1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Песимист или оптимист?

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 7 август 2010.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Нешто помеѓу во принцип.
    Но, како што го терам денов, сфаќам дека позитивните мисли носат позитивна енергија секако околу мене.
    Оптимист, скроз сум.
    Дури и да е идеалистички, верувам во убав пренос на енергија и верба во убавото.
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.037
    Допаѓања:
    36.054
    Пол:
    Женски
    Песимист сум. Ми се случија одредени работи заради кои сум таква. Многу ретко гледам со оптимизам на работите.
     
  3. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Секогаш оптимист, верувам дека секогаш има надеж и излез од се и дека нешто подобро следи, макар и во најлошото
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    :y: :y:
     
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Се трудам ни едно ни друго,не сум баш сигурна колку ми успева.Лошо е и да си вечен песимист и да си уфилман оптимист,а средина пак е тешко да се најде и да се држи.
    Не знам...ако има некоја формула да се пресметува просекот,најверојатно поголем процент би му припаднал на песимизмот,иако имам понекогаш,поретко и идиотско оптимистични епизоди.
     
  6. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Реалист, имам тенденција да ги гледам и претставувам работите онакви какви што се.
     
  7. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Jas ednostavno sum prizemna licnost,ne sum ni optimist nitu pak pesimist.Ednostvano sum realist,a bogami za nekoj rab i bukvalist hh :D
     
  8. xSunsetx

    xSunsetx Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    3
    Pesimist...ednostavno mislam deka nekoi se rodeni so ksmet a nekoi ne.Za zal jas sum vo vtorite :( Edistvenoto nesto sto mi preostanuva e da se pomiram so toa.
     
  9. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    Кај мене нема реалност и место за песимистички работи кај мене се е оптимистички насторено......се си гледам на добро,и на убаво,не се брзам.....што вели мајка ми ти треба да живееш 200 год за се да ти се оствари како што си си замислила....си чекам јас не се брзам.....не се откажувам..... :lol:
     
  10. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    103
    Realist i optimist zavisi od raspolozenie :lol:
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Суров реалист, па луѓето неретко ме помешуваат со песимист.
    Ќе демонстрирам пример.
    Си стојам во дискотека, а тип зјапнал во мене.
    1. Да не сум накапана со нешто на облеката?
    2. Да не ми е откопчано нешто, патент, копче...?
    3. Овој тип може има фалинка со окото, па му мава ептен на една страна. :rofl:
    4. Можно е малку да му се свиѓам на оваа будала. :D

    Напоменувам дека овие работи немаат врска со ниво на самодоверба. Си ја имам и премногу. Едноставно, ситуациите во животот ми наложиле да ја погледнам прво реалната, па лошата , па добрата страна.
    Значи, реалист со примеси на сладок песимизам = суров реалист. Ете. :)
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Дефинитивно оптимист. :)
    Секогаш гледам на светлата страна и баш поради тоа во многу случаеви сум разочарана, но со моите оптимистички мисли и разочарувањето не трае долго. :D
    Но, во одредени ситуации знам да бидам и реална. :)
     
  13. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Јас сум, еве да речеме, реален оптимист. Мислам дека нема безизлезни ситуации, на секое прашање има одговор. Песимизмот не ме води никаде.
     
  14. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Вечен оптимист! :) Ретко може некоја црна мисла да ми помине и одма си викам:абе ајдее нема шанси се ќе биде во ред!А најмногу мојот оптимизам помага во тешење.Дечко ми стално ми вика:абе тебе како да не ти е за ништо гајле...ич не се нервираш :lol: Не е така баш секогаш,човек неможе така лесно да избега од нервози но барем да се потрудиш...да си викаш дека се ке биде добро-и ќе биде! :)
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Не сум оптимист во никој случај затоа што тоа е премногу за личност како мене. Јас секогаш ја гледам лошата страна на нештата и дури некогаш сум како некој кобник. Да сум оптимист тоа за мене значи живеење во бајките далеку од реалноста која е премногу сурова. Не фантазирам никогаш, затоа што не сакам да треснам ниско. Реалноста е таа и нема простор за никакви фантазии и надежи.
     
  16. NICKRIVERS

    NICKRIVERS Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    11
    понекогаш сум оптимист, но во повеке случаи сум песимист и секогаш гледам негативно на работите :(
     
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    [​IMG]
    Оваа чаша, према вас, Полу Празна е или Полу Полна?
    Ова е често користен израз како гледаат луѓето на работите, како ги перцепираат.
    Односно, во преносно значење, дали сте оптимист или песимист?
    или можеби наоѓате некоја рамнотежа и се изјаснувате како реалист?

    Па, дали чашата ја гледате полу-празна? А полу-полна?
    Зошто? Зошто не обратно??


    --Оптимист сум. Чашата, не само сега, туку отсекогаш била полу полна за мене. А зошто не празна - бидејќи јас едноставно така гледам. Секако, животот не е лесен, прашања милион, одговори нула. Проблеми од секаков вид.. но сепак.. Чашата мора да биде полу полна за да успееме да ја доисполниме :) Барем јас така гледам.
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    На прв поглед чашата е полу полна,зошто?Од мое гледиште затоа што и таа малку вода што е во неа е доволна да угасне жед,барем колку-толку...Ако повеќе време ја гледам сликата можам на момент да кажам и дека е полу празна чашава...Таква сум и во животов,оптимист по природа но доста често,претежно кога поминувам низ период со проблеми знам на моменти да бидам песимист и тоа голем...за среќа тие песимистички мисли не траат долго,барем додека да се смирам и соземам од одредената грда ситуација.Според дефиниција би можела да се наречам оптимист,но пред се,реалист.Се трудам секогаш да ги гледам работите реално како би избегнала непријатности ако сум преголем оптимист за некоја работа па како гром од ведро небо да ме удри некоја непријатна случка што во еуфорично расположение не сум ја гледала ко некој проблем :)
    Велат Песимистот е оптимист со искуство :D
     
  19. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Реалист со wanna be позитивен поглед кон животот.Секогаш знам како стојат реално работите,но се надевам на најдобро.Најчесто со каква енергија вложуваме во нештата во животот,таков е исходот на истите.Животот е премногу мал за да биде гледан преку сиви наочари.Па што и ако бидеме повредени бидејќи сме премногу оптимистични во врска со некои работи?Барем ќе знаеме што не очекува во иднина од нив.

    LaLy
     
  20. Severina

    Severina Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    6
    hahah me presmeja interesno razlmisluvanje ke ti manam like:)
    ama jas ne sum surov realist jas sum realist koj mn se trudi da bidi optimisticki nastroen...da receno optimist oti ako ne mislis pozitivno nikogas i nema da vi se sluci najpozitivnoto.
    neznam dali e mesto da otvoram edna podtemicka ako ja imate citano tajnata kako kniga vo koja so temata e deka ako mislime pozitivno zivejme pozitivno so iako deluva lesno sepak e mn tesko a mislam deka barem ednas mi se ima sluceno :to bese po matematika predmet na faks mn mali bea sansite da imam 10 ka ama taka si zacrtav deka ke ja imam 10kata i si ja zamisliv indeks i na site mu velev deka 10 imam i op imav:)