Неможам да редактирам па еве пак ќе пишам мислење. Се извинувам што е едно по друго. Значи ја пробав горенаведената пена, ми ги дефинираше локните супер но бидејќи косата ја чешлам после сушење откако ја исчешлав локните се изгубија ама затоа па косата ми е мазна и не ми е разлетана. Дефинитивно ќе продолжам да ја користам. Е сега барам совет за начинот на употреба.. Дали пред да ставам од пената треба да ја исчешлам косата за да после не морам да ја чешлам а со тоа и да останат локните .. ?
^Ако ја исчешлаш пред да ставиш пена, нема да ти испадне многу виткана, можеби така само малку брановидна. Јас дојдов да прашам за тоа што имаш и ти прашано, дали е штетно ако ставиш пена со поминат рок? Еднаш ете, не постојано да користиш. Гледам немаш пишано некакви последици ама еве јас ставив на раката малце од таква пена и како да ми се подисуши кожава малку... или само халуцинирам!?
Искрено два пати ставив и ја баталив. Многу ја лепи косата што е случај со повеќе пени. За други последици, не забележав.
Таква е структурата на самата пена, мора да лепи. И лак за коса ако прснете на рака - ќе лепи. И не ја лепат пените косата, треба да знаете како и колку да нанесете. Сум имала негативно искуство само со Интеса пената - никако не можев да ја усогласам со мојава коса и ја баталив. Тафт имаат одлични пени и никогаш не ми ја лепеле косата, а верувајте, сум ставала така количински повеќе.
Intens користам но пред да ја нанесам ја подигам т.е. гужвам со крпа ја стискам..... потоа нанесам пена стискајќи ја и како стиснам се до крај ја збирам и ја врзам....инаку со дужифузер или не знам да ја правам иле нз до што е проблемот што не ми излегува убава
Девојки, препорачајте ми пена за коса која убаво ќе оформува брановидни кадрици. Моментално ја користам оваа, но ми треба некоја која ќе витка поубаво. Се мислев да ја земам Тафт зелената или пак некоја од Нивеа. Секој предлог е добредојден, очајно сакам виткана коса.
Јас ги имам пробано сите пени и ниедна не ми беше убава. Локните секогаш ми беа крути, неправилни.. незнам, онака ептен се приметува дека не се ,,мои,,. Со Hobby (нешто слично на пена е), се формираат убави кадрици
Пена користам само кога ке ја виткам косата и за да пробам дали ке ми се извитка имам земено пена од балеа 50 мл. 55 денари ваква супер е и ценава и милитражата
Многу ретко користам пена.Еднаш се навиткав со пена и после 1 саат како ништо да не сум направила. И од тогаш,само ја пеглам.
Користев Тафт пена и никогаш повеќе тоа чудо не го ставам на косава.Ми направи огромни гнојни акни,какви што сум немала досега.Си реков ај да не не е од пената.И дадов шанса повеќе пати (со долга пауза измеѓу) и секогаш иста приказна.И тоа баш на деловите каде што косата се допира до кожата:кај слепоочниците,страничниот дел од образот,вратот,рамењата.Имав дури и на темето.Кој ја користи пената ,а има огромни гнојни акни што печат и се чуди од кај се нека ја фрли одма у канта.
За Тафт розевата пена зборуваш? Оти јас веќе 3 години ја користам,па ми прави совршени локни и се ми е во ред со кожата. Можеби си алергична на некоја од супстанциите внатре
И мене ми се случуваше истото со Тафт пените. Но не ги користам скоро 10 години. Сега редовно ја користам на Нивеа, без алкохол е и не ја слепува. На влажна коса ставам едно топче пена во раката и рамномерно го нанесувам на долниот дел од косата и врвовите, па ја оставам сама да се исуши за поприроден изглед, или ако се брзам сушам со дифузер. Всушност пена и не треба да се нанесува на коренот, тогаш косата изгледа слепено а и затоа се појавуваат акни, но ете, тогаш со тафтот сум немала искуство.
Nivea и Taft, добри се, порано многу често ставав пена на косата и добро ми стоеше така брановидна. Имам користено и Интеса, добро ми ја правеше, но не ми се допаѓаше мирисот.
Мојата коса не може повеќе да се витка затоа што ми е премногу изгорена..А порано од прво нанесување веднаш ми се навиткува. Сега и цела да употребам не може.
Еве за оваа пена зборувам Можно е мојата кожа да реагира лошо на некоја од состојките.Не ставав на самиот корен ,туку по должината на косата.Акните ми се појавија баш каде што прамените се допираат со лицето и затоа прво помислив дека некој од производите за лице што ги користам не ми одговара.Најмалку очекував дека тоа е предизвикано баш од пената за коса.Што помалку користење на хемикалии толку подобро
Ја користев оваа пена ми беше совршена не ја лепеше косата и убаво мирисаше, но неколку год по ред неможам да ја најдам ја нема со ова пакување дали оваа е иста ко плавава ?