Песимист или оптимист?

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 7 август 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.350
    Песимист, оптимист, или златна средина?
    Песимист, личност со мрачни сфаќања, со мрачно гледање на работите, т.е гледање на животот од темната страна. Оптимистот е сосема спротивно од песимистот, личност која што гледа од светлата страна на животот, со надеж за подобро утре..и така натаму. ‘‘Златна средина‘‘ би било нешто како половина оптимист, половина песимист, или само реалист.
    Од која страна на животот гледате Вие? Темната или посветлата?
    Себеси се сметате за, оптимист или песимист, или сте нешто како ‘‘златна средина‘‘?

    Се извинувам доколку темава е дупла, проверив и не најдов слична на оваа. Но луѓе сме, грешиме, можеби сум прескокнала некоја.
     
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.385
    Допаѓања:
    1.877
    Za nekoi raboti mislam pozitivno, a pak za nekoi odma crni misli mi preletuvaat niz glavata ........ taka da bi rekla deka sum realna i realist vo sekoj pogled.
     
    На Boka.A му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    30
    Е добра тема,ми се бендисува.

    Се трудам да сум и сум позитивна личност и оптимист без разлика во колкава тешкотија се наоѓам.И секогаш им укажувам на помалку позитивните и негативни личности дека е од значење човек да е оптимист,сепак нели во склоп на реалноста ,и да верува во подобро утре.Секого го мачат различни проблеми ,секој човек понекогаш ќе се најде во (за него)безизлезна ситуација ,но треба да ја има вербата и надежта во себе дека работите се менуват и ќе се подобрат.И секако трпение треба да се има.
    Бидете позитивни и оптимисти ,мислете на убави работи и правете добро и добро ќе ви се случува.
     
  4. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    285
    Пол:
    Женски
    Оптимист во секоја смисла на зборот....секогаш верувам...дури и да се мали шансите...постојат некогаш денови и кога ја губам надежта...но тоа е ретко....зошто велат надежта последна умира... :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.781
    Допаѓања:
    78.575
    Реалист...онаму каде што треба поттик се залагам за оптимизам,ама не претерувам со него,лошо е да се залажуваш ако реалните шанси се нула за нешто,па ја смирувам топката.
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Токму така како Лилит. Реално гледам на нештата. Ако има шанси се надевам, оптимистички гледам на работите, но доколку е очигледно дека нештата нема да бидат такви какви што посакувам, песимист сум.
     
  7. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    30
    Оптимист сум но понекогаш за минут може да ми помине некоја црна мисла низ главата
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    реалист - иако моето реално согледување на работите повеќето го отценуваат како песимизам :)
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Вечен оптимист со повремено наоблачување од песимистички напад :D :D
    Најсериозно, сите околу мене често ме задушуваат со желбата да ги тешам и му кажувам дека се ќе биде во ред (мојата омилена реченица). Се случува и да изгубам надеж меѓутоа во она кое што знам дека нема да се случи, значи реално каде што треба гледање на работите. Е сега зависи и од ситуацијата нели? Не може да гледаме се само црно или бело!
     
  10. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Оптимистички реалист :)
    Јас сум мешавина на оптимизам, цело време зрачам со позитивна енергија, така се чувствувам, а потврда за ова ми имаат дадено луѓето околу мене. Но покрај оптимизмот, секогаш се трудам да останам приземјена и реално да гледам на работите.
     
    На aspekti му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    16.620
    Пол:
    Женски
    Не можам да гледам оптимистично на некои работи за кои знам дека нема да се сменат. Како да викам од утре ќе биде подобро кога, знам дека се полошо и полошо станува. Животот ме научил да гледам песимистично на работите, да очекувам малку... ако добијам повеќе, ќе бидам среќна. Од оптимизмот може само да се разочарам, а тогаш болката е поголема.
    Секако не во сите полиња гледам на црно... во љубовта сум голем оптимист и мислам дека таа може да ги излечи сите рани... љубов и се е можно :)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Оптимистичко настроена , со некои испади на песимизам :D
    Помеѓу оптимист и песимист повеќе сум реалист, реално гледам на работите и секогаш гледам за секоја работа да најдам повеќе од едно решение што значи не сум песимист.
    Оптимист сум кога се во прашање повеќе работи, ако не се надеваш на нештото и никогаш нема да се оствари.
    ПС Никогаш не земајте пари од песимист , тој не се надева дека ќе ви ги врати. :)
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    16.620
    Пол:
    Женски
    ^^ Лукс поинаку е поговорката: Секогаш земајте пари од песимист тој и онака не се надева дека ќе му ги вратите. :lol:
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Оптимист сум,иако нормално некогаш може да ме зафати песимизмот,но ретко се случува.Подобро човек да е оптимист,затоа што песимизмот или негативните мисли до никаде не водат,освен до лошо расположение и негативен начин на гледање на нештата во животот.Сметам дека среќата во животот зависи и од оптимизмот,песимизмот, едноставно се е до нас и до тоа што ќе дозволиме да преовладува во нас,дали оптимизмот или песимизмот.
     
  15. MarushkaMaci

    MarushkaMaci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    0
    Најчесто оптимист,мразам луѓе кои шират негативна енергија :D
    Но многу многу ретко се случува да бидам и песимист... :?:
    Само позитивно :y: 8)
     
  16. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    82
    Песимист, накај реалист најчесто. Поубаво ми е кога за све ја земам најлошата можна варијанта, па после секое убаво случување ми е и мене многу убаво, а кога сум била оптимист, само сум се разочарувала. А од друга страна, јас песимизмот не го поврзувам со негативната енергија. Секој човек има право на свој став и размислување. Кога ќе го прашаш-ќе ти каже и тоа е тоа од негативната енергија. И јас сум песимист, па правам нормален муабет, се шалам, се смеам исто како и другите и не ширам негативна енергија. И јас сум среќна, иако сум песимист. Не мора да биде исклучиво поврзано едно со друго... Барем јас така мислам и осеќам. ;)
     
  17. kikeee

    kikeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    кај мене не може да се каже ни дека сум песимист ни оптимист.. зависи од случајот, некогаш гледам песимистично на работите, некогаш оптимистично... и самата често си го поставувам ова прашање, но тешко да најдам одговор, можеби кога ке бидам повозрасна :D :rofl: :rofl: :rofl:
     
  18. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Секогаш се трудам да бидам оптимист и да ги гледам работите позитивно. Луѓето кои се оптимисти шират позитивна енергија.Прекрасно е чуството кога ќе направиш разговор со личност која е весела,насмеана,која ќе ти ги пренесе тие позитивни чуства.Во ред е секогаш неможеме да бидеме расположени но барем да се потрудиме.Како велат надежта последна умира,па така да се надеваме дека работите че бидат подобри а не полоши.
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Е така де Лоли, сум ја извртила јас :D фала што ме поправи.
     
  20. BlackCat

    BlackCat Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    197

    Како јас да сум го напишала :) Се смеам и тоа нон-стоп , се зезам се глупирам....ама сум песимист за работи како исполнување на целите во животот или дека нешто ке добијам затоа што ако не добијам едноставно ке си кажам знаев а ако добијам многу ке се израдувам...ако бидам оптимист само ке се разочарувам