Освен за маскенбал ,немам носено перика во јавност. Би сакала ,зошто да не ,да си имам една кратка ,црна боб перика и една долга и плава ,за промена Спојлер Единствено така нема да ја горам косава со бланшови и фарби и ќе си ја достигнам саканата должина Иако се познава од километар дека станува збор за перика ,мене ми изгледа многу интересно секој нареден ден да имам различна фризура. По фризерници се немам распрашано ,ама имам видено во една продавница специјална за здравствени помагала ,таму имаше добар избор на перики и не беа многу сакпи - 4 000 пократките до 7 000 долгите . Ќе си ги исполнам и тој хир еден ден .
Надградбите се во тренд сега,периките ги користи само оној кој мора или пак сака тотално да се маскира да не биде препознаен при сакани дејствија
Перики носи секој кој е љубител ,не само по потреба. Јас ,на пример ,побрзо би ставила перика на глава отколку надградба , ќе ја вадам кога сакам ,ќе ја ставам кога сакам ,нема да ми се оштетува косата од неа и да ми паѓаат цели тутки в рака ...
Никогаш не сум носела до сега,но не би носела ни во иднина. Што знам,некако се пемногу вештачки и нападни и не се по мој вкус.Секогаш се стремам кон природното,а и цело време ако носам ќе ми биде чудно и непријатно,ќе мислам дека сите гледаат во мене (колку и да не се разликува од природната коса).
Можете ли да ми кажете дали се продаваат перики со суканици и ако се продаваат дали има овде во Македонија?
ич нејќам такви ствари имам носено за маскенбал само ама биле такви заебантски отколку стварно да личат ко моја коса
Носам само за маскембал. Си имам една светло сина како Похахонтас е фризурата. Некогаш сакам да се претворам во друг и си ја носам, ама низ дома кога сум сама