Јас сум оптимист, но животот безброј пати ми укажал дека секогаш кога сум позитивна во врска со нешто, секогаш ми се случува обратното и затоа се трудам во сите ситуации да останам без став или песимистична се со цел тоа што стварно сакам да се случи да ми се исполни
^Проблемот не е во тоа. Најчесто, кога размислуваме оптимистички, претеруваме со очекувањата. Што и да излезе потоа, до некаде сме разочарани. Пак ќе кажам, да си реалист е најубаво. Нормално неможеш секогаш да бидеш ладен, некогаш ќе си се порадуваш, ќе се насмееш.
Не ги поврзувам своите очекувања за иднината со самата иднина. На некој начин ’живеам во моментот’ , без претерано да размислувам околу тоа што може или не може да се случи, но истовремено се стремам кон повисоки цели и имам нереални очекувања кои се трудам да ги исполнам максимално колку што ми дозволува реалноста. Си го бојам секојдневието со нереалноста и фантазијата, и би рекла дека сум и оптимист, и песимист, па на моменти дури и реалист, но никогаш не сум рамнодушна.
Не сум песимист, не сум сосема оптимист, не би се рекло дека сум во некоја златна средина, што сега? Хехе јас сум од се по нешто, зависи до ситуацијата!
Песимист од ко знам за мене. Не сум во крајни цели, да сум толку безнадежна личност, но сепак ја гледам реалноста и кога не успеам во тоа шо си го имам замислено не се разочарувам многу. Еднаш си реков чекај бре малце оптимистички ова она, и само кога ништо не направив почнаа депресиите и од тогаш не “летам високо“. И често пати не сакаат другарките да им кажувам шо точно мислам за нејзината нова врска дека искрено не сакам да лажам некој за да се затрескаат уште толку ако гледам дека овој лаже, суше. Мисалм и затоа ме немат прелажно до сеа. (Ај лук фор ју ин магазинс )
Оптимист, за да успееш во животот, не треба да бидеш песимист, бидејќи ќе стоиш само во едно место, нема да одиш напред и нема да стигнеш до целта.
Јаc cум голем оптимиcт, но пред луѓето cе претcтавувам како пеcимиcт. Длабоко во cебе верувам дека некои нешта ќе cе иcполнат, но пред луѓето зборувам дека нема шанcи тоа да cе cлуци. Не cакам подоцна да ме cожалуват, и да миcлат дека cум многу cамоуверена.
Пa нaјчестo рaзмислувaм oптимистички, и тoa честo знaе дa ми дoнесе рaзoчaрувaњa. Oд еднa стрaнa пoдoбрo е дa се биде песимист, зaтoa штo песимистите не oчекувaaт дa им се случи нештo убaвo, и кoгa ке се случи тaквo нештo тие се изненaдени и имaaт пoдoбрo рaспoлoжение. Нo oд другa стрaнa, не е бaш дoбрo светoт дa гo гледaш oд негaтивнaтa стрaнa. Зaтoa, мислaм декa нaјдoбрo е дa се биде реaлист.
Толку голем оптимист сум што ми се случило да се надевам дека мртов човек може да се разбуди се додека не го спуштија ковчегот во земја.
Секогаш кога мислам лошо,лошо ке испадне работата.А кога ке мислам добро/ќе успеам,работата ке испадне добра.И одсега сум оптимист
Оптимист сум, секако. . Лично мене полесен и попродуктивен ми е животот. Но и песимистите и оптимистите се "во право". За оној кој е песимист нели по природа, сите докази водат кон тоа, Затоа што има такво верување во потсвеста, привлекува се што е на ниска вибрација и така доаѓа до неговата прва и единствена опција. Кај оптимистите е исто, ним им се случуваат работи за да се докаже нивната теорија. На вибрација сме зависно од размислувањето.
Оптимист. Психата многу влиjае кај човек..скоро секогаш, иако многумина сметаат дека не е така сепак тоа e реалната вистина околу психологијатa. Со самиот оптимизам во себе носиме позитивни работи со себе како и внатрешно така и надворешно. А со самиот песимизам се огорчуваме сами со себе и си створаме негативности. Понекогаш на сите знае да ни дојде преку глава од се, но тоа се моменти на психа кој секој човек несвесно ги носи со себе, во глобала важно е да сме ведри, позитивни и оптимизми секогаш бидејки самите во себе си го пронаѓаме мирот и спокојот, среќата и задоволството.
Јас сум голем песимист. Не верувам во ништо, не верувам во подобро, ама и не застанувам, секогаш се трудам за подобро, оној мал процент на оптимизам во мене ме тера да не се откажувам! Можда одвнатре сум песимист, ама не дозволувам однадвор да изгледа така..
Вечен оптимист. Верувам во подобро утро. Некогаш дури и влегувам во конфликт со луѓе кои на се гледаат негативно кои шират негативна енергија и таквите луѓе искрено не ги поднесувам. Не е се сиво и црно ниту пак животот е розова бајка во која се е совршено и цветаат ружи од секоја страна.
Зависи до ситуацијата. Песимист сум за оние работи кои знам дека е тешко да се остварат. И секогаш сум во право. Таквите работи не се оствариле. Знам да бидам оптимист кога знам дека има големи шанси да успеат некои работи. Претежно сум песимист затоа што многу работи во животот не ми успеале.