Длабоко во себе сум непоправлив песимист. Дали тоа е од моето опкружување кое настојува да размислува на тој начин или од согледувањето на нештата и животот кој ме разочарал толку многу пати па веќе ја изгубив таа гледна точка да мислам позитивно, па го одбирам другиот начин со цел да не бидам повторно разочарана. Најчесто се убедувам себеси да мислам позитивно, да бидам оптимист.. затоа што често се водам од помислата за тоа „какви се твоите мисли, таков е и твојот живот“ ама некако тие две страни постојано се борат во мене. Сепак би рекла дека највеќе сум реалист.. оти знам во која ситуација што да очекувам отприлика.
Пред неколку години бев чист оптимист, секогаш мислев се најдобро, секогаш гледав напред, страв во мене од ништо немаше, но по неколку шамарчиња од животот кои требаше да ме направат уште поцврста, кај мене тргна по надолна линија. И денес сум оптимист не дека не, и во најлошите мигови се тешам дека се поминува, се ќе се среди, но сепак имам мала доза на песимизам и тоа страшно ме нервира. Ме нервира што ваква станав, ме нервираат црните мисли кои некогаш ми навираат во главата, ме нервира стравот кој ме демнее некогаш. МОРАМ под итно да поработам на себе. Се сакам старата Јас .
По природа сум оптимист, но некој ќе ми убута закани во глава и тогаш се плашам и мислам дека се ќе оди на лошо, но заканите не се квалитетни и рокот им е 5-6 минути. Во повеќето време си мислам на најдоброто и на убавите работи што ќе ми се случуваат понатаму во животот.
Песимист-реалист тука е негде Во повеќе случаи сум песимист, не сакам да се надевам многу, за да не се разочарам
Реалист и песимист, полесно ми е да не се надевам отколку да се надевам и да се разочарам на крајот. И нормално тука влијаеле некои ситуации во животот што ме натерале така да размислувам. И најмногу ме нервираат луѓе кои ми викаат: ,,Аман ти па што си толку песимист размислувај малку позитивно" а пак на крајот ќе излезе како што сум кажувала.
Песимистите се помеѓу оние кои ме нервираат. Ме асоцираат на депресивни луѓе. Кобат и тоа се остварува. Животот е премногу краток за да бидеме песимисти. Јас, на пример, не се надевам на ништо, за после да не се разочарам, но секогаш помислувам на најдоброто и не кобам. Ако ме разбирате? Оптимистите се посреќни, но и поздрави луѓе.
Голем оптимист сум. И кога сите ќе речат дека ќе биде лошо, јас сум контра ќе биде добро и накрај испаѓа како јас што мислам. Како се вели : Think positive and positive things will hapen.
Потполно сум песимист секогаш го мислам најлошото што е можно да се случи...А што е најинтересно секогаш се случува тоа што го препоставувам....Веќе решив да бидам оптимист
Реалист. Што значи песимист За некои банални нешта или кога се работи за некој друг... сум оптимист. И сите ги поттикнувам да бидат оптимисти и се смеам и ширам позитивна енергија и знам да летам со главата и да го поминам денот во сонување, ама во коски сум песимист! Рул No. 1 - Никогаш не очекувај ништо и никогаш нема да се разочараш.
Така е да. Ама во зависност од ситуацијата, некогаш треба да си оптимист, некогаш песимист. Како и да е јас се вбројувам во реалисти, со некои песимистички корени.