Оптимист ! Се трудам да мислам позитивно без разлика колку лоши работи ќе ми се случат, секоаш барам причина дека ќе биде подобро..
се трудам да бидам оптимист, но сега за сега сум реалист, едноставно не можам на сите нешта да има ги најдам добрите страни.
Порано бев навистина голем песимист и од најдобрата ситуација секогаш можев да го извлечам најлошиот можен исход.Но откако се омажив и добив деца некако како песимизмот да го оставив некаде далеку во моето минато.Сега настојувам да бидам оптимист што се вели до даска,затоа што тој оптимизам преоѓа и на моите деца и мојата фамилија а во никој случај не би сакала да им пренесувам песимизам и во нашиот дома да владее таква мрачна атмосфера.Затоа секогаш насмеана и со високо крената глава горе насмевка на лице и голема доза на оптимизам.
Златна средина сум јас... Ја гледам во оптимистичко око иднината, а сегашноста во песимистичко око... И се нервирам што така ме наведуваат некои ситуации да гледам песимистички.
Зависи од расположението, но ако веќе морам некако да се класифицирам, сум песимист. Понекогаш знам да гледам на роботите на позитивен начин, но тоа е ретко.
Претежно оптимист. Но има и периоди кога ќе ме фати страшна депресија и нема ни зрак светлина во моите мисли, тогаш и господ да ме теши, јас пак ќе мислам на најлошото. Ама, за среќа ретки се тие периоди и животот го минувам со надеж дека се ќе биде добро
Јас сум оптимист во душа, тоа го знаат сите што ме познаваат Претходно во темата имам пишано дека кога сум во депресија сум песимист. Сватив јас не сум песимист никогаш. Во моменти на слабост јас сум само РЕАЛИСТ. Зошто да бидам песимист, кога реалноста понекогаш е доволно лоша?
Во најголем дел од времето сум оптимист сакам да ја гледам подобрата страна од се. Но кога треба сум и реалист. Сепак понекогаш песимизмот победува. Јас сум 3 во 1.
Pesimisist i optimist se dva polariteta. Pesimistot e povrzan so minatoto i so nezavrshenite raboti, se mu izgleda crno i neostvarlivo. Se vrzuva za loshite iskustva i ne zivee vo segashnosta, idninata mu uzgleda katastrofichna i predviduva negativni posledici od sekoja rabota. Ne prevzema rizik, a toa ukazuva na nivna nesigurnost, neodluchnost i niska samodoverba kako i somnichavost na se. Dodeka optimistot e poleten, pozitiven, neskrotliv i ponekogash nerealen, zatoa shto saka se da vidi vo superlativ. Spored nekoi istrazuvanja pesimistite poveke se grizhat za svoeto zdravje, zoshto se plashat od bolesti i neprijatnosti, pa redovno posetuvaat lekari i se disciplinirani vo zemenje terapija pa moze i podolgo da ziveat. Dodeka optimistot mislejki deka "ke mu pomine" moze da go zanemari svoeto zdravje. Vo sekoj sluchaj izbiram da bidam optimist zatoa shto vo nivno drustvo e prekrasno da si, pozitivni se i veseli, rizikuvaat, posigurni se vo sebe, lesno pravat izbori i se aktivni, dinamichni i trudeljubivi.
Незнам колку тука може да се најде златна средина....кога чашата е до половина полна - или е полупразна (во очите на песимистот) или полуполна (во очите на оптимистот), трето нема
Поголемиот дел сум оптимистички настроена. Некогаш во зависност од ситуацијата знам песимистички да гледам на работите, ама ретко ми се случува тоа.
Понеκогаш сум оптимист, но повеќе сум песимист, сκоρо сеκогаш, а несаκам да бидам, но тоа е, животот ме теρа да гледам повеќе од таа стρана...