1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пеперутки во стомакот

Дискусија во 'Врски' започната од Pretty Woman, 21 август 2018.

?

Дали пеперутките во стомакот значат вистинска љубов ?

  1. Да

    25,9%
  2. Не

    22,2%
  3. Не мора да значи

    51,9%
  1. Pretty Woman

    Pretty Woman Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2018
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Сите го знаеме ова чувство или барем еднаш во животот го имаме почувствувано.
    Феминки ме интересира ваше мислење дали пеперутките во стомакот значат љубов или може да постои и љубов без пеперутки ?
     
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Прво доаѓаат пеперутките, па после љубовта.
    Пеперутките во стомак се минливо чувство, но проследнени со многу други фактори во врската можат и да прераснат во љубов, сакање, па да трае тоа чувство многу долго.
     
    На La.loca, WildMk, senjorita-v и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Малку сум збунета од содржината на оваа тема...

    Не ја гледам задолжителната еквивалентност и поврзаноста меѓу значително поголемото количество на неврони поставени во нашиот стомак отколку во 'рбетниот мозок, од една страна, и хемиската реакција на хормони ( адреналин, тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин) која се случува во мозокот, од друга страна.

    Луѓето кои ја опишуваат познатата сензација како "пеперутки во стомакот" е само знак дека нашиот втор мозок функционира правилно.

    Како што споменав погоре, бидејќи имаме повеќе неврони во стомакот отколку во 'рбетниот мозок, тоа му овозможува на дигестивниот систем да работи самостојно, односно без потребата од нашиот мозок.

    Така, кога еден поединец е преплавен од емоции, истиот добива посебно чувство во стомакот предизвикано од реакцијата на невроните кои се наоѓаат внатре.

    Додека пак "љубовта" која ја опишав претходно, претставува само систем на природата со цел сите суштества на планетава да се размножуваат за да опстанат односно да не изумрат како посебен вид, а во таа категорија секако спаѓа и хомо сапиенс.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Јас изгледа сум ги удавил тие пеперутките очигледно, затоа не се појавуваат во дадената ситуација. :lol: :wasntme: :?:

    Јас пак имам друго чувство на внатрешна жештина во градите, не знам дали сум јас единствен со ваква дијагноза кога станува збор за вакви ситуации. :!: (facepalm)
     
    На Pandora- му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Demon4e

    Demon4e Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Dobro ako nie cuvstvuvame "peperutki vo stomakot" dali peperutkite cuvstvuvaat lugje vo stomakot?!
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не значи 'љубов', значи физичка реакција...
     
    На Demon4e му/ѝ се допаѓа ова.