Оптимист дефинитвно, но не ги гледам работите од розова перспектива да се разбереме . Неможе да гаиме негативни мисли и да се надеваме на лошо, а да ни се случуваат убави работи. Секогаш има надеж и решение за многу работи така да црните мисли настрана.
Воопшто не сакам песимисти што ме трупаат со негативни мисли Јас би рекла дека сум средина меѓу реалист и оптимист. Ја согледувам ситуацијата реално, но си допуштам да се надевам дека ќе испадне подобро.
песимистка сум зашо секогаш имам зацртано вака ако прво помислам на она полошото и ако се случи лошо нема барем да се разочарувам до толку а ако се случи доброто ќе се изненадам.што е поубава варијанта.но понекогаш и оптимистка сум зависи за шо се работи
Оптимист. Еден е животот, треба секогаш да се трудиме да гледаме на оптимистичката страна, шо и да се случи не е крај на свет нели? Не викам дека секогаш треба да гледаме низ “розеви очила“, ниту пак цело време да се надеваме на најлошото, едноставно да бидеме реални но самоуверени и со крената глава, макар и да сме го доживеале и најголемиот срам. Јас искрено секогаш се надевам на подоброто, иако многупати ме изневерила мојата интуиција
реалист со мала доза на ужасен песимизам, а на моменти најголемиот оптимист на светот (до последна капка крв) . ама се опишав