Ако не ставам пена кога ја виткам косата за помалку од 15 минути ми е скроз права. Косата ми е таква, скроз права и тешка и ништо не ми ја додржува, инаку користам Тафт во розева опаковка и добра е.. убаво ги дефинира локните и стојат долго.. ама кај мене максимум 1 саат. Единствено што не чини е тоа што послем ми е сува и заплеткана. :/
Ако си од Скопје, во Нептун во трговски (порано кај што беше Капче Екс) - јас го земав сега скоро за 600 денари, редовно имаат намалувања на неколку производи, јас тогаш го погодив фенот
Јас ја имам Nivea Diamond Gloss . Се имам направено еднаш, не ми се допаѓаше како ми изгледа косата бидејќи не знаев правилно да ја нанесам . Имам густа коса со средна должина. Кажете ми колку ставате од пената и како ја нанесувате да знам кога ќе ставам
ќе ставиш на не многу водена коса значи да не е косата ни сува ни водена нешто помеѓу и ќе ставиш колку што ти е дланката прво ќе ставиш на дланка мало топче да ти допира до прстите и ќе ја размачкаш на двете раце ќе ја наведнеш косата и така ќе ставаш на цела коса
јас оваа пена ја имав користено заедно со шампонот ваков и имаше мн подобар ефект отколку кога ја ставав после миењето на косата со друг шампон.
Дечки, сте приметиле ли, кога го мените шампонот да не ви "фаќа" пената? Јас го сменив мојот и косата сега ми е праз права, нит пена ја бушави нит ништо.
јас имам виткана коса онака на едри локни и теско е секогас да ги дефинирас ама јас можеби веке 7 години не користам пена за коса .. сум користела секакви .. но потоа косата мие некако сува. а витканата коса и така е посува од правите коси .. е сега користам крема за после миенје за виткана коса.. ги има од сите марки нз сум ги користела сите гарниер, нивеа има ама како субрина сто мие погодена .. друга никоја ама кога ми здосади така сменам некогас од оние лореал исто има крема за после миење се нанесува и се гужва со косата со рака или со дифузер. косата е мека, сјајна и виткана прекрасно несто пена никако
Дали можи да ми кажите цена за пената од Taft шо ја фалите сите ? Немам досега користено, а би сакала да ја пробам
Имам една на нивеа но избегнувам да ја користам. Ми ја лепи косата после ми е како слама. Си ја виткам јас со фигаро, преса, некогаш и со пена не велам не, ама стварно многу ми лепи после и ме нервира... Нема никаков сјај ни живот во неа, ништо.
Ја имам оваа пена за фарбана и нијансирана коса од Балеа, презадоволна сум и воопшто не ми ја лепи косата.
Ја имам оваа пена за фарбана и нијансирана коса од Балеа, презадоволна сум и воопшто не ми ја лепи косата. Колку пари е ? и дали е за коса природно малку навиткана?
Мислам дека беше 115 денари. А дали е за виткана коса, мислам дека е и за виткана и за права. Јас имам природно виткана коса и супер ми е.
Па се поскапи од сите други, со пените на Нивеа се тука некаде, околу 165-170 ден., но си ги вредат парите, незаменливи се.....
Избегнувам да користам пена за коса.Само еднаш е имам така виткано и никогаш повеќе. Многу ми е лепи косата,а дома имам пена од Интеса. А што знам може и до пената е
Ми треба некоја пена за коса со што би можела да ги дефинирам локните. Ваши предлози,критики,пофалби и се останато
Сега ми текна дека имам една дома ама ја иам добри 2-3 години никогаш не сум ставала и сега и дојде редот. Ај прво да прашам има ли нешто рок на траење или слично? Пената е од тафт, ќе ставам слика па ако некоја ја користи да ми каже критики,пофалби. Оваа е пената: