Зависи за што.. Мислам дека сум некоја средина. На некој работи гледам премногу оптимистички а некој повеќе од доволно песимистички..
Јас од секогаш си бев песимист. Мажот ми, уште кога ми беше момче, беше многу оптимист, ама МНОГУ. Арно ама ме запозна мене , и полека, полека стана реалист. Е сега, некако има периоди кога ми личи на песимист, а тоа страшно ме нервира . Убаво ми е кога не се надевам многу, а кога ќе успеам или ќе се случи нешто убаво. Поубаво ми е да сум песимист (не се разочарувам, бидејќи немам големи очекувања), ама најубаво ми е кога мажот ми е оптимист - така се чувствувам посигурна. Значи јас сум песимист кој има страшна потреба од луѓе кои шират оптимизам. :geek:
Вообичаено сум оптимист, всушност за сите околу мене сум оптимист, но понекогаш кога се работи за мене знам да бидам песимист.
Се разбира оптимизам,каков би бил жиотот кога на се би гледале со песимизам?! Некогаш одредани ситуција ни го поматува мозокот па приморани сме да размислуваме негативно ,но според мене доколку се потрудиме да размислуваме со оптимизам и надеж тоа секако ќе вроди плод
Од кога знам за себе сум оптимист. Секогаш се надевам дека ќе се случи подобро, дека се ќе е супер, не сакам да гледам на мрачната страна. А и хороскопскиот знак ми ја има таа карактеристика.
Песимист, не се надевам многу, не сакам на крај да испаднам разочарана. Иако се ретки, сепак има моменти кога сум оптимист
За ништо не е убаво да се оди во екстремни крајности. Јас искрено повеќе сум за оптимистите, додека пак песимитите ужасно ме иритираат. Вечно незадоволни, вечно разочарани, се немаат запознаено или се скарале со зборот надеж и само се жалат. (Секако има исклучоци, но главно песимистите веднаш се препознаваат.) Иако знам да бидам некогаш песимистички настроена, јас сум и оптимист во одредени случаи, најчесто кога се работи за делење совети или помагање на некој друг. Кога станува збор за мене, јас сепак си ја знам реалноста. Ниту ми е се црно, ниту розево. Реалист!
An optimist is a person with a positive outlook on life. Јас сум голем ОПТИМИСТ, чак и кога не треба, оптимист до коска. Гледам можност во секој проблем а не проблем во секоја можност. Позитивните мисли, верувања, животни ставови и расположенија како што се оптимизам, благодарност, внатрешен мир и радост предизвикуваат позитивни физиолошки релации.