Кога станува збор за мене(а под ова мислам за мои планови, идеи и нивна реализација) сум нај големиот песимист. -Така ми пишува и во хороскопот Но, кога станува збор за некоја друга личност строго реалист! Песимистичката страна ми е некако за по слаб карактер... Личност која не сака да се соочи со падови и порази(пропала инвестиција) па си пее: олвејс лук он д` брааааајт сајд оф лајф Драги песимисти, ве молам без навреда! Само си искажувам мислење! Имам пријатели вечити песимисти така да океј луѓенца сте!
Кога се работи за другите оптимистички ги советувам а кога се работи за мене Песимист и тоа со "тврдо" П.. така да Златна средина
Песимист од кога знам за себе. Уствари не баш..си бев оптимистички расположена кога бев дете макар што не бев како повеќето, безгрижно, затоа што многу мала почнав да се соочувам со големи проблеми. Тие проблеми, загубите на личности што ми значеа ме натераа да станам тежок песимист. Секогаш ја гледам една работа од најтемната страна само со една цел: да не се разочарам доколку се надевам на нешто што нема да се случи. А кога се работи за другите тогаш се обидувам да бидам реалист.
Нјачесто кај мене работи таа оптимистичка страна ама од време на време зне да ме слупа и таа песимистичката и да сум нерасположена со денови
не знам ни јас самата,пред другите се правам дека сум оптимист и дека се ќе биде во ред колку пати кога ќе паднеме на некој испит со некој другар јас сум таа што се смее и вика ќе поминеме сигурно другиот пати и кажуваа смешки и вицови колку само да не мислиме на тоа,а после кога ќе се задлабочам и размислам сама готово пропаѓам,секакви негативни мисли ми доаѓаат.
Би рекла реалист. Или, оптимист кога се работи за другите, а песимист делумно кога се работи за мене. Не за друго, туку гледам некако да си си заштитам од разочарувања и очекувањата си ги сведувам на минимум. А, за останатите секогаш сум тука во први борбени редови, за да давам поддршка и да „напаѓам“ со позитивни мисли. Ако ништо друго, барем ги охрабрувам понекогаш. И убаво е кога знаеш дека си дел од причините за нечија среќа.
Во глобала сум мн голем песимист кога станува збор за мене. Секогаш верувам дека тоа лошото мене ке ми се случи ..кога се работи за другите сум оптимист секогас за нив гледам на ведрата страна. Сакам да поцнам да го применувам позитивниот став и во моја полза
Реалноста секогаш има две страни - и добра и лоша, никогаш не е само една. Реалист би било да ги гледаш двете, но тогаш постои шанса да се збуниш од премногу анализирање и гледање на опциите. Обично човек се приклонува кон една страна, сакал или нејќел, мислам дека е многу тешко таа оска да се одржи баш на средина и во секое време во секоја ситуација да ги согледуваш и анализираш деталите. Значи да сумирам некако, по мојава логика - реализмот се дели на оптимизам и песимизам. Идеалист е веќе надвор од границите. Спојлер како ми доаѓа во моментов графички да претставам со стрелки и поделби... Инаку, непоправлив оптимист сум, на моменти се граничам со идеалист, но не забегувам многу. Нормално дека не секогаш испаѓа како што сум се надевала, но никогаш не губам од тоа што сум се надевала. И да се разочарам - се разочарувам за кратко време и пак се трудам да го најдам убавото во ситуацијата, да извлечам поука и да барам опција која пак ќе е оптимистичка. Ако се надевам на убаво и се разочарам - ништо не сум изгубила затоа што секако неубавото ќе било тука без разлика на што сум се надевала. Ако сум песимист и во секоја ситуација ја гледам само лошата страна - никогаш нема да привлечам убави работи. Затоа што ги привлекуваме, да се разбереме.
Секогаш сум оптимист ,ма да не забегувам многу со оптимизмот покрај него сум и реалист ,така да си ги балансирам оптимизмот и реалноста секогаш .
Оптимист со резерва. Оптимистичките мисли често знаат да влијаат на исполнување на она што го посакувам. Ако си зацртам одредена цел за која верувам дека ќе ја остварам, автоматски правам поголем напор за да го реализирам тоа. А ако однапред ме нападнат песимистички мисли дека нема да успеам, самата си градам ѕид до целта. Сепак, постои во мене мала доза на песимизам која си ја чувам за на крајот ако не успеам, да не се разочарам.
Јас сум вечен песимист ,додека маж ми е вечен оптимист , можеби и за тоа функционираме добро , се надополнуваме, мада понекогаш мојот песимизам го нервира , ке ми рече ти и во црното гледаш поцрно.Цел живот покушава да ме смени , барем малку попозитивно да гледам на светот , но не успеал , се плашам да не се откаже .И јас сакам да не сум таква, сакам да се сменам , сакам но не ми успева , не знам како да го сменам мојот поглед на животот.
Реалист би рекла дека сум, сепак се стремам кон оптимизам бидејќи е подобро да го гледаш светот на таков начин.Песимист сум во крајни случаи, и тоа многу ретко.