1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Перфекционист!

Дискусија во 'Психологија' започната од Elizabethh, 10 октомври 2010.

  1. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Во моите очи, перфекционистите се несреќни луѓе. Зборувам за оние опседнати со планирање на секој момент од нивниот живот, со некоја однапред определена замисла за остварување, по секоја цена. Јас сакам да уживам во малите нереди што ми ги нуди животот, невозможно е се` да доведам под конец. А трудејќи се, често се забораваат работите што навистина не` прават среќни.

    Не сум перфекционист зошто не сум совршена девојка. Не мора се да ми биде тип топ за да се почувствувам исполнето, сакам кога едноставно некои работи ги препуштам на текот на времето и буквално го зграпчувам денот.
     
    На Hipster и kankus им се допаѓа ова.
  2. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    перфекционист никогаш не сум била и нема ни да бидам од проста причина затоа што сметам дека се треба да оди спонтано во животот без некој големи планови или однапред замислена некоја шема според која се раководиме а зошто не оставиме работите сами по себе да се случуваат нели е така подобро.
    познавам такви луѓе и да кажам искрено не можам да ги разберам одат по принципи кои самите ги зацртале и не се отргнуват од таа цел се стремат кон совршенство кое инаку не постои сите имаме по некоја мана и секогаш по некое планирање и замислување на иднината нешто наопаку се случува бидејки тоа не се предвидува останува само времето да покаже што всушност ни предстои.
     
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    перфекционист сум и самата, ама не од вториот вид :$
    не мора се да изгледа совршено, сакам пак да се обидам, среќна сум кога за мене ке изгледа совршено, ама и да не е-голема работа -.-
    Порано бев поголем перфекционист, и затоа бев некако чудна, а јас мислев дека другите се чудни, што лесно се задоволуваат и не сакат да се трудат поубаво да им биде... -.-
    а сега, кога јас ке гледам некој перфекционист, (од тие нездравите перфекционисти), некако ми изгледат лажни :^)
    имаат совршен живот, совршено семејство, сонуваат за совршениот човек, за совршена врска (глава ме заболе од толку соршенство) сакаат се да иде по ред и совршено, мал проблем да има, збеснуваат :o
    мислам дека ако се би било совршено, би било мноооогу досадно -.-
     
  4. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Не сум перфекционист и нема ни да бидам. Повеќе сакам по спонтано да се одвиваат работите. И не целам кон совршенство. Не сакам се да ми е цакум пакум подредено и средено и во неред можам да се снајдам.
    Татко ми е префекционист за жал и пора се да му е подредено и кога црта не смее ни една линија да му штрчи ама па ми вели дека подобро му е така што е перфекционист. :^)
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не сум перфекционист, воопшто не сум опседната со помислата се да биде совршено затоа што се знае дека колку и да се трудиме неможе се да биде идеално. Спонтаните работи се поубави од планираните, најчесто тоа што се планира до последен детал, не се остварува. Едноставно, некои работи ги препуштам на случајноста и живеам за моментот. Обично перфекционистите имаат преголеми очекувања за се, а тие за жал водат до разочарувања.
     
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Не сум перфекционист. Нормално дека понекогаш опсакувам нешто да ми е совршено но не се напнувам тоа да го направам. Сакам да уживам па дури и во неуредното...и оставам се само по себе да си дојде, а не да го планирам секој момент,детал од животот (добро не баш секогаш).
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.423
    Во суштина не сум перфекционист, но!

    ..кога цртам - мора да биде убаво! Се да се гледа, една погрешна линија да е, ја бришам, ја прецртувам, се точно до милиметар. Да не спомнувам кога цртав ограда со цвеќиња. Ливчињата на цвеќињата мораа да бидат исти! Оградата ми беше како вртена, незнам како да објаснам, и мораше да бидат еднакви, прави. Пердувите на петелот исто! Камењата на куќата - подредени. Ама затоа, кога ќе завршам, се воодушевувам на самата себе си, и дури помислувам да си кажам браво. Мразам зашто наставникот ми ги зима цртежите, и неможам да си ги зачувам.
     
  8. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Перфекционист тоа бев јас порано но сеа сум ама не до толку некако се помирив со фактот дека светот не можам да го направам совршен нити моето општество :$ :$
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.804
    Допаѓања:
    65.522
    Пол:
    Женски
    Во некои работи да, во некои, не. Зависи колку мене ми е важно. Важно ми е да бидам перфекционист во работата, да бидам најдобра, си имам некои свои критериуми и ако не ги исполнам очајувам. Ама за друго не сум, ни во љубовта, ни за домот или сл.
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Донекаде, заслужен е тука и хороскопот.-Девица.
    Порано кога пишував Работа на час, ако не ми беше точно на средина, бришев. :!: И после тоа мерев со линијар дали е на средина. :tmi:
    Во повеќето работи сум перфекционист. :worried: Кога цртам, или нешто ако почнам морам да довршам. И ко Дејзи, не сакам да ми ги зима наставничата цртежите, грешки правам што не си ги сликам. :$
    Како мала, пред спиење, се ми беше под конец, се диплев, се си знаев кај ми стои. Ама сега баш и не е така. :x
     
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    јас сум огромен перфекционист...паа кај мене нема шанси нешто да не е како треба...се средено до најмала ситница...

    за за совршен ? никој не е :]
     
  12. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    е за ова синди се нервира најмногу
    сакам се да е перфектно и совршено. се нервирам кога некој ме брза :envy: мразам работење во група па макар и по дома. кога работам нешто сакам полека и бавно, до ситница
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Ова се поштува! Мрзам кога некој ми се меша. :doh: И кога сум ограничена со нешто. :devil:
     
  14. EMILI80

    EMILI80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    јас сум голем перфекционист сакам се сама да правам не примам од никој помош затоа што мислам дека нема да го направат како мене.Мажена сум и имам две деца тие сите растурат по дома а јас по цел ден викам и сватив дека е многу лошо да си таков,ама не можам против тоа таква сум и поради тоа што сум таква се осекам како да не припагаам нигде.
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Перфекција значи совршенство. Да сработиш нешто беспрекорно, без да направиш ниедна грешка. Сите ние како личности сакаме работите околу нас и се што е поврзано со нас да биде совршено. Понекогаш премногу вложуваме и се трудиме премногу за да го добиеме тоа што го сакаме или за да направиме нешто да биде перфектно, но тоа не ги исполнува секогаш очекуваните резултати и завршува со разочарување. Затоа кога си поставуваме некоја цел, која изгледа недостижна не треба многу да се надеваме дека перфектно и точно онака како што сме ја замислиле, ќе се оствари. Според мене престресно е да си перфекционист зошто се мора да е совршено, а самата помисла на тоа предизвикува тресење на рацете, потење итн.
    Перфекционист сум за одредени работи. Ако ми смета нешто си кажувам отворено, а кога треба да добијам некоја пофалба се трудам да бидам најдобриот можен перфекционист и верувајте многу е стресно. Затоа таква задача имам само на моменти кога сакам да се истакнам во област во која си сум добра. :lol:
     
  16. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    За некои работи сум огромен перфекционист.Тоа најверојатно ми произлегува од тоа што мразам да живеам во неизвесност и морам некои работи да ги испланирам до најмал детаљ.Нормално дека ова се однесува на работи кои се во мои раце и на кои само јас имам влијание.Кога работам нешто сакам и се трудам да биде совршено,не признавам грешки тука.За разлика од ова,на љубовен план воопшто не сум таква зошто таму перфекцијата не зависи само од мене,а и во љубовта не може се да биде совршено.Тоа само во шпанска серија :lol:
     
  17. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама сакам да сум перфекционист.
     
  18. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Перфекционист - да. Посебно кога се работи за училиште. Кога ни даваат некоја задача да направиме проект или нешто слично, јас само сакам да се затворам сама во соба и сама да ја завршам работата. Секој детал е важен, според мене.

    Ама перфекционист за нешто друго, како на пример чистење на мојата соба - не :lol: Секако сакам да ми е чисто и убаво, ама ако видам некое хартивче на земја не го земам за да го фрлам, него го буткам под кревет 8)

    Зависи во која ситуација сум.
     
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Кај ја видов темава жити се :D на кратко прочитав неколку мислења и си викам нема да коментирам и вртев вртев и морав да пишам ете мозок човечки.
    Нели не постои перфекно но секое нешто,постапка или било што, си има своја граница па кога стремиме кон тоа или веке го правиме знаеме дека тоа нешто има граница до која нештото ќе ја доживее својата перфектност или својот максимум.

    Ова е нешто од мојот карактер што понекогаш многу ми смета на мене а искрено и на моиве по дома.Кога е во прашање за донесување одлуки, за постигнување на зацртани цели е тогаш си се сакам што сум перфекционист.Но кога е во прашање перфекцијата за некои ситни нешта е тоа ме излудува и се чувствувам како оној детективот Монк.Знам да се вратам по 10 пати да го израмнам прекривачот на креветот, внимавам работ да не ја преминува даската од креветот, доколку пред и после јадење не се измијам заби нешто во мене ме тера на тоа, секогаш пред јадење кога го местам чаршавчето на маса запазувам да е од обратната страна што сум јадела претходниот ден е вакви ситници ја излудуваат мајка ми бидејки ми треба 100 саати за да седнам да јадам.
    Не знам колку може ова да се смета за таква карактеристика "перфекционист" но многу пати за некои мои постапки, размислувања ми имаат кажано дека премногу се стремам кон перфектност, пак ќе напоменам дека сите знаеме дека нема перфектност туку така е зборот, да се направи најдобро или да се извлече најдоброто од она што го правиме или кон она што се стремиме.
     
  20. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Перфекционист сум & I'm proud of it! 8)
    Нешто кое што не можам да го избегнам и да сакам, зошто? Дома сите сме такви. :D
    Секогаш кога ќе се разбудам наутро прво нешто што правам е да го наместам креветот.
    Книгите на полиците ми се секогаш подредени по некој си мој редослед.
    Кога треба нешто да купам на пример, на пример.. :?: обичен лосион за тело, ќе го преобрнам целиот интернет, да прочитам, да видам и на крај да донесам одлука кој мене ќе ми одговара. (Затоа често може да се случи да ви пишам во лп колку пари сте го зеле, од кај сте го купиле и дали сте задоволни од него.. :lol: )
    Проектите не ги работам бавно, брза сум и ефикасна но крајниот резултат е секогаш исполиран до перфектност.
    Понекогаш ме иритираат и некои глупави работи како на пример кога на форумов ќе прочитам реченица која започнува со мала буква, во неа нема запирки и на крај не завршува со точка. |(
    Мое мислење е дека сите се перфекционисти само што кај некои оваа особина е повеќе изразена отколку кај други.
    Кај оние што е изразена помалку, ве молам пишувајте точки на крајот од речениците. :D :(