До сега никогаш не ја виткав косата со дифузер и една пријателка ми препорача да ја правам така, па решив да ја послушам. Сега проблемот е каква пена за коса да користам. Имам не многу виткана коса и не знам дали да користам пена за виткана коса или некакава друга. Дали пените за виткана коса се само за природно виткани коси со локни или можат да се користат за да направат локни? Ако некој користел нека даде некаков совет.
Re: Пена за виткана коса јас имам виткана коса и користам Taft за виткана коса (сината). супер е. не ја прави косата тврда.
Според мене не е важно дали пената е наменета за права или за виткана коса. Најважно е до колкав степен ја стврднува косата. Ако ја користиш за виткање, најдобро е да си земиш пена со 4-5 степен на фиксирање. Од Taft мислам дека црната е за најсилна фиксација.
се согласувам со кате. исто важно е кога ја ставаш пената. јас имам забележано дека ако ставам пена на мокра коса после ми е мека, а ако ставам на посува - косата ми станува тврда како да сум ставила гел.
Da no Tftot potoa lepi, jas ne go najdov modulot za mojata kosa 36 godini. Navistina ne znam sto e dobro a probav se i sesto i vo momentov doma imam 8 raboti za vitkana kosa, no probaj taft mislam deka se e individualno.
а можеш да пробаш и со крем за коса јас порано ја носев косата виткана и употребував од сансилк крем за виткана коса ја прави косата помека не е толку тврда како со пената пробај
Да ама сега ги нема баш сансилк :roll: и јас користев крема за виткана од нив ама :? Ама добро имам скоро слична замена за таа, можеби за нијанса послаба крема, од Рамстор маркетот ја земав, турска е! Ај ќе ѕирнам како се вика и ќе ве обавестам! А инаку и јас ја користев од тафт пената сина и ок ми беше, сеа моментално ја користам зелената за волумен и малку ми прави мокар ефект, што не ми се свиѓа, ама претпоставувам дека многу ставам и затоа
П.С. Идејата за дифузер ти е навистина супер! Знам по мене ама моментално ми цркна фенот кај што ми одговара дифузерот и тапа!
Хеј цури , и јас имам средно виткана коса, поточно брановита и цел живот се мачам со дифузери и пени. Дифузерот е супер работа а за пена, моментално ја користам плавата од Тафт, со портокалово капаче што е и ептен ми се супер, локните ги прави баш дефинирани,лесни и не лепи. Добар совет е пената да се нанесе на полу мокра коса, тогаш ефектото е подобар и не е косата сплескана
За Taft пената можам да кажам дека е одлична, базирано на сопствено искуство ... но откако ја пробав пената на Garnier со екстракти на бамбус, на дофат ги имам и двете, Taft за поскротен стајлинг а Garnier за полежерен... Со Garnier косата е видливо помека, свиленкаста и сјајна ...
се сложувам со вас и јас го користам синиот тафт.. до сега е најдобриот кој сум го користела.. се држи до природното... значи не ви е косата ко штиркана туку делува природно :mrgreen:
jas imam mnogu vitkana kosa, i koristam nivea za vitkana kosa,pena e odlicna,a toa so lepenje zavisi kolku ke stavis,ako ti e sredno vitkana kosa stavaj pena na vlazna kosa,ne na suva,i uzivaj vo svoite lokni
A kade moze da se nabavi difuzer i kolku cini odprilika,jas ne sum koristela a gledam go falite dosta.Pozz
Aj kazete kako po gjavolite da go koristam so toa spicovite,kolcinjata cudni.Smejte mi se ama stvarno poim nemam.Si kupiv fen so jonizator so trista marifeti pa i toj naviodniot difuzer.I sega Lilit,si se izbanja i takva spremna,ziva radosna ke ja pravi kosata so difuzer,demek loknite poubai ke mi bile (imam branovita,bezobrazno isprekrsena kosa) i stojam pred ogledalo,prikaciv toa dodatokot,demek difuzerot na fenot,stojam so toa silcite,fenot duva,jas poim nemam sto treba da pravam.Tatko mi pominuva se krsti,vikam Mamoooooooo dojdi,taa pa beter,mi vika ne mi se znaesuvaj,zemi ko covek vitleri na lepenka da si gi definiras sarmite i ne izvodi...ok!)) Neuka sum,pomognete!
Jas koristam poveke proizvodi kombinirano definitivno samponot od panten za lokni potoa na mokra kosa sun silk za vitkana kosa (odnovo moze da se najde po prodavnicite) potoa pena za vitkana kosa na nivea i na kraj samo i seto toa znaci na vodena kosa mislam vlazna i potoa so krpa samo ja fakam kosata pramen po pramen i ja ostavam sama da se susi bez difuzeri i loknite mi se prekrasni. Inace imam talasesta kosa koja na vakov nacin mi stanuva vitkana. na kraj od koga ke se isusi moram da prsnam malce lak od mn daleku najcesto taft zelen ili bel za da mi drzat loknite. pozz
користам крем за коса Hobby (мислам дека вака се вика) и мене ми е супер, косата ми е мека и супер ми ги оформува локните. Но на мојата другарка воопшто не и делуваше така да, зависи од косата.
Косата ми е права,но често ја виткам.За виткање на косата прво користев пена Интеса,но не беше доволно ефикасна откако ќе ја извиткав косата по саат време го губеше волуменот.Сега користам Тафт од оној златниот мислам дека беше екстра стронг.Тој е супер.Косата го задржува својот волумен и по одредено време.А тоа за лепење на косата се согласувам и со другите е од нанецување преголема количина на пена.ПОЗЗ