Според денешницава ако си реалист всушност ке испаднеш на некој начин дека си песимист,но најдобро е да ја најдеш позитивната страана на крајот на краиштата и ќе делуваш оптимистичќи.
Дефинитивно јас сум најголемиот Песимист кој постои на цел свет . Секогаш гледам негативно на работите и секогаш ги гледам опциите кои се за да се случат / избегнат лошите работи . Незнам зошто но така ме тера . . Но исто така сум и голем реалист . Безразлика низ што се треба да поминам , дали било добро или лошо .
Дефинитивно оптимист. Покрај толку многу лоши работи што ми се случија дефинитивно сум оптимист и го сакам животот. Оптимизмот е најдобар лек за се дефинитивно. Толку многу срања доживеав последниов период, но не дозволив сето тоа да ме скрши
Секоја чест за тебе! Јас гледам колку што можам пооптимистички да размислувам ама некако не ми оди. Толку многу лоши работи ми се случуваат, толку неправди...
Реалист. Многу реализмот го мешаат со песимизмот, но не е така. Ја гледам вистинската страна, не ми е потребна нереалната.
Порано бев песимист, се мислев на лошо, на мрачни работи, ама мама секогаш ми викаше мисли позитивно биди оптимист и сега што и да ми се случи размислувам оптимистички
хах, епа вака: јас сум песимист и не дека се правдам туку ке кажам дека песимистот не е само со мрачни мисли и дека на с'е гледа со лошо. Туку, песимисто поопширно ги гледа раборите. Додека оптимистот си вели ке биде во ред и .ништо не превзима ситуацијата може и да се влоши додека пак песимистот си вели дека не е Ок и веднаш презима мерки да среди работата хахахахах ете има логика... и песимисти, останете такви;
Оптимистот! и покрај се што ми се изнаслучи и покрај сите лоши работи јас си го сакам животот и гледам кон светлата страна
ТОТАЛНО СИ ВО ПРАВО! И јас сум песимист и не гледам никогаш лошо на работите. И да знам дека 90% некоја работа ќе ми се исполни, не се надевам. Не се надевам затоа што сешто е можно да се случи и после ќе бидам разочарана пошо сум била убедена дека ќе биде така како што сум замислувала, но нели во последен момент се си е можно... Подобро да се израдувам и изненадам кога ќе се случи отколку пред тоа да си се надевам само... На неродено дете капа не се крои.
Реалист кој тежнее понекогаш кон песимизмот,ама со едното око кон оптимизмот. Се трудам реално да гледам кон работите,не сакам претерувања воопшто. Обично се згрозувам од нереалните оптимисти,кои за апла работи што се гледа дека не чинат наметнуваат мислење дека чудо ќе се стори и ќе се променат.(понекогаш си мислам дека можеби тоа им е заштитен зид па нека им е.). Претераните песимисти пак од една страна ме плашат и го избегнувам нивното присуство,од причина што се ми се чини дека тоа гго прават за привлекување внимание.
Дефинитивно реалист, иако се согласувам со nevermet18 дека често го мешаат песимизмот со реализмот. И многу се нервирам кога некој ќе ми рече: ,,Секогаш гледаш песимистички на работите." ...Не, не гледам песимистички, туку гледам како што е и како може да биде.
Во поголема мера сум оптимист, но најчесто се трудам да бидам реалист. Се случува и да има денови кога станувам на лева нога. Ништо не ми се погодува, се нервирам, ова-она, па гледам малку по песимистички на работите. Но во главно, тоа не се случува често. Инаку најубаво е да си реалист или златна средина. Ако си голем песимист, никогаш нема да бидеш среќен. Ако си пак, претерано позитивен, често ќе се разочаруваш.