многу голем песимист сум за себе ,а за другите секогас сум оптимист и оптимистички им помагам а себеси никако и никогаш оптимист
Спојлер Порано бев страшна песимистка, режисер на хорор филмови не ми беше рамен ! Да се кандидирав за награда, ќе освоев прво место ! Само помина и тоа. Сега завртив нова страница во животот. Тоа ми беше поука за да разберам: Оптимист за се. Зашто нема да успееш во ништо, ако не веруваш дека тоа го можеш.
Повеќе песимист одколку оптимист Незнам зашто сум таква,си викам самата колку си попозитивна толку поубави нешта ќе ти се случуваат ама...Кога ќе почнам некои хорор филмови во глава да си правам,се на најлошо,или нема шанси ова да се случи,нема шанси она..Се трудам да го сменам ова кај себе затоа што истоштува многу,и стварно нечини. Колку е само поубаво кога ќе си речам супер ќе биде,се ќе биде во ред се ќе биде како што сакам јас!Одма ми се подига расположението и се чувствувам многу поубаво Се трудам се почесто да го правам ова и се надевам дека ќе успеам,тотално да ги одстранам тие песимистички мисли.
Ух порано бев страшен песимист, бев од оние патетични личности поставувајќи си зошто мене, па какоо па бла бла, сериозно. Ама сега знам дека има многу полоши случки и животни судбини од мојата, и сосема се сменив, гледам сеосема раално и смирено на работите, ако нешто не успее знам дека има повторен обид, знам дека може да се сменат работите на подорбо, и верувам во тоа.. единствено немам големи очекувања од другите што до негде е добро, и стално сум со резерва спрема одредени. Инаку сега да можам да кжам дека сум оптимист, и дека самиот треба да се трудиш и градиш и ќе биде..
Ко мала(тинејџер де) си бев невиден песимист, ама одкако се заинатив дека ке бидам нешто у живот и дека мора да напрам нешто и дека ке бидам среќна и полна со мир и љубов пред се, е од тогаш сум непоправлив оптимист . И знам дека ке успеам, и знам дека сите ке успеат во замисленото, и знам дека ме бива и знам дека можам во се што ке намислам . Не постои таа сила на светов што ке ме запре за да успеам и крај ! И искрено одкако се сменив од песимист во оптимист многу убави работи почнаа да ми се случуваат во животот. И што ми е најбитно си имам постојан мир, и ширам позитивна енергија .
Па јас сум златна средина. За во школо секогаш сум голем песимист За дома,домашните проблеми,моите проблеми секогаш гледам кон посветлата страна Е синока баш бев голем песимист поради тоа што дома ќе чекам нова година, не дека несакам и дека нема да ми биде мило со моите дома туку незнам едноставно ми падна мн криво и зборував разни безобразни песимистички работи...ама ете сега сум мн подобро ама пак ми се вртат песмистички работи за на училиште денес
Зависи за што. Ама сепак златна средина. На пример премногу сум песимист за школото. Ако ни речат имате повторување нареден час, умов ме мами кон изненаден тест
дефинитивно оптимист за мене нема нешто што е невозможно,ако се биде упорен и ако веруваш во тоа ќе успееш
Вечен оптимист, иако крајниот епилог испаѓало дека поисплатливо ми е да сум песимист. Но, не сакам повеќе лажни надежи и страдања поради неостварени цели, но не сакам ниту да патам во песимизам. Затоа, сум неутрална, што ќе дојде, нека дојде...
Нешто измеѓу . За ова прашање зборував со еден психолог и ме оцени мене како реален оптимист, постоела и таква категорија на луѓе кои знаат кога да се надеваат на нешто а кога не. Всушност кога имам основа да се надевам на нешто, знам дека може да се оствари сум оптимист, а обратно доколку знам дека нема.