1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Песимист или оптимист?

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 7 август 2010.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    ^^Ако де стави ја како тема.Инаку ха..променливо..еден период оптимист со реални гледања на животот..а сега некој период песимист со стремење на моменти оптимистички да гледам на животот ама не ми успева.А реалист во суштина.не можам ни сама да се сватам. :|
     
  2. Merci

    Merci Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0

    isto i jas, sekogas sum optimist, no moze da mi pomine nekoja crna misla niz glava, taka da definirajte me :)
     
  3. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.945
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно реалист!
    Не гледам залудно добро, или лошо на некои од ситуациите. Гледам како реално би можело да се случи.
    Се кажува дека ако си оптимист подолго ќе живееш, па затоа некогаш за некоја лоша ситница гледам добро.
    Оптимист, и реалист. Тоа сум :)
     
  4. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Де бе Анима, ме претрка! :D
    Јас сакав да го кажам ова! :lol: :lol:
    Јас....па мислам дека сум умерен песимист!
    Зошто?
    ОВа ќе ви звучи чудно, ама таква ми е работата. Јас сум платен да се грижам нешто да не тргне наопаку. Не можам да ви кажам што точно работам, поради тоа што многу малку луѓе ја работат истата професија како мене (не повеќе од 25 во цела Македонија) .....
    Како и да е, животното искуство ми го потврдило марфиевиот закон:
    Anything that can go wrong, will go wrong! :!:
    Песимизмот (овој умерениот) е одлична заштита од разочарувања - немаш очекувања дека нешто убаво ќе се случи, па ако не се случи, немаш разочарувања. Ако се случи, се радуваш!
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Реалист.Не можам да си дозволам мечти.Тие одамна не можам да си ги приуштам.Па може да се рече дека и кон песимизам забегувам.Мајка ми често знае да ми рече не коби така,не е убаво.Знаете,кога ќе се изгориш на млеко и на маштеница после ќе дуваш ;)
     
  6. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    Значи, мислам дека и за оваа работа е најдобро човек да си ја фати средината. Односно, тоа не е онаа златна средина. Тоа е нешто друго.
    Не чини да сме ниту преголеми оптимисти, ниту преголеми песимисти. Едноставно треба да сме цврсто решени по секоја цена да ги постигнеме сите поставени цели и произлезени предизвици во животот. Но во исто време треба да знаеме дека и не секоја цел може да се постигне онака како што ние сакаме или како што очекуваме или замислуваме. Понекогаш треба да сме спремни и да доживееме и пораз. Но, се разбира, треба да знаеме да пркосиме на тоа ;) ;)
    бидејќи имам променливо расположение де сум песимист,де сум оптимист.но најмногу сум златна средина :lol:
     
  7. Bise

    Bise Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    11
    Јас сум вечен оптимист :D Ова го имам наследено од татко ми, тој е исто така непоправлив оптимист, а можеби и баш заради тоа шо е таков, така ме воспитал :D И свесна сум дека не треба претерано да се биде оптимист, ама тоа таква сум си и не можам да се сменам. Секако дека и мене ме фатиле периоди на песимизам, ама ептен ретко а и многу брзо ги пребродував. Е сега, од една страна убаво е на некои работи да се гледа оптимистички, пошто верувајте, тоа многу помага во постигнување на работите што ги сакате. Сепак, тоа е вашата психа која има огромна моќ да влијае на секојдневните настани, па ако гледаш оптимистички многу често(не секогаш) убаво завршува некоја работа, и обратно. Лошото во тоа шо сум непоправлив оптимист е шо премногу им верувам на луѓето, т.е. на човештвото. И покрај тоа што секојдневно гледам како се случуваат лоши работи, јас пак верувам дека еден човек не може да биде само лош, без ниедна трошка добрина. Знам дека ќе речете а што со убијците, педофилите и сл. но и за нив имам оправдување, т.е. тоа се личности со пореметена психа и не размислуваат со бистра глава.
    И секогаш кога се зближувам со луѓе, ги гледам само нивните позитивни страни и одма ги величам во моите очи, а по некое време забележувам и мани ама ПОТПОЛНо ги игнорирам, значи буквално ги занемарувам маните, пошто нели никој не е совршен. Меѓутоа, се има случено некој близок да ме разочара, т.е. да ми згреши нешто (другарки,пријателки), и тогаш почнувам да се свестувам и да се потсетувам на нивните мани, каков однос имале со некои други луѓе а јас сум ги игнорирала и си мислам зошто сум била толку слепа. Но проблемот пак е тука. Овие особи ми се извинуваат, се каат за тоа што го сториле(ма да има една другарка што стварно мнооогу ми згреши), и јас од почеток им простувам, ама решавам да се дистанцирам од нив. Но и тоа не успева. Потоа пак сум блиска со нив, и буквално заборавам на тоа што ми згрешиле и никогаш не ни ми текнува на тоа, туку само на убавите работи. И баш за оваа другарката, и простив и се, ниедна од другарките на почеток не и правеше муабет заради тоа шо ми го направи, а јас не можев така, ми беше жал за неа. После едно две три години од оваа случка, случајно се среќавам со неа и се договоривме да одиме на кафе. Замислете, нејзе и го направиле истото што и таа мене, и ми се исповеда, и искрено премногу ми беше жал за неа. И ја советував и ја тешев и и кажав дека јас потполно заборавив на тоа што таа мене ми го направи, и она рече нешто што многу ме погоди, цитирам: „Ти можеби си заборавила, ама јас не. Секојпат кога ќе те погледнам во очи чувствувам вина и не можам да си ја смирам совеста“. И одтогаш останавме во добри односи, и стварно си ја сакам и ја почитувам, и кога ќе ја видам никогаш не помислувам на минатото. Тоа е, непоправлив оптимист сум, ама барем знам дека и да ме повреди некој, заборавам брзо. Лошото ама ич не го памтам.
    П.С. Само да појаснам, другарката не направи нешто ептен ептен лошо(како што повеќето од вас сигурно помислиле), тоа што го направи беше лошо, ама на некој начин не беше направено со намера да ме повреди и да патам, а мене тој аспект од проблемот многу ми значи. Поззз до сите како мене :D Се надевам дека постојат и други вакви :D Инаку извинете за преееедолгиот коментар, едноставно се занесов :)
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.468
    Па, научив дека во животот не треба да бидеш претеран оптимист, зашо не е се розево, и премногу ќе се надеваш во нешто, после страшно ќе се разочараш од тоа, и ништо не си добил.некој потпаѓаат во депресија така, коа се претерани оптимисти, во се веруваат и се надеваат и коа ке ги одбијат или разочараат ептен лошо се чувствуваат.за мене можам да кажам дека сум паа..во најголема мера реалист.песимистите ми се некако намќорести луѓе, само нешто им фали, за се сметаат ова е крај на светот, јас не можам да живеам, ако ова се деси, имаат се некој лош поглед на луѓето и светот. се мразам шо некад ме фаќаат песимистички моменти, тоа од мајка ми сум наследила ( за жал. ) скоро секогаш е уморна, нерасположена, налутена заради нешто..не можеш да седнеш со неа асален муабет да напраиш.е некад ме фаќаат и оптимистички моменти заради нешо, коа ќе ми се деси нешо убаво, и цела сум исполнета со живот, летам у облаци, there's sun everywhere.. и после..оп! во тој/таа што сум верувала ќе ме изневери и разочара и веднаш се спуштам на земја, и сваќам не е се така розево како што сум мислела.но сепак од такви моменти се учи, за да бидеш посилен и поспремен за следниот пат. позз ;)
     
  9. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јас сум реален песимист :D :D значи за се очеквам дека можи нема баш се да биди ко шо сакам јас, за после ако испадни нешто да сум среќна :)
     
  10. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    оптимист, и тоа претерано, не знам ни самата зошто, секогаш гледам прво на добрите работи па потоа на лошите, има моменти кога се разочарувам, но пак се смирувам со мислата дека утре ќе биде подобро, после дождот иде сонце :)
     
    На Bise и Queen.S им се допаѓа ова.
  11. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Реалист! Секогаш за што и да е гледам реално на нештата :)
     
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мислам дека повеќе сум песимиста.
    Не знам, ама помалку разочарана сум така. Кога се надевам на нешто не очекувам дека ќе се случи и после ми доаѓа како wow! А доколку размислувам оптимистички после се разочарувам ако не испадне како што требало.
    Згора на тоа, нема во животот толку убави работи, повеќе преовладуваат лошите и тоа е факт. Ништо не е еднакво, или барем приближно. Или некој има милиони и не знаејќи каде да ги потрошат им купуваат дијамантни огрлици на кучињата, а некои немаат леб да јадат и каде да живеат.
    Некој ќе се кине од работа за минимална мизерна плата, некој ќе игра фудбал и ќе зема милиони. :)
    Тоа ти е иронијата на животот. Животот е кучка.
     
    На TinaM25 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    Песимист цел живот,последниве 2 години оптимист :rofl:
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Од најпаметната,од онаа која ке донесе позитивен резултат за мене и за луѓето кои ги засега.Разумната страна е најдобриот избор,без разлика колку ни се допаѓало тоа или не.

    Некогаш тоа ќе биде оптимистичката,некогаш обратната....сепак да биде правилната:)

    Нормално дека најубаво е кога гледаме со розови очила се,ама не значи дека на крајот навистина ќе излезе така розово како што сме си сакале ние, и за да не се разочараме на крајот,секој треба да биде само РЕАЛЕН! зашто нели кога не очекуваш премногу и нема ни да се разочараш премногу:))
     
  15. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    381
    Оптимист...секогаш гледам на подобро...и ја се чудам зашто сум толкав оптимист можеби дека су Стрелец во хороскоп сигурно е до тоа...се разочарувам ама пак гледам на добрата страна...непоправлива сум :!:
     
  16. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    332
    Непоправлив песимист или суров реалист,како и да е ,мене страшно ми фали извесна доза оптимизам чисто за мене да ми биде подобро,не за друго..Во било која ситуација,јас секогаш прогнозирам негативно,можеби за после да не бидам неубаво изненадена од исходот ако е негативен и за да можам повеќе да се радувам ако работите излезат на добро.
     
  17. sweetyears

    sweetyears Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    243
    Допаѓања:
    45
    Песимист :puke: и мене ми треба оптимизам
     
  18. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    оптимист, дури и преголем-некогаш дури е и лошо тоа...
     
  19. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Тежок песимист.
    А и не знам како е можно да сум оптимист во ова вакво време, да не речам никакво.
    Што има оптимистички во питачите на улица, во луѓето кои гладни бараат по контејнери. Што има оптимистичко во запуштените тревници и ѓубрето расфрлено низ парковите, по улиците.
    Што има оптимистичко во невработеноста? Што има оптимистичко во мизерното ни образование, што има оптимистичко во лицимерието што не опкружува или... Каде е љубовта? Што е оптимистички во спонзорушите?
    Чашата секогаш ја гледам полу празна.
    Не сум песимист за да очекувам после нешто убаво и да се радувам. Тогаш.. би требало пак да има доза оптимизам, што не би докажало дека човекот што се надева на доброто е песимист.
     
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    оптимист ама не претерано :D понекогаш знам да бидам и песимист, ама тоа се случува многу ретко ... гледам на работите со убаво, ама не и на оние лошите.. :D епа сега треба да се знае да се има некоја мерка, некоја златна средина .. :)