Знаете ли која е разликата меѓу песимист и оптимист?? Песимистот вели: „Епа не може да биде полошо!!!“, а оптимистот вели: „Може, може“ Мала шала... Јас сум вечити оптимист, за СЕ, дури и за „нереални“ ситуации... ама така ми е убаво
И јас сум таква,и најдобро е. Имало ситуации кога само јас сум верувала дека може да биде подобро , дури и околу мене се обидувале многу често да ми ја срушат, одземат позитивната енергија, набројувајки ми некои факти , но јас не се давам. И сум приметила дека навистина е така. Ако веруваш дека убаво ќе ти се случи, како да ја повикуваш таа енергија од вселената на некој начин. Пример ми е кога пред некоја година , јас , девојката која немаше среќа во ниедна наградна игра, па не ги ни играв, видов една кола на реклама дека е главна награда, и си ја замислив дека е моја. И за два месеци ми се јавија дека ме извлекле и станала моја. Уште неколку желби што си имав, изгледаа далечни, некој ќе рече нереални,и само јас верував дека некако ќе ми се остварат, и навистина, од сите страни некои среќни околности ми искачаат, и на пр до вчера верував и посакував за уште една желба да си ја остварам, ама немав поим кога и како ќе можам, а денес ми се укажа најпосакуваниот и најлесниот начин без да бидам никому должна.
бев гооооооооолем песимист....ама сега некако сум сменета и сум оптимист,и така е поубаво,само што кога си песимист нема веќе што да те разочара ако нешто оди надолу,а кога си оптимист и ќе ти се случи нешто неубо.....малце ќе пропадниш како и да е на некој шо ќе размислува негативно(како песимист) јас му викам размислувај позитивно,ако го мислиш то то и ќе биди ако не ниш...
Зависи од ситуацијата.Неможам да бидам оптимист за некоја нереална работа. Во целина,сум оптимист,али со мерка.Сакам реално да ги гледам работите.
Јас сум суров реалист најголем дел од времето... (најчесто за себе) иначе... верувам во чуда па знам да бидам оптимист исто така особено ако сум убедена во нешто и покрај тоа шо може само јас и да сум едина која е убедена во тоа нешто, (тоа си го поистоветувам со инат) само шо и неретко песимистот во мене знае да победи во одредени ситуации...
Се трудам да бидам оптимист, ама што да правам кога во ништо да се немало среќа бе Секогаш ама баш секогаш нешто мора да ми ги заебе работите, леле зошто сум родена под несреќна ѕвезда? Никогаш не вложувам премногу надеж во ништо за да не се разочарам, мада можеби убаво кај мене е што од толку многу разочарувања во минатото, сега кога ќе ми се случи нешто ниту ме повредува ниту ми е важно кога ќе ми пропадне некоја работа. Се навикнав, што дури смешно ми е кога ќе ме снајде нешто, толку лесно го прифаќам што дури ме орасположува, гледајќи секогаш како баш некои ситуации мене ми се дешаваат...
Различно во различни категории како на пример: Оптимист во обложување , факултет, фамилија , храна во фрижидерот и др. Песимист во љубов , држава и др.
Оптимист. Гледам на работите од посветлата страна, позитивно размислувам, не е се розево, ама не е ни црно... имам една граница тука, оптимист со мера. Најважно... stay positive! Песимистот става нож под перница за безбедност, а оптимистот за да си пресече торта и да си се најаде .
Суров реалист, понекогаш со тоа ги повредувам другите, но што да правам ако се бега од вистината кога тогаш ќе те стигне