.. ...сум и тоа голем перфекционист... . :geek: ..дома сакам се да ми е под конец,се програмирам самата себе си спрема часовник,внимателно се планирам,и се што сум зацртала завршувам на време,ако се фатам нешто да работам го правам детално и совршено,не оставам ништо на случајност...планирам до детали,и се стремам да го остварам тоа....ако нешто е невозможно за мене не го ни почнувам........понекогаш доаѓам до конфликт со луѓето кои не се организирани и мрзливи.....не можам да сватам како можат да живеат во хаос од ствари и мисли....хахахаа.......често се прашувам самата себе си дали е ова добро или не е...одговорот е...јас сум таква скроена и нема надвор од оваа кожа... ..
Па не сум некој голем перфекционист.Сакам,да се да ми е средено убаво,да си е се на место и да нема неред,но ако некоја книга пример не е на своето место или пак некое парче облека не е на правилната закачалка не ми смета воопшто и не се замарам околу тоа.За некои работи се разбира дека сум перфекционист,пример кога нешто сум испланирала сакам се да е така како што сум си замислила,а ако не е така се невирам бидејќи не сум ја остварила целта која што сум си ја зацртала.Сакам кога некој ќе каже дека ќе е така и ќе направи нешто да си го одржи зборот,а не да бега од одговорноста или пак да матка со денови бидејќи јас секогаш се трудам кога ќе кажам нешто декa ќе биде така и да е.Значи ако чаршавот на масата е изместен не се туфкам дур не го наместам точно под агол,но ако нешто сум наумила да го направам тогаш по секоја цена ја остварувам мојата цел.
Ma to sam ja ... Но, не сакам болно перфектно. Уживам кога околу мене се е растурено, кога не ми е испланиран денот или само што ке станам да се фатам за ситници..и се да е во ред. Но, од друга стр. сакам се да ми е совршено, онака како што ке замислам. Сакам кога учам се да е до конец околу мене (книги, белешник, маркери) Сакам кога нештата ке си ги испланирам и онака да си ги остварам -до најмал детал Голема вистина има во тоа дека се карактеризираме со самодоверба, амбициозност, самоконтрола .....
Си се доживувам себеси како перфекционист, и целосно си се пронаоѓам во описот. Би рекла дека се држам до одредена граница и не претерувам со тоа се да биде совршено. Го мразам хаосот и тотално се губам во него, па затоа сакам се да е под конец. Перфекционизмот не го сметам за мана, туку за предност, затоа што на таков начин секогаш барате повеќе од себе и буквално себеси се туркате напред. Секако, се треба да си има умерена граница. Признавам дека некогаш таа желба за педантност и целосна среденост ми одзема многу време, а и нерви. Но, чувството кога за сработениот труд не можат да ви најдат апсолутно никаква забелешка, е непроценливо!
Слободно можам да речам дека сум перфекционист, дека сакам се да знам кај ми е, да е под конец. Неможам да седам во расфрлено....кога имам некое задолжение прво однапред триста работи планирам. Десктопот да ми е секогаш среден, на работа сите документи се живо да е по папки дати имиња, маилот нон стоп на рефреш. Влегувам/излагам од работа бирото секогаш да ми е цакум пакум. Такава сум си...но не и во крајности да забегувам. Како таа од очајни домаќинки-како ли се викаше не ми текнува.
Ма јок, ма какви! Сакам да ми е чисто дома тоа да. Не можам да седам и да уживам ако гледам дека треба да се пресмука, избришат подови, а посебно ме нервира ако не се чисти купатилото и кујната! А собата може и да ми биде малку расфрлана, не ми смета оти сепак знам кое каде се наоѓа.
Порано бев опседната со перфекционализмот, но со физичкиот изглед. Сакав да изгледам целосно совршено. И коса, и лице, тело, облека се да ми биде тип топ. Маски, шминки, разни шампони сите теми на форумот за ова ги исчитав. Секоа ден си барав нова мана, денеска главата ми е топчалеста утре главата ми е супер очите ми се мали, друг ден очите ми се супер половината не ми е доволно тенка и така секоа ден нова опсесија и ќе барам по списанија, по форумот некој лек, некое решение. За тоа пишев и во некои теми на почетокот, за очите. Сега не сум некој перфекционалист. Немора се да биде совршено, само за добро да е. Секој човек има мана, секоја работа има мала тешкотија. Светот е полн со проблеми и неуспеси и не е совршено место зошто совршенство постои само во светот на бајките..
Никогаш не сум била перфектна во ништо и не се ни стремам за тоа ова сум јас, на моменти расеана малку и ми е гајле за се, на моменти гледам горе долу да средам се , и живот и мисли и куќа. Ама не си патам да бидам перфектна во се и да бидам центар пажња никако . Бидете си оние вие природните, и не се замарајте со перфекционизам, не велам дека треба да бидеме запуштени како пештерски луѓе, но нема потреба од толку перфекција на едно место
Ааааа колку се пронаоѓам во темаваа... Значи на се наоѓам мана,што ми е мене карактерна мана хахах, иако знам дека не може се да биде перфектно, дека мора да фали нешто, џабе ми е, пак гледам се да ми биде така како што сум си замислила...
Би се опишала како непоправлив перфекционист. Подреденоста на нештата околу мене ме прави организирана и подготвена побрзо да ги завршам обврските. Прдеметите ги одржувам и тежнеам се да е средено, а личните работи ми се до тој степен поставени што во секое време ми се достапни. Секое нешто си има свое место. На хаотична атмосфера не сакам ни да помислам затоа што тоа не сум јас. И со никој не би се споредувала во однос на ова. За мене тоа е непремостлива слика за домот и за себе, а друг можеби ја доживува како непотребно трошење време и не сака ни да размислува за нештата околу себе. Особено не можам да поднесам неред во кујната и бањата. Според мене, тоа се простории преку кои се забележува целокупната хигиена во домот која е половина здравје. Педантноста е особина која ретко кој ја поседува во комплетна мера кога станува збор за лична и домашна уредност. Не ја сметам за негативна особина затоа што тоа е еден вид граница која не тестира до каде може да одат нашите потреби. Би рекла карактерна одлика што понекогаш повеќе одзема нерви, отколку време.
Перфекционистот во мене се појавува кога цртам. Самокритична сум и се обидувам што подобро да испадне. Да бидам чиста и уредна и се' да ми е под конец... Не баш... Мрзлива сум и на најбрз начин решавам проблеми што не сакам да ги решам. Ама кога станува збор за уметност или литература, има да посветам 5 саати кои што ќе бидат поминати со мерак.
Сум перфекционист и ретко нешто може да ми остави впечаток или да ме импресионира, не го сакам тоа кај мене али шта чу... едноставно се коси со реалноста и тука настанува проблемот, ти се надеваш на совршенство а реалноста дрско ти удира шамар и те спушта на земја и нормално ти се разочаруваш, од друга страна добро е што се трудиш да не бидеш просек инаку за другово потешко малку...
Не сум перфекционист, од една страна сакам работите да ми бидат средени а од друга страна не се оптеретувам се да биде под конец или идеално. За материјални работи пак ич ниту се врзувам ниту се замарам, дали нешто ќе се скрши, ќе изгубам или ќе се оштети ич не ме интересира, оти има многу побитни работи од материјалните. За лични работи и односи со луѓето гледам само да се држи едно нормално ниво, никогаш не сум сакам да им се машам на другите и да им наметнувам да прават нешто што јас мислам дека е добро. Перфекционист сум може само на даден збор, кога ќе кажам или договорам нешто сакам да си стојам на тоа истото го очекувам и од другите.
Se plasam deka veke ja nadmina sekoja granica. Stanuvam od jadenje ako vidam deka zavesata ne e dobro namestena, alistata mi se pod konec, samo edno nesto ako e izvadeno site alista gi redam od pocetok, casite, fildzanite za kafe si imaat svoe mesto I nacin na koj im se namesteni rackite..Za cistenje da ne zboruvam, masava edno 10 pati na den ja brisam, deka neli, prasina pagja.. Nego aj da ne prodolzuvam za ne zabegate I vie so mene
Перфекционист, и тоа каков! Но, во последно време кренав раце од се`, токму поради тоа незадоволство што се јавува од потребата за совршенство во секој аспект од животот. Неуспех по неуспех, па потоа следува демотивација и на крај откажување. Можеби постои некој назив, термин за ова? Свесна сум дека ме кочи во животот, но посилно е од мене, некако потсвесно. Не можам да спијам ако мислите не ми се подредени во главa или не можам да се сконцентрирам на нешто ако не е чисто и средено околу мене. И се мора да биде во минималистички дух, не можам да поднесам пренатрупаност. Исто и карактерно, сум максимално коректна со доза ладнокрвност во се што правам, и истото го барам за возврат. Имам големи очекувања и високи критериуми, најпрво од себе, потоа од сите останати. Генерално, сакам совршеност во самото изведување на нештата, не е толку важен исходот, ако знам дека сум дала се од себе.
Ма не сум... Ми имаат речено дека сум, препознале во мене некои карактеристики на перфекционизам, како успеале не знам, ама далеку сум од тоа...
За одредени работи сум перфекционист. Тоа се однесува на средувањето по дома. Сакам се да ми е подредено под конец.
Сум и тоа многу перфекциониста, значи секош све ми е подредено под ред од од гардероба накит шминки украси кревет , значи што е многу многу е дури а ако нешто стрчи се враќам да го наместам после заминувам , гардеробата мора да мириса на свежина на некој омекнувач или на нешто што имам ставено да го разнесува мирисот ако не мирисаат убаво се нервирам а знам дека не треба до толку но мислам сето ова ми е од анксиозноста , порано честев секој ден иако беше чисто исто и јас во секое време сакав да бидам скоцкана но сватив дека перфекцијата не е возможна , па се трудам сега да го живеам животот и да не бидам роб на пефексијата зошто малце по малце тоа се претвора ви опсесија
Сакам се да ми е чисто и наредено. Да не е расфрлано ништо. Сакам кога е се рамномерно. Кога одам и на гости или било каде па и во кафиќ, ако е нешто на косо морам да го исправам (тоа го правам незабележително бар така мислам) да биде паралелно со ивицата на масата. Не сакам округли маси. Сакам кога масата е коцкаста или правоаголна. Свесна сум дека не се замараат сите за вакви работи. Јас гледам убавина кога се е рамномерно убаво и прегледно наредено.