затвор. Лечењето за сите да важи и засекогаш. Па да видиме колку ефективно ќе се покаже овој метод.
А,мене не ми е јасно...дали воопшто мислат дека може да се излече? Мене искрено ова ми звучи премногу смешно и не реално.
Но што доколку настане грешка, како што има многу случаи во САД, каде се егзекутирани невини луге, за кои се докажало многу подоцна дека биле невини? Што доколку некој невин настрада? Затоа што неможе после да му каже некој, абе извини што ти го одзедовме правото да имаш фамилија. Не би рекла дека педофилијата е болест, ако тоа го сместиме под болест тогаш и аналниот секс е болест и треба да се лечат оние мажи кои на своите партнерки им бараат анален, и уште многу девијации. Многу малку луге се буквално педофили, кои ги возбудуваат само деца, поголемиот дел се во суштина „нормални“ но ете од икс причини може да се најдат во таа категорија. Прашањево е комплексно и незнам дали ние како општество сме подготвени за толку ригорозен третман. Иаку јас сум за, дури и да се воведе смртна казна за убиства и слично, но за тоа треба да имаш совршен правосуден систем кој ќе може со цврсти докази и непристрасно да пресуди и можните грешки да ги сведе на минимум. Во борбата против педофилијата не треба само казни за извршителите туку треба работа и со родителите и децата за да знаат децата како да се однесуваат во контактот со непознати. Затоа што не секогаш педофилите го извршуваат делото по насилен пат, туку најчесто жртвите наседнуваат поради нивната наивност. Го наведов случајот од некни со девојчињата, е тоа е навистина одвратно кога ќе видиш невоспитани деца кои сами си ја бараат бељата. Како што реков, мене ми идеше да им врзам по еден шамар. Па човече сепак не се толку мали за да незнаат дека со непознати не се однесува така, се утепаа од кикотење, наместо да ги отераат во пм и да си се тргнат на страна.
Таквите ѓубриња треба да се казнат без можност за помилување! Пак сега,новиов закон,ако се согласел на хемиска кастрација,ќе имал помала казна-ма немој?! Дека се согласил пак сега треба да му попуштиме?! Што е со детето кое триста трауми претрпело од педофилот? За таквите само најстрога казна,доживотен затвор,најдобро би било.
100% сум против педофилите, веќе имам пишувано на оваа тема за тоа. Но, имам едно прашање до родителите кои имаат малолетни деца и ги пуштаат надвор по дискотеки, итн. по оскудна облека, пијани... Дали не се плашат за своите деца ? 15-16 годишно девојче со минич (апла минич), алкохол и цигаре в рака да оди по дискотеки (и други места) каде има доста возрасни луѓе, ергени и секакви...дали е во ред ??? И после крив е наводниот педофил или родителот кој не си го заштитува детето ??? Да напоменам: нема никакво оправдување за педофилите, но кога знаете какво време е и какви луѓе шетаат надвор, зошто ги пуштате вашите деца така незаштитени ? Спојлер (а, да не коментирам колку маливе знаат да провоцираат, кој оди по дискотеки, видел )
Нови грозоморни сознанија за педофилот кој од вчера е во притвор: Ја зел од дом за деца без родители за да ја силува http://brif.mk/?p=136652 Код: Тогаш 34 годишниот тетин живеел заедно со девојчето и добил кривична пријава за живот со малолетно дете, по што девојчето му било одземено и доделено на чување на нејзината баба, Но, наскоро пак ја вратил кај себе. ееееееј...значи алоооо, води ли грижа некој за нешто повеќе од пари во оваа држава?!?!?!?! Ја земал еднаш, му била поднесена кривична пријава , му било одземено детето И ПАК МУ ЈА ВРАТИЛЕ? Па добро, па кои се тие служби што му ја вратиле назад? Па тие што одлучиле да му ја врата пак, за да се изживува врз неа,треба кривично да одговараат, на пеколниот живот му го дозагорчиле на тоа дете! Како штого расветлуваа случајот со продажба на земјиште и ги гонат тие од катастар, е така сега треба да го расветлат и овој случај и одговорните лица да одговараат пред суд КРИВИЧНО , а министерот надлежен за труд и социјала, заедно со директорите на соодветните служби да си поднесат оставка од морални причини!
Педофилија - квалитативно растројство на сексуален нагон, каде што повозрасно лице има сексуална желба и нагон кон помлади лица (деца).. Барем јас го посматрам како растројство а не болест, зошто не ги исполнува сите критериуми за болест. Кога станува збор за казна мислам дека е потребна хемиска кастрација на педофилите. Секако мислам дека и треба да подлегнатт на психо-терапија кај психијатар и психотерапевт. А кога се спомнаа силувачите, мислам дека треба затворска казна од подолг период...
Дали вчера на сител ја гледавте емисијата за случајот на Антонија Билиќ?? Грозоморноо!! Ме потресе, се изнаплакав и го утепав од колнење Паравиња. Девојката нека си го најде својот мир таму горе Спојлер https://dnevnik.hr/vijesti/crna-kronika/pocetak-i-kraj-slucaja-antonije-bilic.html Имено девојката со возраст на само 17 години исчезнува. Последен пат видена како се качува во шлепер на автостоп за на пат кон училиште но повеќе не се враќа дома. После повеќе од 2 години истражување, и низа преплети, возачот на шлеперот е уапсен а во шлеперот се најдени биолошки траги од девојката. После некое време, се најдени коските на девојката покрај автопат од мештаните.
Некое време ја пратев потрагата по Антонија. Имено, и фб беше преплавен со многу групи за поддршка. Жал ми е што имаше фатален крај, тек животот почнуваше за неа. Нека почива во мир... ** Во последните неколку години, има наезда на случаи поврзани со педофилија. Имаше моменти, кога скоро секој ден, ама баш секој ден имаше ударна вест за педофил на вести. Се згрозувам кога слушам за вакви работи. За педофилите само најригорозни казни! Инаку сабајле баш прочитав на еден портал дека во Србија, малолетник (15год.) убил со метална шипка старец, бидејќи не сакал да го задоволи орално. Познавам многу мали девојчиња, за кои од дома воопшто не се води ред, такашто се препуштени сами на себе. А притоа, знаат и да провоцираат. Не дека оправдувам педофилија, далеку од тоа, според мене не е нормално, ниту природно, но сметам дека родителите треба повеќе да бидат претпазливи во врска со своите деца. Секое дете е потенцијална жртва. А сведоци сме на тоа дека поголем дел од педофилите се токму тие луѓе, во кои децата имаат најголема доверба. Сурово, ама вистинито.
Беше одамна пред едно 2-3 години, ама кога ќе се сетам крвта ми врие и ми се иде да одам и да го убијам копилето Се враќам од работа и мајка ми седната во двор бесна, расплакана ја прашав што е и почна да ми кажува.. братучедка ми 10 години си играла со нејзино школско другарче во дворот и кај нив дошол некој стар комшија 70 години, нешто да прашува, откако завршил со муабетов, тетка ми ги замолила братучедка ми и друарчето да му помогнат на дедото да го испратат до неговата улица, копилето едвај одело, имал патерици и целиот се тресел.. кога стигнале до неговата улица, стародијава му рекло на другарчево да си оди дома а братучедка ми да појде кај нив, детето се свртело да си оди, ама за среќа подзастанало и ги следело стародијава и братучедка ми, кога влегле дома, почекало и кога видел дека ја нема, влегол внатре и видел дека братучедка ми во раце држи 100 денари а старецов ја пипка братучедка ми меѓу ножињата а со другата рака и ја влечел раката за да го чепка кај пенисот, детето ја грабнало за рака и почнале да бегаат накај дома, нормално веднаш кажале и двајцата. за жал не можеше да го пријави гадот, бил бивш командир, кој ќе поверува во тоа дека сакал да го повреди детето Подоцна братучедка ми и кажала дека стародијата и рекол.. ти доаѓај секој ден кај дедо, и дедо ќе ти дава по 100 денари.. Господ да го казни, се надевам цркнал до сега
Искрено и јас се надевам дека цркнал а сите други такви ѓубриња. Ако верувате ми е страв да прочитам било што поврзано со тоа. Јас да можам, јавно би ги кастрирала педофилите па нека подразмислат 'неоткриените'.
За педофилите не треба смртна казна, туку да се измачуваат, пополека, пополека итн. Пр: Се почнува со забивање на игли од врвот на прстите па кон внатрешноста, па се вадат сите нокти, заби. Па потоа се преминува иста процедура на нозете. Па се кастрира, па се продолжува со кастрација на рацете ама по можност со тап нож. Да...многу филмски ама според мене на такви монструми, тоа им треба