@lattie таа розевата ја имав користено и беше леплива Побарај во поголемите маркети како Веро, можеби уште ја има таа плавата.
Devojki preporacajte mi nekoja pena sto ne ja slepuva kosata tuku samo ja zadrzuva formata da recam,taka sakam samo branovidna da mi e ama sveza,a ne slepena cela...
@mime87 а може ли да не е пена? Јас ова го ставам, многу убав мирис има , и по една мрвица се става. Али не витка , ако сакаш таков ефект .. Јас имам брановидна коса , и од него ставам, дека ако ставам лак или пена после не можам да ја расчешлам и морам да ја мијам следниот ден . Или пак откако ќе ја навиткам , дека јас пена не користам.Ова ја обликува и не се приметува дека имаш ставено .Околу 200 денари го земав , од парфимерија во градот од кој доаѓам , али го имам видено и во City mall , на тие штандовите,на спратот горе веднаш над тренд.
Ne i jas ne sakam taka slepena da bidi kosata i zapletkana imam tanka kosa lom ke ja napravam taka ako se slepuva,sakav nesto sega za vo leto za nabrzina da se napravi kosata i da ne se gori,a za sto potocno e ova cudo?
Тоа е крема за обликување на локните. Многу е убава, ама мене ми остави впечаток дека навистина делува само кај девојки кои имаат природно виткана коса. Mојата е права, кога ја фенирам со дифузер добива некакви бранови, но не е тоа тоа, ниту ми ги обликува, ниту пак прави подолго да се задржи ваквата фризура. Јас си купив пена на Nivea и многу повеќе ми се допаѓа од Taft. Пена си е пена, ако ја дозираш точно, нема да ти биде слепена косата.
Да, не ја витка него онака ги растресува локните. На брановидна коса или на виткана е идеално . Ама само со него да се постигне ефект на виткана коса , не е . Има од истиот бренд и за права коса, но го немам пробано. Ете јас сум задоволна.
Девојки, предлог пена за коса за поубаво истакнување на локните? Моментално ја користам оваа Но воопшто не сум задоволна од тафт друга што користев е темно сината...
Дали е штетно да се користи пена за коса со поминат рок? Ми треба за вечерва да ја направам косата и сега видов дека и поминал рокот...
Здр имам едно прашање дали има црвен спреј у дм велес?? Или на кое друго место можам да најдам фала однапред❤
Мене многу ми се погоди оваа пена на Балеа. Сушење коса во лето ми е најомразна работа на светот, па по миење само ставам од пенава и оставам да се исуши природно. Косата ми е права и тешко ми се витка, но од оваа пена сум изненадена. Ми одговара. Не ми се лепи за косата (всушност, никоја пена не лепи ако е правилно дозирана), а се формираат убави лабави локни. Не е ни скапа, ја купив 95 денари и мислам дека беше на некоја неделна акција во ДМ. Како и да е, сто пати подобра е од Тафт.
Јас имав доста виткана и бујна коса, но моментално во бременоста заради хормоните цела ми се исправи. Некоја со сличен случај дали има и како ја обликувавте???
Ниту една пена за коса не ми помага освен што ми ја лепи косата и многу ми паѓа од неа, јас имам природна коса не до толку виткана ама немам баш никаква помош од пените за коса.